Лудо се забавувам додека пишувам...од Кочани сум инаку... зошто кај мене не го дава постот со љубоморни другарки?
А, добро постот е во темата " Што би му кажале" е сега и да ме банираат барем сте ме разбрале...убаво сум напишала...јас немам другарки...не се ме заслужиле ниту секунда од моето внимание!
Ние балканците сме забеган и интересен народ. Иам седено и со хрвати и со словени, срби, албанци, македонци, бугари, грци, u name them. И сите исто кажуваат "Еее порано цел Балкан беше наш, другите се ни земаа". Само Господ ја знае нашата вистина
Млади, здрави, прави а голем дел од нив паметни и квалитетно образовани, се загнале по партиски штабови само заради тоа што мора да "одработат" за добиеното работно место во некое државно претпријатие. По инструкции ја споделуваат секоја предизборна објава од партијата. Еј деца, животот нуди мноогу други можности покрај работата на државно за факинг 400 евра. Зошто дозволувате вашата вредност и цена да ја одредуваат партиски кучиња без два реда школо? Тие не се таму ставени затоа што се многу паметни туку затоа што се откажале од тоа да мислат со своја глава, немојте и вие како нив. Не, вие вредите многу повеќе од тоа што тие ве убедуваат дека вредите. Верувајте, за сите вас некаде постои многу подобра можност. Некаде сигурно постои место каде можете да го покажете вашиот потенцијал во целост и кадешто ќе ве ценат по вашата вистинска вредност а не да скапувате во трулиот, до коска засмрден систем. Се што треба да направите е да излезете од комфорната зона. Дајте си шанса да ги почувствувате пеперутките во стомак исправени пред нов почеток, нов предизвик. Посебно кога си млад само небото е граница. Ако сега не собираш животно искуство ако сега не си ги тестираш границите на твоите можности, тогаш кога? Во време на неограничен извор на информации и можности за учење на нови вештини и отворени граници штета е да им слугувате на неписмените. Вие им правите ним услуга, а не тие вас. Утре тие ќе се сместат во удобни фотељи а на вас ќе се сетат дури кога ќе дојде време за нови избори. Не паѓајте на ниво на тие неспособните за кои ова е единствениот начин за "успех". Не откажувајте се од себе на тој начин.
Тргнав да барам теми и сфатив дека форумов нема теми за другарство. Сите се опседнати само со врски и проблеми во нив, а можеби недостигот од другарство е причината зошто има толку проблеми во врските... Најдов по нешто и тоа темата што беше најок е во „психологија“ што е апсурдно. Останатите се во канта... Не е ни чудо што сите во СДК се истресуваат. Сите можни теми во СДК.
Тоа и мислев пред да го напишам мислењето ама нема соодветна категорија/поткатегорија, освен ако не биде во „врски“ ама и таму како што разгледав исклучиво се теми за љубовни врски и нема многу логика.
Секако дека не може ќе настане хаос ако секој можеше да создаде (под)категорија. Ама може да се постави како предлог.
Во ,,слободно време, ,? Тема за Тино Кајшаров има во ,,слободно време,, ама за другарство ваљда нема.Кој би трошел слободно време со другари?
Не сум обрнал внимание. Но, навистина, другарство или е (1) Психологија (2) Врски (3) Канта, го нема како “генерички“ концепт, тема, проблематика, whatever. Тажно. Хаос би настанал ако ново воведените категории/поткатегории би биле бесмислени, или без никаков ред, категорија „другарство“ која би била одделна секако не е. И треба да има начин за воведување нови категории кои не се спаѓаат во постоечките
Другарски и пријателски врски се малку повеќе од само „трошење“ слободно време. Има тема за предлози за сајтот, ама ретко кој ги разгледува. Сепак, пишав мислење.
Многу лошо.... Измешани секакви теми со нешто сериозно како другарство или пријателство. Сега видов дека има неколку теми ама, да, само за пријателство.
Да. За куп работи има предлози, но не слушаат. Среќа е само модератор да се нафати да го измени насловот и да го дополни воведот на некоја постоечка тема.
Баш разлистував... Има прекин на пријателство, геј пријатели, и сл, раштркано на 64 страници, каде има сѐ и сешто.. Пријателство не и исто што и другарство, од друга страна. Недоволно за толку клучна тема што заслужува да е барем поткатегорија.