Денес ставете насмевка на лицето, бидејќи во суровиот машки свет, многу жени во минатото,се бореле и успеале во својата цел... Среќен 8ми март ,
Уште еден 8ми Март, уште еднаш да се повтори најлегендарниот пост на форумов. Нит сакам да ми честита некој, нит па ќе честитам, оти како жена, освен секојдневно понижување ништо друго не трпам. Нит сум честита, нит па ми значи нешто.
Olja Savičević-Ivančević NE ČITAŠ ŽENE Kažeš ne čitaš žene Što bi ti one mogle reći Naučile su te govoriti Naučile su te hodati Naučile su te jesti Naučile su te pišati Naučile su te voditi ljubav Uistinu što bi one Mogle znati o tebi I tvome iskustvu Sva ta stoljeća nisu iznjedrila Jednu koja bi bila velika Kao veliki pisac Kojemu je prala čarape Kažeš ne čitaš žene Žene su te učile čitati Učile pisati Učile živjeti Uistinu, dječače Bio je to U najboljem slučaju Uzaludan posao
Уште денес ми завршува боловањето па здравје од понеделник се враќам прва смена како што теравме до сега, тоа си е моја смена, не ја давам на никој, ма нема шанси, си држам место Туку заборавив да пишам што е финтата ко одеш на доктор БЕЗ термин. Во Македонија постои изразот : само да прашам нешто и влегуваш преку ред. Е тука што направив јас : нели ви се жалев , терсене ми е 3 смена и фино лепо одам на доктор БЕЗ термин да си земам боловање. По правило ко идеш без да имаш закажано, си чекаш сите со термини да завршат па после на крај ти си на ред. Е јас идам и и викам на шалтер на жената : идам оти ми треба боловање, не сум болна, значи ми треба само листот од докторката. И во рок од 5 минути ме викнаа, влези внатре, еве ти го боловањето , само ме праша за колку дена сакаш да ти важи и им реков пиши до петок, не ми се оди на работа . Ок, нема проблем и толку. Значи тоа оти да и кажев па макар и да излажев дека се жалам на нешто, дека ми треба преглед, ехееее ќе требаше да се изначекам оти одма ќе рече таа на шалтерот, па пред тебе има и други болни, сите си чекаат ред, секој со маката. Вака си влегов ПРЕКУ РЕД
Овде се изненадив од луѓево. Си чекаат ред на доктор. Кога ми земаа крв за анализа сестрата ме праша дали ќе ми пречи да има уште една жена со мене во собата. Таа требаше да прими инфузија. А по еден треба да има внатре. Ако сака некој преку ред
Во право си, секаде се чека по ред , но ќе бев многу сомнителна да и кажев тивко на таа на шалтерот, а гужви, едно 30 души чекаат , младо и старо, но јас гласно и кажав што ми треба така да сите што чекаа слушнаа дека уствари нема да се задржам. Оти ептен ми е јасно ако некој шепоти нешто со таа на шалтерот, па после влезе и ја нема едно 20 минути , па настанува нервоза , ем попреку те гледаат ем одма критики слушаш. Вака си ептен на чисто, играш со чисти карти, значи ем тие што чекаат слушаат дека ти треба тоа и тоа, ем ти влегуваш и за 2 минути ти го принта листот докторката и излегуваш, значи не си излажал, одма се ослободува место и никој не се лути. Мене тоа ми е маана што сум искрена, па за да ми е мирна главата , не можам да правам филмови сега, идам и си кажувам каква е работата. Мене и на работа ако нешто не ми е ден, не глумам јас туку одма одам кај шефот на смена и му речам ако ме јаде нервоза нешто , па знае да рече ако сакам пола саат да се смирам или сакам порано да си одам дома од работа. Отворена комуникација. До душа и по дома, не мора само на работа или на доктор, и со маж ми, морам да сум на чисто и искрено правам муабет без разлика дали сум нервозна или има нешто друго за објаснување. Верувај ми, од лично искуство, помирна ми е така главата оти ако треба да лажам , ќе заборвам на кој што сум излажала, сама ќе се заплеткам у лаги.
На кариериските, домаќинките, најмајките, оние кои чуваат миленичиња, оние кои не чуваат миленичиња, оние кои студираат, кои работат, или не работат, кои се пронајдени, или сеуште се бараат во животот, на сите феминки, најсилни и најпрекрасни жени, среќен 8-ми Март. Ви посакувам секој миг да ви биде исполнет со среќа, љубов и успех.
Среќен 8ми март женички мои. Да сте ми најсреќни, најзаљубени, исполнети, живи, здрави и горди на тоа што сте ЖЕНИ.
