Не разбрав јас баш вадел лекарско има диоптер, знај дека има, и си ставил леќи, е сега зошто? Можи да кажи дека има диоптер и дека носи леќи ништо страшно, ќе си се слика со леќи и готово, на возачката нема да биди со наочари. Не знам која е поентата од лажење
Од серијалот "како може на некој да му се свиѓа ова??" следно ми се веѓиве На ова ме потсеќаат Спојлер
Кога полагав за возачка на 18 год не носев очила.Очите ми се расипаа на факс од тогаш носам очила или леќи обавезно кога возам.Пред некој месец ме сопре полицаец во Германија му ја дадов возачката на која немам очила , а јас носев очила.Знае што ми рече ?НИШТО. Значи треба да си свесен дека не гледаш сликата не е битна.
Значи каква глупост мене ми го открија тој диоптер ми даде печат, ми рече на очно појди за преглед за тебе. Никој не те тера да наосиш наочари не со толицок диоптер. Муабетов што го напри ти ми е безвезен, као и другар/ колега ти ..
Абе на работа чим носи, вајда и коа вози носи или не? Се имаш возено со него? Вози се па ќе знаеш за сигурно дали носи и дали вози правилно, совесно и внимателно. Може и ве лаже, демек мангуп испаднал, ако е тој колегата шо го збореше шо бил несаглам и откачен може и да е така. Ги заебал демек, испаднал попаметен.
Да ве прашам вака нешто искрено, без навреда, ама како ви се дава да се замарате за вакви небитни муабети и дешавки?
Не носи ко ќе вози, само пред компјутер. Тој си знае. Не, не е тој. @fbaby си кажуваме само секојдневни случки. Секакви луѓе има. Некој можи има и диоптер 2,па си носи леќи и не им кажува таму на докторите. И не носи очила коа треба. Не дај Боже да влезе во сообраќај. Ако не ти се свиѓа, прескокни.
Ако, раскажувајте си, само не мислиш дека е малку жалничко што сите овие случки се само во негативен контекст напишани? Наместо да разглабате за диоптерот на познаникот, верувам дека и нешто позитивно се случило денес што може да го пишете неголи тоа негативното.
Он сакаше да се напраи фраер дека го зезнал док. И што да зборам поќе? Ете позитивно, го зезнал док, успеал.
Е стварно е многу досадно кај и да отворам се нешто исто по интернетов пукнав веќе едноставно нема забава
Сакам да ви кажам една среќна добра вест и една несреќна. Како шо знаете, имам мали трепки и ужасно прави кои висат надоле. Среќната вест е шо Господ ми ги слушна молитвите и трепките ми се извиткаа. Несреќната вест е шо ми се извиткаа само на едното око . Ако видите некоја жирафа шо шета со едни трепки нагоре а други надоле, епа да знаете, тоа сум јас.
Во врска со постот, во Среда и Петок јаде месо, а во Петок носи петолебие. Дали може да се носи петолебие сега кога се Велигденските пости во Петоците иако не се пости?
Уште еден Српски панаѓур меѓу илјадниците со една иста Српска роба Китго Џевахир... Никакви нови производи доминираат Свислион Таково Нада Штарк Нектар Дијамант и други Србо Бошњачко брендови... Друго никако ако донесат нешто ново одма од Београд ќе дојдат и ќе ги стрелаат
Веќе пола година како сум со дечко ми и сакам да кажам дека полека ги изгубив пријателите, пуф, ги снама... Не може само јас да ги барам, само јас да иницирам средби. Да не може некој саат време да оддвои за роденден преку неделата, едно кафе да се испие, барем 5 минутки да се слушнете... не разбирам и нема да ми стане јасно што се случи. Луѓето како да исчезнаа, ако не ги побараш нема да чујам од нив по неколку месеци можеби... Со некого цел живот ќе поминеш и ќе се смени до степен да не го препознаеш. Стварно не ми е јасно што се случува И ај и да ме викнале некогаш, сама ме викаат, а знаат дека сум во озбилна врска. А човекот нишо им нема згрешено, дури супер се однесува со нив за разлика од нивните постапки и тоа ради мене... Не знам што да кажам.