Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Мене во венчаницата ми ја утнале адресата, не ни постои таква улица со такво име.
    Јас дури сега брзо приметив, ми требаше нешто да ја фотокопирам и видов.
    Уште не ја сменив.
    И најтрагично за нивни грешки пак наплаќаат, а не треба.
     
    На nextredstyle и SummerGirl им се допаѓа ова.
  2. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    17.735
    Допаѓања:
    38.472
    Пол:
    Женски
    Другарка вадеше извод на родени за детето. Му го згрешиле името. Односно... Смениле една буква. Она одма реагирала и вработениот и рекол - Сигурна си дека е грешка? (facepalm)
     
    На nextredstyle и Anyshka им се допаѓа ова.
  3. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.420
    Допаѓања:
    22.040
    Пол:
    Машки
    Еве да ви кажам еден многу не убав момент што ми се случи пред пола саат.

    Повикувам такси за да го однесам мачорот на ветеринар, се убо среден измијам транспортер, мачорот чист итн, иди таксито и ми се врекнува: Оти не кажа на мобилен дека ќе носиш животно?? Ај да ти се најдам во пресрет иако не мора ама дупло ќе си платиш.

    Му ја затворив вратата и му реков пријатно, фатив точакот и го однесов на ветеринар. Сега мачето треба да го санираат од инфекција на вратот што има и да го стерилизираат се надевам помалку ќе излегува, помалку тепан и дека ќе биди поздрав..

    ;(
     
    На SaniD, Gentlewoman!, MeowMeow и 9 други им се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Се неписмени, сега па во гужвава колку грешки ќе има на пасошите и л.карти, ќе прават после проблем.
    И на мајка ми многу одамна и голтнале буква од името и и правеа проблем по банкиве.
     
    На nextredstyle му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.719
    Пол:
    Женски
    На мајка ми ѝ згрешија презиме во извод.
    Ај, тие, ама ЕВН, Водовод, А1...
    Постојано го грешат презимето на татко ми.
    Џабе им е покажана личната карта милијарда пати. И во договор убаво си пишува која е правилната форма на презимето, но тие упорно праќаат фактури со погрешни форми. :rofl:
     
    На Anyshka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Колку само се "палат" на чај за слабеење, тоа е само реклама и ништо повеќе.
    Може и ќе се ослабне, ама можно е и да се вратат килограмите и тоа дупло.
    Најдобар начин за слабеење е да се затвори уста и да не се отвара фрижидер. :D
    Е сега има некои и од терапија или некоја болест што е поправен, ама тоа е веќе друго.
     
    На FridaodaMk и SummerGirl им се допаѓа ова.
  7. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.989
    Пол:
    Машки
    Секаде е вака, не знам што те чуди.
    Тоа што ти излегол во пресрет да те вози со милениче за поголема цена било добар гест.

    Замисли да уринирало мачето или да изгребало платно на седиште, кој ќе го плател?

    Нема емоции кога е во прашање бизнис. Ако е нешто ризично и му брка други патници, секако ќе си превземе мерки да намали таков ризик. Во случајов, да ти наплати повеќе.
     
  8. eliesaab

    eliesaab Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2013
    Пораки:
    4.784
    Допаѓања:
    15.572
    Пол:
    Женски
    Искрено, к** го боли некој за тебе. И за мене де. И за некој Петко онаму на улица. Ова касно го сфатив, али тоа е. Што си должен да се објаснуваш, не знам. Лани имав една ситуација кај што ме срета една жена, почна да соли памет. Ја потапкав по рамо, велам ич не ми го води есапот кога јас си знам каков ми е. И оттогаш не се случило да ми мудрува.
     
    На Herrera, Curious cat, Badii и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.420
    Допаѓања:
    22.040
    Пол:
    Машки

    Сигурно со урлање и занесување, не ми излегува во пресрет и ме гледа дека треба на ветеринар да го носам, да проба да извлечи повеќе пари. Не повеќе. :)
     
    На Miss666 и eliesaab им се допаѓа ова.
  10. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.989
    Пол:
    Машки
    Ти си ги гледаш работите од твоја страна, ама он си го гледа бизнисот.

    Убаво ти се понудил дека ќе те однесе ако си платиш повеќе. Ти си се стиснал за 100 денари повеќе што ќе платиш.
    Сакаш услуга, а нејќеш да платиш. Не може така.

