Ги сакам овие доцни часови при преминот од петок во сабота... Освен оној класичен елемент кој на психата и' диктира дека е викенд и максимално опушта, го сакам моментот при легнување, кога едноставно не мора мислите да се насочат кон тоа што допрва треба да се направи (сработи, научи, испита)... Туку целосно ги насочувам кон она што прави да се осеќам пријатно и сето тоа ми гарантира мирен сон... Па сепак, утре е сабота, it's the weekend (no matter how big (or little) of a difference it makes )!
петок златен .. дојде конечно .. се немам наспано скоро една цела недела .. крајот на август и септември до сега се пукнав .. кревеееееттт ме чека .. како би се наспала ноќеска 11-12-13 сати пак не се доволно не ми се станува верувајте.. имате добра ноќ
Пријателството ако го споделуваш само во убави моменти, си се зезнал скроз. Не за друго,мене многу ме боли патката дали некој ќе се грижи како сум во лошите моменти туку ми е за нив нема кој да ги насмее, да ги праша како се кога се даун.А мене кој ме шиша! Не дека еве дојдов да се жалам, ама стварно криво ми паѓа кога и во ретките мои „даун„ моменти некој си наречен „пријател„ те игнорира како да не постоиш... како да не ,барем за тоа сум злопамтило,додека не ми изветрее. Се шегувам. Почнав да се сомневам да не им изумре видот на пријателите или пак се еволуира во познајници...
Наминав само да ве поздρавам. Добρо утρо мили мои, денес не се излежувајте до пладне, излезете и со полни гρади вдишете го утρото.
Незнам дали само мене ме фаќа мрза за зборување и кратам реченици кои пак ме ставаат во комични моменти. Пример се договараме нешто со еден колега и му викам шо број имаш и овој ми вика- на индекс? не бе брат на патики зар не се подразбира дека на телефон После бараме сметка на кафе со една другарка и викам колку е нели додека да донесе келнерот сметка да извадам пари оваа ми вика шо колку е? - водата мори кукло водата колку е нормално дека за кафето прашувам за него баравме сметка водава е гратис... И така... Имајте убав викенд сакав да кажам де
Мирис на доместос уште сабајлечки. Јако средно турско кафе кое ми ги буди сите сетила и ми пружа лезетски мигови додека го вкусувам. Врева во комшилукот, сонце и свеж воздух низ прозорецот, порака од него за добро утро и ден само за мене во кој ќе разгалувам како јас знам и сакам. Кога ќе ги отстраните од животот луѓето кои се во него само за да ви го реметат ритамот и хармонијата, вашиот свет добива друга димензија. Мојот свет добри друга димензија... и затоа после долго време ќе кажам: Животот е убав луѓе, а јас уживам сега во него доволно и за моментите кои ги поминав во агонија! Cheers!
Нема поубаво нешто од тоа да се разбудиш наспиена и полна со желба за работа Ручекот е готов,исчистено,средено се на свое место,колку ќе се израдува мајка ми кога ќе се врати од работа,место таа да средува јас и ја завршив целата работа Мирисот на дожд уште толку ми дава енергија Јас дома средив се одам да и помогнам на комшивката сега, функционираме како сестри кога има кај нас работа доаѓа помага таа кога има таа работа одам јас кај неа,нема ништо поубаво од слога и разбирање Имајте убав ден луѓенца уживајте во денешниот убав ден Ве сакам !
Сакам да помрчам малце за автобуските станици и линии, меѓуградски. И за патиштата и санацијата нивна која трае 100 години, па поради тоа ги укинале автобуските линии. И целиот план за викендов ми отиде јабана. И го мразам ова. И морав да се изорганизирам повторно, и еве океј е. И стварно, ама стварно ми се хејта за вакви ствари и ми се мрчи до небеса! Стварно! Отидени сме одамна неповрат, еее така.
...Зашто е вакво времето, читај никакво (без сонце=никакво), секогаш кога јас ќе решам да бидам добро расположена, и нејќам ништо да ми влијае ама ете , мене расположението ми го диктира времето или местото сеедно , јас стварно не знам како ќе биде зимава, кога сонце ич нема да видам. Депресии ќе пукаат на сите страни, ај барем ќе се занимавам со нечија,освен со мојата
Maka mi e od nosot, od apcinjata,od usite, od see. Aman veke. Mrdnam li so vilicata mi se zatnuvaat usite. Mrazam vakaa.
Абре дечки шо убо фино тука си пишувате што ви лежи на душичката, ами оти на чет не доаѓате бре? Знаете дека постои, така? Колку за инфо. не апаме, часна реч. Не, сериозно дојдете...Ова особено важи за госпожата Madam-A која еднаш ја начекав супер си пројдов, а таа за возврат вети дека ќе доаѓа почесто но ниту трага ниту глас од неа оттогаш. Капетанот, Чка Абежа, Имелда и тие не напуштија.. Ама сфаќам до некаде уствари.. Дечко, факултет, деца, маж, свекрва обврски нАли ама ипак најдете време и навратете бре да се подружиме некогаш.
