Не дека не би сакала да помогнам.... Ама... Луѓево претеруваат. Ај во ред, ќе ти помогнам, ќе извежбаме англиски за на интервју, ајде пријателки сме. Ајде на камера, ајде вежби ти праќам. Ајде усно вежбаме. Објаснувам. Како планираш да влезеш во фирма каде што приоритетен е англиски јазик, а не знаеш да вратиш?! Граматика не знаеш?! Вежби како не можиш сам да си најдеш? Во средно и на факултет, го учеше јазикот. Јас не знам, луѓево. После, леле нема да ме примат. Фати запиши курс, повтори си. Можам еднаш, два пати, три пати да помагам. Значи сеа, сакам да одам Германија и да фатам да го реметам другар ми, еј а бе ти работиш со германски, знаеш. Дај да вежбаме, ми треба знаеш. Ќе идам Германија. И жими се срам ми е еднаш да му речам на човек, не па да му запнам секој ден. И ко ќе дојди да заминам? Е ај дојди со мене?! Хахаха. Вон памет ми е. Ама ова, е претеризам.
Постот во последниве години премина во мода но само како диета. За голем дел од тие што постат нема друго значење. Која небулоза...
Со постот се чисти организмот, не мора да значи дека може да се ослабне, баш напротив, може и да се поправи за време на постот, дека повеќе се јаде, посното не држи баш. Еве јас не го користам за диета, и така сум слаба, и за постот се поправам, последната недела нагло ослабнувам.
Еден проф на предавање едни кажа: Ако го користите паметно Чат ГПТ, ќе ви дава паметни решенија, ако не, глупави. Од вас зависи каков одговор ќе добиете ти препаметно си изиграла
Морам уште ова, додека сме кај постот. Седам со еден колега во кантина и дирек ми вели : Што јадиш? Пак јадеш? Леле дебела си. За твое добро велам, стај прст на мозок. Ќутам. Нешто почнавме за празници да правиме муабет. И велам, ќе работиме, пари требаат. И на тоа добив одговор, мож беше речено на шала : Што ќе работиш ти, немаш ни деца, ни маж, ни дечко. Зошто ти се пари? Останав со подзината уста. Му реков, фала, јас си знам што праам. Иначе, колегава си пости, има син, 4 години ќе полни ама нешто не знам не е ко што треба. Ниту еднаш му немам речено збор на страна, зошто детето ти е такво, зошто не зборува? Или никад не сум му чепкала во јадење, што јади и зошто јади тоа што јади. И така.... За постот. Со лесно на сите.
На некои луѓе џабе им се постите кога прво незнаат што значат.не е до храната до проклетото срце душа мисли и јазик е.дали може тоа да се испости?ни плунката во устата не вреди да им ја плукнеш.
СДК ФАЛА ТИ БОЖЕ пак се модерни нешпицасти штикли. Ај што имам јас широко и рамно стапало, па стилето апсолутно е хорор филм, не верувам дека билo која е ок во толку тесни чевли, освен ако не и' фалат по два прста. Како и да е, ајдееее убави штиклички
Како што пишав џабе се постите и во страниците ги има уствари вие постите ги искористувте да подослабате а ваму цитати и постови пуни зло а ваму така а ваму ми фали еј запрашај се ти што постиш ради мене ли ради тебе или ради господ сакаш да бидеш слаба,не се вади на постот велигденски.што се замислуваш ти?и после кукаш не ти дал господ е не дава кога и 100 години да не јадеш си зла во мислите и пишување и дела??е нема тоа е господ.не знаете ни добри дела што се.добри кога ти е најтешко подари добрина се вика.ама вие не можете не знаете. Тоа е.и немојте да се прашувате зошто вам ви се случило тоа?никако немојте.осознај се себе.
Ако се погоди вакво времево и за Први мај ќе се седи дома. Може некаде со шатори да се оди. На извиднички викенд.
Со постите не се слабее, напротив, може и да се поправи. Не знам што толку сте запнале со постите, оставете ги луѓето како сакаат нека постат, тие што се злобни нивен грев е. Кој е безгрешен? А поповите, што ни кажуваат како треба да постиме, а тие самите не постат? Сум видела попови за време на пости во кафана каде што јаде месо и пие вино, а ни кажува како треба правилно да се пости. Значи секој си одговара за себе и само Господ може да суди, затоа што сите ние сме грешни. И лажењето е грев, а секој излажал. И колнењето е грев, и да им завидуваш на другите. И кој би сакал да држи диета без масло? Тие што сакаат да држат диета си има друг начин, не преку пости. И баш за Велигденски пости демек решиле да држат диета. Не е убаво вака да се плука за време на пости. А сте се запрашале дека некој пости и од здраствени причини? Еве на пријателка на маж и му забранија и млечни производи.
Се намачкав СОС крема Нивеа и вазелин си ставив и појдов на работа...нешто ме мава филм за Ромео и Џулиета...,
Што толку ве тригнаа луѓето што постат? И тоа пази, само Православните постови трн в око, а има постења од повеќе вери. Циа-та пуштена на најјако.
Па то е зошто храната шо ја јадиме останава иста, минус месото (протеинот). И пошто ретко кој става соодветна протеинска замена јади поќе хидрати и скроб и така. Пример ако помфрит некој јади со плескавица и сирење, сега му останва само помфритот минус протеинот и мастите. Ретко кој ќе замени пример со Вердино плескавица. Или денес да напрај и ориз и грав за да има протеин. Најчесто е или едното или другото. Предолго време ми требаше ова да се објаснам со мајка. Години. Ваљда оти то му е непосредна средина на тие шо имаат забелешки? Не можи да имаш забелешка за нешто шо не знајш дека постои или знајш ама ти е далечно за нели, да ти засмета на некој начин. Иако не мислам дека постот на некој смета туку е поќе ко коментар на интерперсонални односи и плукање ко ете Бог вели вака, џабе постите ко не пратите се. Како е "Циа-та" вклучена? Нејсе, јас ги обожавам постите. Како вегетаријанец опкружен со луѓе кои сите постат - не морам да готвам. Сите "ију ова никогаш не би пробал" наеднаш стануваат "па ова доста вкусно било ко за посно". Духовниот аспект не можам да го коментирам, пошто јас на крај на ден сум неверник. Ама, сигурна сум дека секој си знај за себе и не е мое да коментитам дали некој си "гнасел" устата или не. А и сигурна сум дека во библијата пишеше нешто за осуди и фрлање прв камен ако си безгрешен. Едино куц туц би спомнала на родителите за пцовки и "гнасење уста", благослов за пост и исповед пошто знам дека им е важно, а генерално време да се инвестираат и да читаат - немаат. Мене не ми менва, ама нив им менва и то ми е доволно да побарам информација за да ја презентирам.
Дека најубава коса ми е кога ќе видам природно кафеава долга одржана коса. Сеуште не можам да се одлучам дали ме личи кафеава, плава или сива. Изгледа дека нема ни до крајот на животот да се одлучам.2021 плава 2022 кафеава 2023 сива. Значи на ред е плава 2024…
Tочно. Кога почнаа Рамазанските пости, сите пишуваа статуси "на сите од муслиманската вероисповед им посакуваме лесни пости", кога почнаа нашиве, почнаа да плукаат по својот народ. Па ние самите не си се сакаме како народ, а очекуваме другите да не сакаат. Немам ништо против муслиманите, напротив, тие си ја почитуваат верата за разлика од нас.
Не ние, сатанистичките прогресивци меѓу нас. Инаку едно од нај паметните и нај реални мислења е твоево, браво.