Сакам да честитам 8ми Март. Ама после ми текнува дека сѐ уште еден куп жени се горди анти-феминистки, еден куп сѐ уште не си ги преиспитуваат своите ставови за женските прашања, дека за најголем дел од мажите понижување е да бидат воопшто на било каков начин асоцирани со феминизам, дека децата се научени дека 8ми Март е празник на мајката и бабата и учителката, дека истите оние кои останатите 364 денови те понижуваат на секаков суптилен и несуптилен начин за овој еден ден ќе ги кажат најпатетичните поезии, дека компаниите кои искористат жени од трет свет за да произведуваат масовно наеднаш промовираат љубов за дамите, дека жени водат емисии и подкасти каде дискутираат за женското тело како да е предмет кој мора да се моделира според машката желба за воопшто да се чувствуваш вредна како личност, дека за скоро секоја успешна жена на водечка позиција се дискутира дека "се знае како стигнала до таму", дека за секоја жена која е врвен професионалец во својата професија веднаш ѝ се става под знак прашалник нејзиното знаење ако ужива во својата женственост, дека жените сѐ уште не се чувствуваат сигурни и мора постојано да се на штрек, дека за насилство сѐ уште се даваат оправдувања и се прават заебанции, дека полицијата сѐ уште не ти гарантира дека ќе ти помогне, дека мажите открија АИ и првото за што го искористија е deep fake porn бидејќи понижување на жените од омраза и одмазда е сѐ уште едно огромно задоволство...и уште многу дека кои ме премислуваат колку навистина ни е среќен 8ми Март.
Леле луѓееееееееее главата ме боооооооли,ке пукнам како да ми ѕвекнува нешто по глава,аман тој пмс,више ееее,аман...тоа сакав да си кажам.... :?
Среќен 8ми Март на сите освен на оние гревови од жени што се осмелуваат на "девојчиња" што прошле низ пекол во животот ради пичката меѓу нозе да им речат дека они биле млади да сфатат што е жена. Додека девојчиња во 2024 година низ светот ги мажат со сила, ги продаваат ко стока, им сечат клиториси, ги убиваат ради марами и ред други повраќаници, најде Славица да се замислува дека е најжена јер начукала х години во газот. Пардон, дека се омажила.
Јас имам некоја аверзија према шарадава од празник. Ко дете мислев дека е ден на мајките и на училиште правевме честитки за 8ми март секој за својата мајка. Кога потпораснав сфатив дека е ден на жените (не на мене, туку на жените), значи мајка, баба, комшивката која го прославува празников во кафана пошто само тогаш ја пушта мажот ѝ да излезе сама со колешки (боже мили која иронија, ќе славиш осми март ама ако ти дозволат), празник на тетки, наставнички и професорки на кои им собиравме пари за поклони, ден на делимано тенџериња и нептун правосмукалки на попуст и тн. Се некои извртени перцепции дека е ден на мајки, наставнички, дека е ден на поклони и цвеќиња, на кафани и свирачи и на апарати за домаќинство. Никој никогаш не ми кажал дека меѓу другото е и мој празник и празник на мојата другарка, сестра, братучетка и празник на секое женско битие, без разлика дали е мајка, настаавничка, дали слави во кафана или не слави воопшто, без разлика дали добила поклон или честитка, без разлика дали на денов ја пуштиле два саати порано да си оди од работа или е домаќинка. Дека покрај ден на мајки е ден и на ќерки (утрово имав realization пошто мајка ми ми пиша да ми честита прва). Ова е ден на кој најгласни и најзаиграни во кафана се тие што откако ќе ѝ го честитаат празникот на најдобрата пријателка ја советуваат "Трпи заради децата, греота ќе бидат со еден родител", жени што на својата ќерка која е пред развод и викаат "Немој да не резилиш, што ќе каже светов". или "Ајде, кога внучиња?" пошто мислат дека со внуче конечно ќе бидат среќни и внуче ќе ги испере од несреќата која им дозволила само еден ден во годината слободно да слават и да се среќни, и се лажеле дека супер им било, никогаш ја немале храброста да си признаат на себеси дека секој ден во годината заслужуваат да се среќни. Никогаш ја немале храброста да пресечат, да постават граница, ја немале поддршката од блиските и од мајките и сестрите да не го трпат тој немиениот што здивот му смрди на евтина разредена ракија, пошто "што ќе кажат комшиите и светот". Јебао нас понежниот пол. Среќен 8-ми март- по една честитка за секоја женска судбина, најмногу за тие што ни 8, ни 'м' од март не виделе и се учеле со скршени крилја да се приспобуваат на животот, пошто не знаеле како поинаку. Среќен и на тие што издржале живот кој не морале да го живеат, ама се срамеле да живеат поинаку, пошто празник и честитки не се доволни кога си жена.