Пожарникарите можеле да смислат начин да го симнат. Ова не е начин. Ако стварно го турнале, треба да одговараат.
Pred 20 godini tava vreme se spremah za izlevame i vikah deka samo stari luge sabota doma sedat... eve me 37 godi i pizami,muzika,krevet ubavina
Прееска видов жена, маж и детенце од 4-5 годинки во Џамбо. Девојчето прекриено од глава до пети, само очите и се гледаа. И тие едвај. Аи срце ни се скрши, сакав да и го извадам тоа, да не се крие и форсира себеси на четири ебаниот годинки да биде сексуално "чиста" за нејзиниот иден муж. На детенце и се даде улога од раѓање за што служи.Ова треба да се забрани. И све остало болно што има влијание на дете.
Она кога си во некоја сериозна ситуација и мозокот ти вика: Еј, абе ти текнува на таа песната што беше "носам, носам, а Симо си го мафта..." ...и ти иде да се изгракаш на глас и уште понезгодна да ја направиш ситуацијата.
Денес го поминав денот во Пробиштип. Никогаш претходно немав отидено во градчево, освен што сум поминал низ него. А, си дадов за цел да ги посетам сите места во Македонија. Денес имаа манифестација "Зелникот на баба". Народна музика, носии, традиции, песни, ора, плус преубави пити, зелници, погачи, банички и останати питести работи од различни краеви на Македонија. Направени од наши бабички и мајки, кои ги знаат сите традиционални специјалитети. Немаше нешто што не пробав. Превкусно. И за дома си купив, ќе имам за цела недела сега. Ме изненади позитивната атмосфера, владееше некоја топлина. И времето беше погодено супер. Браво за Пробиштип. Единствено што ми е криво е што настанов не е познат, и јас прв пат дознав сега дека се одржувал години наназад. Никаде не е рекламиран. Исто така, нема млади луѓе. Многу ретко некој млад на мои години можев да видам. Изгледа младите не ги интересираат овакви настани. Повеќе ќе ги најдеш на кеј како пијат кафе, или одат на шопинг во Солун. За жал.
Ми требаше долго време да (си) го поставам ова прашање, повеќе отколку што би сакала: дали навистина гледаме вредност во себе, ако критериумот за вредност го врзуваме со личните успеси, при што секој успех нè вивнува, а секој неуспех нè треснува? Зарем не сме вредни едноставно - бидејќи, постоејќи? Далеку сум од тоа да можам да ги одвојам личните (не)успеси од сопствената вредност, ама мислам дека кога би успеала, тогаш навистина би се чувствувала вредна. ---------------------------- Инспирирана од коментарот на @Srckata28 (те тагнав онака успат, не заради контрирање или убедување ) во темата за непопуларни мислења, сакав да кажам дека за мене скромноста е една од најдоблесните особини кои може да ги има човек. Колку и да е успешен и импресивен човекот, ако не е скромен и одмерен, ако пати од комплекс на супериорност (без разлика дали е очигледно или не), едноставно никогаш нема да е толку „голем“ во мои очи како скромна личност. Кога велам „скромност“, не мислам на тоа човек да се потценува самиот себе, туку да не го напумпува егото, особено во ситуации кога е „подобар“ од другите по некој параметар. Толку многу ја ценам скромноста затоа што мислам дека е една од карактеристиките на човекот која е најтешка да се стекне - треба да успееш да ги исконтролираш желбите за моќ и надвладување. Според мене, тие се едни од најсилните негативни потреби и најголемата слабост на човекот, неможноста да се прифати својата „неизвонредност“ (секој човек е извонреден на свој начин, зборувам за тоа дека во суштина сите луѓе сме еднакво „посебни“). И баш напротив, мислам дека скромноста сè повеќе се губи, или ете, можеби потценува во денешниот свет, односно бомбастичност, надзборување, истакнување/потенцирање на сопствени позитивни особини се асоцира со јачина на карактер, се фали и охрабрува, додека скромност, или скромно однесување, се изедначува со несигурност, слаб или недоволно силен карактер и генерално има негативна конотација, евоцира одбивност кај луѓето.
Сакам да кажам... Колку прости и лицемерни знаат да се некои жени. Don't get me wrong, пред само некое време јас бев прва која се бореше за правата на жените во секој муабет, се спротивставував на ограниченостите на околината за тоа што жена треба да прави и не смее да прави. Сега, I couldn't care less. Се грижам за тоа јас како сум третирана и не ми е гајле за Трпана и Стојанка бидејќи: Секој од нас е одговорен за себе и како дозволува другите да го третираат. Имав ваква случка, другарка во abusive relationship, која секој ден ми се јавува расплакана и не знае да стави крај, пази ова - пошто го сакала, да ми се налути зошто сум имала ладен однос кон нејзиниот глуп дечко. А каква да бидам кога знам што се прави?? Хелооо. Во сплет на околности дознавам дека нему му рекла дека јас веројатно сум љубоморна на нивната врска и да не се замараат со мене. Океј. Значи, отсега па наваму ниедна жена која сама си се ставила во таква насилна врска/брак не жалам. Сами влеговте во тоа, сами извлечете се. Не е поентата само да се направиш жртва и да не преземаш ништо и сите други да ти се криви. А ако неќете да завршите мизерни, отварајте очи кога бирате маж, и слушајте и околина што збори а не слепи ко лилјаци и после плачете!
Денес бев на прошетка на Матка и убаво си поминав. Мислам дека секој жив човек ако не е организирано од некој друг сам да си организира културолошки настани и посети чисто за себе.
Некои луѓе навистина треба прво да расчистат самите со себе пред да почнат да комуницираат со други луѓе.
Прво мислев нешто до темата било ама сега сфатив дека навистина си има проблем со комуникација. Good to know.
Види што уметничка убавина ни донела полнава месечина/еклипса во Вага(соѕ. Девица) A сега Добро Утро (неспано секако) еклипсно Понеделничко утро! Ни прво ни последно. Се за арно нека е на крај!
Никогаш нема да сфатам зошто луѓе кои НЕ се вакцинирале против ковид имаат за цел на секој артикл на кој што ќе налетаат да коментираат: aaa se bockal, epa ete... Абе вие арни сте во тоа главите? Дури и да е така, дури и сите да испоумреме што се вакциниравме, не ви е срам да го пишувате тоа и да се ситите? Значи на секој божји артикл за некаква смрт одма вакцини те вакцини, као порано пред ковид луѓе не паѓаа по улици, бесмртни беа. И не е само кај нас тоа, во светски рамки го гледам, толку емпатија да се немало, битно они да искоментираат нешто пошто црпките не им знаат за подобро.