Сдк дека на мене само ми се лежи и ми се одмара. После напорна работа денес… Грицки, нешто интересно за читање тука или филм,приказна за гледање, чајче за пиење и топло ќебенце…
Не треба да чекаме 8 ми март, за да појдеме на патување, да се дотераме и да излеземе со другарките. Мажи, не треба да чекате 8ми март за да и дадете почит и да и обрнете внимание на девојката и сопругата.
Можда е рано ама уште сега размислувам какви јајца ќе си фарбам за Велигден. По некое црвено секако, со кристали обавезно. Пастелни нејќам, со декупаж правев една година, ама не ми излегоа нешто посебно. Се воодушевувам кога ќе видам убаво фарбано велигденско јајце. Мерак ми е.
Сакам да кажам кога сите ти го велат истото околу мене проблемот е кај мене...јас имам проблем...!!!!!!!!
Вистински доблесни, паметни и освестени луѓе немаат од некоја мистериозна причина 24/7ни тригери. Не, не е тоа што си ја завршиле домашната да се изградат во автентични и (оригинални) луѓе. И со нив се си тече ко подмачкано и природно(ова е битно да се запамти) има и различности, што више добредојдени се, несогласувања и недоразбирања, ама на крај се за арно е. Ваквите се ретки дијаманти, чист планински воздух, да ги цениш и чуваш близу едноставно. Што се повеќе недостасува. Зошто светот стана место на тантрумаши 24/7 од некоја мистериозна причина. Со луѓе, ок можда не баш луѓе, ез ин еХоисти Спојлер: . тајпинг грешка, оригинално за егоисти, ама полн погодок е, нека го со кои постојано треба да чекориш ко по срчи од некоја мистериозна причина. Не не се с*ањата шо ги набутале под тепих(лични и колективни) кои демандираат да не ги приметуваш и спомнуваш though. Апо едно вештерско, нефино, нисокофреквентно, негативно, шо е сеа модерно друго (допиши најнепрекрасни секако епитети по потреба додатно). Спојлер: . Срам те било значи. Тебе нормално, ами кој друг. За да можат да филозофираат слободно и понатаму колку се најпредоблесни, препаметни, сега модерно и освестени, допиши (што е можно повеќе) прекрасни секако епитети понатаму... Е овие се вистинскиот мистериозен проблем и на денешницата и од памтивека. Е ове ни Jesus ги спасува, психолог/психијатар дискутабилно е, а дефинитивно не Сента Клаус Шваб/ политичари, ванземајците па воопшто, само кој да им каже. И нив не им е лесно верувај. Овие си се самите себе лична карма, а и не знаат/разбираат, рековме. Епа зборот ми е ваљда, гледај да не бидеш меѓу овие (другиве, наопачкиве нели). Зошто на светот очајно му требаат повеќе од овие првиве.
... Тотално неповрзано, а има ли на форумов тема која ќе ти помогне да станеш поодоблесна, освестена, паметна,психо-физички, отворена сум и за духофно здрава, притоа и позитивна (освен овие сликовитиве слеш фалбаџиските) и да нема увреѓеност за поинакво мислење, тоа е многу битно?
Не знам дали понекад читате коментари на Инстаграм на некои балкански видеа, кај шо има сарказам, или некој збори у трето лице, и дали се чудите колку глупи малоумни малограѓани се окотени на овие простори? Шо немаат две мозочни клетки у тоа глаата, него ли црна дупка помеѓу ушите?
@LiliBoz otkrila internet На тема Срби, оти знаат да се цепат ко недоносени од коа ќе каеш некој збор на македонски, оти звучело многу смешно, ја решив упоште да не комуницирам со нив на српски. Ако им чини Македонски, ок, ако не кој ги врти. И онака за Бугари не есапат...
Наместо прослава со колешки ,избрав да си ја посетам мама, за прослави со други ќе има време,ама време поминато со мама уште многу малку.Пријателки многу ,ама една мама !
Заборавив да честитам 8 март. Заборавив дека е 8ми март. Мех. И женските права се заборавени воглавно 365 дена од годината. Заборавив да проверам и какви фантастични подароци припремиле нашиве компании, а секогаш ми беа извор на забава... Многу работи заборавам, стареам можеби. На моменти се чувствувам и дека влегувам во менопауза. Заборавам дека редовна ми е менструацијата... Пред-менопауза? Хормоните ме носат на лудо патување месециве, заборавам и кои ми се вистинските чувства и мисли, или се е тоа пмс, мс, пост мс, пред мнпз или како и да се пишува менопауза скратено. Вистина ли е дека менопаузата е како втор пубертет? Ќе доживеам ли повторно да имам crush? Да, периодот ми е. Заборавив и што сакав да пишам. Дека се чувствувам како да сум ставена во искушение? Дека некој постојано си игра со моето трпение? Дека молчам? Дека слушам? И дека ќе експлодирам? Не ми се зборува за жени, како е да си жена и се тоа. Вистината е дека сите сме сје*ани, понекогаш се е неизмерно тешко, понекогаш едноставно само преживуваме. И сфаќам колку е подобро кога не знаеш ништо, сите живееме за себеси, секој си е најбитен на себе. Можеби сме во ваква состојба затоа што сме себични, но толку ли е лошо да си себичен кога станува збор за сопствената среќа? Изморена сум. Заборавив што е среќа..
Pet friendly хотели. Му идеш со животно и ти вика, аааааа не може, не се прифаќа. Па нели е дозволено животни ? Поарно пиши само за КУЧЕ, само за МАЧЕ, а не вака као се прифаќа, ама уствари не , нема да може. Во право е дечкото. П.С. Морам да признаам дека британскиот англиски ми е тежок за слушање, не ми е баш милозвучен, некако ко да се напнуваат ко зборат, така им е нагласокот. Ок, тоа мене така ми звучи, што не мора да е случај кај други.
Ноуп. Ако ми излезе уште еден reel што ќе ми го привлече вниманието и потоа вели "read caption" че полудам. А нешто полошо од тоа е маркетинг стратегијата "коментирај ЧИСТО ЛИЦЕ" и ќе ти пратам бесплатен прирачник за нега на кожата // и се нешто во тој фазон со некои курсеви. Кринџџџџ. Веќе неколку месеци немам тикток и се соочувам со овие глупости.
Вие што секој ден сте зациментирани со шминка, ништо посебно не сте за 8ми март. Ако ја сибнете, нешто ново ќе е. Вака во исто издание ве знаеме.