    Него не му менува еден патник денес плус или минус, ама му менува ако треба колата на хемиско да ја носи, а ти сигурно тоа нема да му го покриеш. Затоа, ризикот ќе си го наплати.
     
  11. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.420
    Допаѓања:
    22.040
    Пол:
    Машки

    Јас мислам обратно е плачат за работа, ова не му одговара она не му одговара и на маката на чоеко ај појче пари и да ми покажува сила?

    Не, само простотилук и да, повеќе луѓе споделив за лош маркетинг и сите се согласуваат со мене, зато што сите имаме животни и сите ги средуваме како што треба и во транспортер клаени и се. Така да на оваа тема не гледај од таа перспектива затоа што како прво односот не му е во ред.
     
    На eliesaab и Gosh им се допаѓа ова.
  12. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol зошто да ја носи на хемиско кога мачорот е во транспортер, и да можам да ти потврдам дека моето куче е по чисто од многу луѓе, аман, во други држави тоа што е нормално кај нас се крева паника, мачор е во транспортер, а не ти внел мечка во кола
     
    На arontt, crimson, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  13. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.989
    Пол:
    Машки
    Не знам за кои други држави мислиш, ама во сите држави имаш pet friendly такси и оние кои не се. И секако, тие што се, поскапо си наплаќаат.

    Не знам што те чуди. Сакаш кучето, мачето да ти се вози со такси, плати си повеќе за услугата.
     
  14. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.719
    Пол:
    Женски
    @Stark, @Billy Idol
    Треба да се најавиш дека сакаш со миленик. Некои такси компании дозволуваат доколку миленикот е во транспортер.
    Штом е во транспортер, не може да направи штета во колата.
    Но, не треба да ти наплати дупло.
     
    На MeowMeow, eliesaab, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. FridaodaMk

    FridaodaMk Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јули 2020
    Пораки:
    3.464
    Допаѓања:
    12.263
    Пол:
    Женски
    @Billy Idol кај има таков ценовник кај нас? Еве јас без проблем сум возела и не ми наплатиле повеќе никогаш. Нека ми го покажи ценовникот па после тоа е мое јас да си прифатам или не, али не, произволно си кажува за да си стави во џеб, а тоа никаде нема да го пријави. Тоа се вика самоволие. Ако нема знак дека не можи со миленик тогаш можиш каде сакаш да го внесиш
     
    На crimson, theowndemon, eliesaab и 5 други им се допаѓа ова.
  16. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.420
    Допаѓања:
    22.040
    Пол:
    Машки
    Абе ај да го носев в раце или во картон да сфатам... и во тесно ме фати и мислеше че извлечи повеќе пари од мене... такви работи не, и никогаш повеќе нема да се возам со нив. :)
     
    На eliesaab, Miss666 и Gosh им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Па и најблиските ги заболе, освен родителите, ама и родители какви има, не секој може да биде добар родител, така да самите себе ако не се грижиме за себе, ги заболе другите.
     
    На eliesaab, Gosh и SummerGirl им се допаѓа ова.
  18. nextredstyle

    nextredstyle Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 јули 2018
    Пораки:
    17.008
    Допаѓања:
    130.719
    Пол:
    Женски
    Се чудам.
    Јас се возев со мачорот.
    Не ми наплатија повеќе.
     
  19. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    5.449
    Допаѓања:
    40.989
    Пол:
    Машки
    Па сега не знам како е во Прилеп регулирано. Ама верувам повеќето од возачите се и сопственици на такси колата, па сами си одредуваат ценовник. Или компанијата одредува. Не знам, немам појма.

    Ама нормално е ако сакаш со милениче во такси да ти побараат повеќе да си платиш. Или да не прифатат да те возат. И на тој запад што го кажувате така е. :)
     
  20. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.355
    Пол:
    Женски
    Ооо што ве чуди дека сакале да му наплатат дупло што бил со мачор?
    Мене пред неколку години со една другарка кога се вративме од Охрид, и од железничка викнавме такси, не виде со куфери и ни кажа цена, не ни одговараше, си отидовме со друга такси компанија и ни наплати нормално.
     
    Последна измена: 13 март 2024
    На Badii му/ѝ се допаѓа ова.