Минута молк за сите што си ги сменија лозинките на фб вчера како мене на пример. Се ближи осми март јас не стигнав да побарам ништо за жениве мои па решив од една страна од инста да нарачам тегли со мед. Си нарачав и за мене мед со вкус на боровница сигурно е вкусно. Баш ќе пишам ако се убави ќе ги препорачам тука. Ќе поддржам мал семеен бизнис, а во исто време ќе пoдарам нешто здраво. Морав вака оваа година, со бебево дома не стигнувам ништо.
Добро утро Им се чудам на оние кои работат 3 смена, како издржуваат. На млади години сум можела, ама сега на неполни 39 години неам ама баш никаква енергија за да издржам. Затоа отспав 6 саати и фино лепо појдов до кај докторката , на 500 метри е од дома ми и си зедов боловање. Жал ми е стварно, ама не можам да издржам 3 смена, мислам дека срцев удар ќе добијам од она вештачко држење будна цела трета смена. Ќе се фрлам на спиење оти ми фали сон, но пред тоа морам да пишам на форумот дека си имам внука, синоќа се породи сестра ми, па нема смисла си го фалев јас лигушот / внукот на времето, па мора да пишам дека сега тој лигуш си има сестричка па ќе има друштво по дома. Е така, време е да се наспијам како човек оти сите кои лично ме познаваат знаат дека ако не дај боже не се наспијам ко човек станувам агресивна ко тигар и може да убијам човек без око да ми трепне, до толку сум ладна ко камен. Ајде Херера доста се прозеваш , легнувај да надокнадиш
Ми ѕвонеше телефонот па ме разбуди од сон, а бев раззаспана. Уз пат сестра ми пратила слики од бебето и направила видео како реагира внукот кога за прв пат ја гледа сестричката во болница. Јас оти без искуство и се си мислев, кај може 4 годишно дете да покажува емоции , ама на клипот ептен со насмевка го гледа и го гали на бебето, не знам како да ви опишам, го фаќа прво за раче и потоа го гали додека ова спие. Кога сме кај спиењето, јас уште не сум наспана. Но ставив кафе, еве у моментот пијам, па ќе јадам суши и ќе направам еден круг, еден саат да излезам. После ќе се вратам, ќе мавнам туш и ќе легнам да продолжам да спијам. Мислам дека третава смена ми го скрати животот за 10 години, те до толку се осеќам издрогирано, се ми е измешано и ручек и вечера и морам да се вратам у нормала. Пак ќе речам, им се чудам како некој цел живот работат само 3 смена, мислам на чувари, некоја работа од тој тип. Алал да им е како издржуваат.
Завршувам на работа, ај реков пошто за 8ми Март сум втора смена, да купам поклони за баба ми, тетка ми и братучеда ми и ај реков на баба ми денеска ќе и го однесам... Одам душа златна се изнарадува што сум и купил (купив едно миризливо со стапчиња, табла за носење храна и цвеќе) седнувам насмеан ова она, ја глеам нешто не е во ред.... клапна и гледа турска серија и ми вели Старк... вака и вака... да ти кажам нешто.. (си реков којзнае шо е сеа упм) Не заспав цела вечер сум будна.... тажна итн.. (јас почнувам дасе препотувам и зовривам хаха) Ми вели одам во ВЦ и гледам нешто ми мрда! Глушец ми влегол во станот господе не можам да се спасам. (ИСКРЕНО МЕНЕ МИ ОЛЕСНА, СИ РЕКОВ КОЈЗНАЕ ШТО СЕ СЛУЧИ!) Се изнасмејв и и реков дај сирење, лепак за глувци и еден картон че најдам, и не отворај ја вратата од ВЦ утре сабајле ќе поминам ќе го фрлам.
Си легнав, a надвор врне дожд кој се слуша како тропа на стреата, си пуштам сеа филмче "Misery" (1990) и си уживам.
Ме научивте ќутам и не покажувам бурни реакции и као изненадени ја коа ќе повишам тон. Па кој курац ви е бе, не смеам ја нервозна да сум, и да не ми е денот, да чувам у себе све додека не пукнам еден ден? Е сте се заебале ја да ви кажам, се мењавам и ја полека, не трпам па кој сака нека е, доста беше и премногу. После загрижени шо ве игнорирам и се затварам у себе, абе раат сакам алооо, толку е тешко да се сфати? Не ме напињајте аман.
Се ближи 8ми март и едноставно ми идат секакви емоции. Си мислам на минатото, понекогаш се чувствувам осамено, но некако после долг период како да прифатив се. Ги прифатив работите како што биле, без regrets и осудување. Животот е еден ролеркостер. Нема правила за живеење
Сега сфаќам зошто порано имав проблеми со заспивање; после неколку години играв кантер и тоа до 23. Наместо да бидам веќе во кревет тоа време како што практикувам, јас цепав игрица. И после очите ококорени, на толкави. Мозокот "ми скокаше на јаже" во черепот, долго време не можев да се релаксирам. Ко ќе ми текне дека порано играв со саати, буквално по 3-4 саати без престан... после дискус хернија, спондилоза, несоница, мигрена... Ама па ми фали дружењето. Цела декада горе-доле играв со истите луѓе. Заедница постоеше. Секоја ера во животот си има своја убавина. П.С. Филмот "Misery" е снимен според истоимената книга на Stephen King, една од неговите подобри.
Што е со маркетите? На рафт 17 денари вода, ми ја наплаќа на каса 19, уште ми прави фаца зашто сум и дала 17? Чоколада 105денари на каса 160 денари?
Некогаш болката станува толкав дел од нашиот идентитет, што соочувањето со потенцијално решение е како напад на нашето его, како инвазија на нашата територија.
"Pet sematary" најдобра негова книга според мене. "Women are supposed to be the ones who are good at keeping secrets, but any woman who knows anything at all will tell you she's never seen into a man's heart. The soil of a man's heart, Louis, is stonier, like the soil up there in the old Micmac burial ground."
Уау, на социјални мрежи бесни зашто оној од Беса транс го осудиле само на 20 месеци затвор. Ама немал намера да убие, така ли беше? Зашто за обичните надрогирани и пијани смртници што убиваат млади по улици разглабаме дали идејата за тепање и убиство им дошла кога обувале чевли или 5 минути пред убиството? А за големите мора големи казни? Ако секој е ист пред правдата, па ајде, секој нека биде ист. Сфаќате сега колку тоа "ама немал намера" е глупаво?
Што е финтата што толку многу се форсира carnivore диета по социјалниве? Одеднаш зеленчук не треба да се јаде.