christinearabela1- Добро девојче не ти е малку незгодно да бидеш на форумов само за да си го рекламираш блогот?Немаш ни едно друго мислење, па очигледно е дека си овде да бараш следачи...и патем ќе бидам малку груба, блогот и не ти е којзнае што за толку да бидеш напорна. Инаку јас сакам да кажам дека сум една од ретките луѓе кои ја сакаат есента и уживаат во неа.Ма тој дождец, свежо ветре, топли бои, мириси, грозје, смокви, калинки, кожни палтенца и кратки чизми...совршенство. Нов почеток и последна година од факс.Трошење пари кои ги немам и купување некои безвезе дрангулии само поради мојата опсесија за допирање на убави нешта.Кафиња со колеги, викенди љубов и копнеење по окер дебел џемпер, тоа е моето септемвриско секојдневие. Омлет со пилешко за доручек, доза гушкање со кутрето и 5-6 епизоди од серијата, што да посакам повеќе. Брат ми се враќа во четврток, ги бројам секундите. Имајте убав ден. И за оние кое ме помислиле ми го најдоа сакото и сега е безбедно во мои раце, некој се предомислил и го вратил
Оној момент кога ќе го смислиш потписот на твојот живот Мојот одамна беше де, знам и дека имаше период кога се преокупирав со тоа па потрошив безброј листови хартија додека да го смислам...туку сакав да кажам, си го пронајдов моето омиелно пенкало додека средував фиоки и нормално го истестирав дали работи, со што ако не со потпис на првото парче хартија што ми налета. И од секогаш сум се врзувала за добри пенкала и обожавам кога оставаат убава тенка но јака линија, а мастилото просто лизга по хартијата и пишувањето е лесно ко песна. А да биде иронијата поголема никогаш не сум можела да се пофалам со некој навезен краснопис, а уредно пишувам само во тетратки со обележани листови инаку после третиот ред почнувам да губам осет за права линија. Ако би си го опишала ракописот со два збора тоа би било уредно хаотичен...уствари баш и нешто како мојов карактер, ако и веруваме на графологијата. И ете така свесно решив тмурнава сабота да ја посветам на воведување ред во бирото иако знам дека ќе се преморам, а за после ме чекаат планови што не сакам да ги пропуштам и да ги заменам за меката перница. Блазеси ви ако ова за некој од вас оди лесно и рутински, ама мене ми е ритуал што во исто време ме расположува но и ме вади од такт поради фактот дека бирото со години си е тоа, ама содржината се' повеќе се зголемува од година во година. Којзнае што уште ќе изнајдам додека да го суредам цело, гарант ќе седам до вечер на паркет и ќе разлистувам и прередувам работи или некои листови и документи што цел живот сум ги прибирала како хордер, да не случајно затребаат информациите на нив Како малку да е целава технологија па ќе нема кај да ги најдам. А пак нема да ги фрлам сите, знам и гарантирам. Класично теле!
Епа не дозволив времето да ми го расипе расположението, иако е намрштено. Иако сигурно ќе врне. Ништо ново. Искрено па и какво сака нека е, сабота е. Ден за уживанција и одмор. И ќе уживам. Максимално. Ви посакувам убав ден.
Само стрес и нервози денес. Е од Понеделник нема. Ќе летаат шамари ако треба, ама нема да дозволам некој да си игра со мене.
Отварам прозорец и мирис на печени пиперки од кај комшиите. Трчам по алиштата пружени на жица да се сушат. Колку и да ми се допаѓа мирисот на зимница, не го сакам на алиштата. Секоја година кога ние правиме зимница носиме алишта кои потоа не ги носиме Пред две години сестра ми се фати да прави зимница облечена во бело. Не знаеш дали да плачеш или да се смееш. Нов дуксер, па ми се налути што ја искарав. Кога бевме помали караниците ни беа почести со сестра ми. Мислевме дека со тек на време ќе се намалат и се намалија. Па до пред некое време мислевме дека кога ќе бидеме постари воопшто нема да се караме. Се додека не почна тетка ми да седи со нас и со мајка ми да се караат по три пати на ден. Замислете жени од 60 и нешто години како се караат зошто едната не и донела тацна на другата кога послужувала кафе. Или пак зошто полупразна ја пушта машината за перење Ги спремам хулахопките. Едвај чекам да почнам да ги носам и да се чувствувам како пеперутка со сите тие бои. Го добив долго посакуваниот подарок, кој воопшто не го очекував. Насмевка од уво до уво. Не знаеш кој посреќен, тој што го дал или тој што го добил. Убав ден. Ладничко надвор ама мене топло на душава.
Денес Срцка појде да земе риби за ручек. Си оди Срцка у фенси стајл,со слушалки на уво и во главата и летаат еднорози покрај шарени реки и постојано си повторува „Во рибарницата карши тату шопот (за тетоважи),по скалите надоле“.И конечно гледа натпис „Рибарница“ со стрелка -----> и со цел памет оди во продавницата под натписот.И влегува Срцка во пристојна просторија,со бели плочки,позади уште една просторија,една мини каса до која седи океј типец со неколку тетоважи на раката и се слуша хеви рок(или нешто така).Во главата сега ми е она што треба да кажам и под кое име е нарачката,и со цел но овојпат и ретардиран памет Срцка вели „За нарачка да земам,печени осличи?“. Каталогот со тетоважи е последното нешто на кое се сеќавам откако чурнав од продавницата. Бруки.