Абе Демоне за соѕвездие збориме(астро =ѕвезди нели) чекај тек за ова да не почнувам. Ако е до 23степен Бик, во соѕ Овен е, a "подзнакот" Рак? Иначе секој бар еднаш во живот треба да си ја направи ѕвездена карта, ова тропиков не зае*а сите.
Јас лавови што познавам женските ми се ептен срцки, ама машките се баш така центар на внимание мора да се, светот мислеш околу нив се врте. Јас па многу сакам стрелци такви ми се лабави забавни секогаш се погодувам со нив
Дали во последно време нема луѓе? Или нешто до мене е? Секој во посебен филм, секој се нешто не може,за да излезиме. Пробуваш да одржаваш контакт, ако ги свикаш ќе излезат и обавезно каснат, обавезно! Пример, договорени во 13 и 30,госпожата СЕКОЈ ПАТ има изговор : немаше паркинг, ма детево му ја барав блузата ( детето...5 оделение) и сл. А, ти еднаш да закасниш одма, потсмевање : еве ја госпожата, ајде ајде ти се чекаш, каниш, м? Ау па тоа низ нос ќе ти го извадат. Друга глупост : скоро на секое второ кафе : јас од атер за вас излегувам, а не можам премногу обврски имам. Другар, си излегува, планинари... И ко се видовме, ааа јас почнав на планина да идам. Ќе му речеш, па не викаш, и ти враќа: еве ти велам.. А, тие први не викаат, не ни пишуваат. Ако знаеш дека нема да најдеш паркинг до 13 и 30,ќе си излезиш порано и ќе гледаш да стасаш до договореното време.
Пола од ова се небитни работи. Прифати ги луѓето како што се или не се дружи со нив. Сите имаат маани.
https://nypost.com/2024/02/19/us-ne...terms-like-manpower-and-mother-father-report/ Commonly used terms such as “manpower,” “you guys,” “ladies and gentlemen,” “mother/father,” “son/daughter” and “husband/wife” should be avoided, according to the State Department chief, and replaced with words like, “labor force,” “everyone,” “folks,” “you all,” “parent,” “child,” “spouse” or partner” instead.
Во новата епизода на "тапанот од моето село" ќе читате стандарден мој хејт кон наметнати гласни прослави уште од 7 саат сабајле. Капирам, свадба е, веселба. Ама не сум сентименталист за свадби ич, па така, рационално размислувам дека е праведно да си слават, ама емотивно не можам а да не се осеќам нервозно бидејќи ме нервира звукот и ми е ускратен мирот. Да не ми беа болни детето и сопругот, ќе заминавме некаде за цел ден. Ама јебига, така се погоди. Друго што ме нервира е што цела улица од крај до крај е зафатена со коли, вклучувајќи го секако и делот пред нашиот двор. Ако сакаме да излеземе, не можеме. Ако итно мораме да излеземе, не можеме. Да, да, знам дека станува збор за пар саати, ама пак... не ми е гајле за нивната прослава. ¯\_(ツ)_/¯ Хејтер сум и веројатно дебил за многумина кои не го делат моето мислење, ама ваквото славење од секогаш ми било, ми е и ќе ми биде селско, примитивно, невкусно. Замараат. Мислам дека не е лоша идеја да си истерам и јас мои прослави и ритуали со метал, хардкор и панк. Само 2-3 пати годишно, нема да претерувам ко нив.
Ми искочи едно видео - ова и ништо посебно не помислив освен смешна ситуација. После ги отворив коментарите и уште еднаш се уверив дека на овие простори не секој треба да има деца. Ако некој има потреба да пцуе дете кое нема повеќе од 3 години, треба да се лечи.
Душичка милна, па како вика упси! Коментариве..незнам дали си видела по тикток што е кога дете ќе направи нешто, одма ,,thank God I don’t have kids”. Ми се повраќа од вакви коментари, баш и јас мислам дека се за терапија
Многу ми се јаде љуто задњиве пар денови, а нит треба да добијам, а нит сум трудна - ова од сигурни извори, шо би се рекло од прва рука. Бев вчера у два дуќани да барам хаљапењоси од тегла или конзерва - да, мора такви, на кисело да ми маваат. И не најдов... И сеа се мислам дали да си нарачам еден бургер со халапењоси, или бурито? Или тортиља? Или пица? Или све, мм си е... Edit: Вечер ќе си го пуштам тоа новото филмче со Линзи Лохан на Нетфликс, знам дека ќе биде стандарт боза романтична, али ако. Ми треба понекад да си го пуштам мозокот на пасење, и баш ми е слатка за у такви улоги она.
Денес баш беше убав денот, сончев, сите раздвижени, јас позитивно расположена. Се додека не сфатив какви лопужи живеат околу мене . Го туркав точакот од продавница со торби натоварен до влезот, некои 20 метри дали има... Во влезот приметив дека ми паднал ланецот за точакот негде по тој пат од продавницата (зошто го отклучив пред продавницата и го ставив на рачката од воланот) и одма се вратив да го најдам. Веќе го собрал некој... Не знам кога стигна да го собере? Најверојатно приметил/а кога ми паднал, зошто одма се вратив да го барам и веќе немаше ништо... Мизерни се луѓето. Ситни души. Не е скап ланецот од оние најобичните беше. Само штета ми направија и ме изнервираа. Зошто сега точакот не можам да го врзувам. Додека не набавам нов ланец, дома ќе го чувам
Денес сум преблагодарна на оние што снимаат смешни видеа и ги објавуваат да не' насмеат сите. Како ми се погодија вечерва reels онака на скролање, а бе Господ здравје да ви даде.
Колку е глупо ко си осетлив на многу работи. На пролет ми смета полен и кивам ли кивам На лето ми смета топло оти одма ми паѓа притисокот, ах тој низок притисок, мака мачам со него. На есен настинки и мигрена, имам приметено тој период посебно ме убива мигренава. На зима ладниот воздух. Жими се, многу сакам ладно, но за жал синусите мои се толку осетливи што при ладен воздух се воспалуваат и одма апчиња голтај. Алал да и е на сестра ми, пу пу да не ја урочам, нема ама буквално никаков проблем со ништо,, ништо не и влијае, никакво време или температури, никакви алергии. А јас, жив малер И згора на се менструација секој ебен месец, најголемото зло, уф колку мразам што сум женско, тоа е страшна работа. И после сум била напната, па како да не сум ко сум преосетлива и во секое годишно време имам здравствени проблеми. Ебати животот вештачки со апчиња, спрејови, се издрогирано