Зарем даваат и со миленик да се возиш? Во југоисточна со клоци ќе те измаат ако приближиш некое животно до такси. Не дават ни со транспортер ни без транспортер.
На крај краева можеше во гепек да го клајме само да го однесам, а не да ми иди и да ми урла ко некој налбат и после ми вика не треба, ама ќе ти наплатам дупло... шо однесување е то? Ниско, дрско и со занесување ко демек нема да се снајдам да појдам... ај реков да не досадувам по другари комшии, ќе си платам такси. Ако толку ја чува и пази колата, тогаш и нека ја среди малце, а не да ми се занесува само да земи повеќе пари од мене.
Кај нас ми вика надвор во кафич не можиш да седиш со куче, надвор, го прашувам каде имаш знак, епа немам нигде, си седнав без да се расправам. Ако е забрането нека си стави знак и готово, ако има во ценовникот таква тарифа нека ми ја покажи, ако нема, нема право да наплаќа како што сака
Ако одиме по таа логика, нема ни да ти наплатат таму 2 евра, туку 20. Повеќето луѓе и не можат да си овозможат да користат такси таму. Ние што сме никаква земја и таксито го користиме зошто немаме јавен транспорт е друга тема.
E ова. Господинот си сакал да земе некој денар плус, до тоа му е, а не толку дека колата ќе му ја испрља мачето. Уредно штом било во транспортер нема како беља да напраи. @Stark, а ти претходно го извести дека со миленик си? Неколку пати кучето сме го носеле со такси и не наплатиле повеќе. Се зачудив сеа што вака. Нека истакнат ценовник транспарентно веќе ако дозволуваат, ако не, никому ништо. Овој демек ај услуга ти праам, може и не било таксито пет френдли ама ај да искористам. Ко да не ги знаеме таксистите какви се. Аман бе аман. Многу од миленичињата се сто пати почисти од некои луѓе гарантирам! Не знам што политики им се ова, ама скроз делуваат на мразачи на животни штом вака постапуваат. На клоци бе ќе измавале.
Да бе, една ден земав едно кученце од едно село тамо и се јавив на сите такси компании и ми се дереа. Пробав и во едно да влезам а не кажав за кучето и ме избрка.
Проста раја. Вака ни од планина симнати не се понашаат. Која е потребата од раздеравање? Иначе и ЈСП демек пет френдли ќе беа и еднаш ај со кучево пробав да влезам, у раце нормално, и мало е, коа искочи тој шоферот идиотот и ме измаршира и веќе не се осудив другпат. А сум глеала луѓе со куче. Ајде бар кучево се набилда со кондиција, едно 8 км испешачи.
Леле црна сум пишала наместо цена. Ама еве и сега наместо цена, пак цРна, се едитирав. Па кучето кога ни беше мало таксистиве не сакаа да го качат. Сега огромно па нема шанси, што е и оправдано, страшно изгледа, и во нашата кола сака напред, не сака позади да се вози.
Не ми падна на ум дека би претставувало проблем ако е уредно клаено во транспортер. Само порачав такси и ко виде дека носам транспортер почна да урла, како треба да нагласам на телефон...
Мене ми се деси да се возам во такси во кое претходно некое дете исповратило а овој само подзабришал со марамица ваљда. Умрев. Од повраќаница погрд мирис нема. Ептен се брзав, па морав да влезам и да издржам, но не ми наплати помалку затоа што мирисно бев оштетена. Така да, маче во транспортер не е ништо вау, само тој таксист бил некој ропак.
Абе ок е тоа, ете не дозволуваат добро, нивни правила. Нека го истакнат тоа и ќе нема проблем, а не како ќе им одговара така да наплатуваат. Си требал да нагласиш дека си со мачка и ќе видиш бива - не бива.
Епа тука е проблемот, што не го кажува тоа, го крие поради некоја х причина. Доаѓа таксито, му нуди да си плати повеќе, и него не му одговара. Празни километри за такси возачот кој треба од џеб да си ги плати, нервоза и на двете страни, и секако незадоволство. Да прашал кога се јавил, ќе му кажеле одма цена и тоа е тоа. Ќе немало недоразбирања. А ја не знам каде се истакнува цена во помалите градови. Сум се возел во Охрид, Битола, Штип. Нема никаде ценовник. Прашуваш, ти кажуваат цена. Ти одговара, не ти одговара, и тоа е тоа. А штом те слушнат дека не си локалец, посебно од Скопје ако си, за тебе друга е цената, одма 30% повисока.
И нив ги заболе. Обично едниот родител е како што треба, а другиот не. И ко ќе почине тој родител што се грижи за тебе, верувај на другиот ич око нема да му трепне.. Ама мора да се челичи(ме).