Сакам да кажам дека ме нервира како се пишува денешниот празник. 8-ми, 8ми, осми март и сите други варијанти се неправилни. 8 Март и Осми март - единствени правилни. Не знам зошто е толку општоприфатено грешното пишување.
Вајда дека поубаво и полесно се чита така со тире. Колку грешки праиме во секојдневното пишување, тоа не е нормално значи. И ја мислев правилно е ама убаво викаш, не било граматички точно.
Да, честопати забележувам вакви случаи, каде можеби пологична и полесна е неправилната употреба. Ама, не е правилно. Не сум никаков патриот ама за правопис и граматика отсекогаш сум бил заинтересиран, само ретко пишувам за тоа. Нормално дека и јас правам грешки, ама некои грешки ептен ми бодат очи. Во средно коригирав професор оти нонстоп користеше некој чуден збор што не е правилен, шо повеќе да ти кажам?
На пример никако не ми иде: Да го имаш предвид. Обично секогаш пишувам во предвид, а ете грешно е. И упорно ја повторувам грешката.
Среќен осми март дами, да добивате и да давате вистинска љубов, да сте исполнети, ви посакувам навистина да сте среќни . Тешко со вас а тешко и без вас .
Па, на нас е да им кажеме на нашите ќерки за што е овој празник, како и за многу други работи, на нас е да го смениме мислењето дека е празник само на мајките и да им кажеме што значи овој празник и зошто треба да се прослави. Па новите генерации ќе имаат поголема почит за празников од нас, кои веќе имаме некоја аверзија и ќе го слават на поинаков начин, ќе допринесат можеби со нешто. За разлика од нас што само плукаме, а ништо никогаш не сме направиле. Среќен 8ми март.
Животот те кара. Те тепа. Те фрла накај смртта. Трчаш во болничките ходници. Викаш, молиш и чекаш. Се бориш да дојдеш до образование и до работа. Се давиш во длабоко море од проблеми. Те оптоваруваат до степен да се гушиш бидејќи не можеш да престанеш да мислиш на нив. И надвор ти го муртат лицето. Делуваш ладна пред другите, но ти си само уморна од постојаните борби. Нарушеното здравје ти крати многу можности, но се трудиш да го средиш за да функционираш. И мажи и жени те напаѓаат поради твои мислења. Ти зборуваат лошо зад грб, а не знаат доволно за тебе. А реалноста е дека совршен човек не постои! Имаш доживеано пекол што не го посакуваш дури ни на непријатели. Имаш добиено толку многу ножеви во грбот што не можеш да имаш потполна доверба во никој. И покрај сè, се трудиш да го најдеш позитивното. Ѝ се восхитуваш на жената која успешно ги одржува работата и фамилијата. Ѝ се восхитуваш на жената која го изгради нејзиното гласно „јас“. Ѝ се восхитуваш на жената која и покрај претходното разочарување, храбро продолжува да чекори по патот наречен љубов, и чие лице повторно свети. Ѝ се восхитуваш на жената која учи да си го сака сопственото тело. И ти даваш сè од себе за да бидеш ваква силна жена. Ја креваш главата високо и продолжуваш по твојот пат. Среќен 8 Март!
Све, све, ама овие што купуваат поклон за шефиците и директорките специјално цел тим, шо правиме со комплексите од основно?! Не ви се наставнички, знаете?! Возрасни сте и рамноправни жени, заедно со шефката. Роза и Клара ни го спопикале, толку од мене.
Разлика меѓу грижлив и посесивен родител: Грижлив родител не се тресе само над свое дете. Туку и над детето на комшијата и другарчето на детето. Кога се секираш за некој не толку близок, е тогаш знаеш дека таа грижа стварно извира од емпатија и е онака искрена. Тој посесивниот ќе си го контролира детето до бескрај ама ако му дојде другар на детето и треба да си оди, кур ќе го заболи дали и како ќе си оди. Неговите бе нека си мислат, ја ли го родив да му се секирам. Е тука знаеш дека тие родители се само манипулативни створења што немаат ни Р од родителство. Има исклучоци де, ама кај првите само. Сум се нашла и во двете ситуации кај што сум била тоа другото дете. И да, во вторава многу неубаво се осеќав.