Дојде човек со слики како му изгорела куќата и бара пари по комшии, во раката имаше евра и ми вика, девојче да ми помогнеш за куќата собирам пари сите комшии ми дадоа, ок реков жал ми е ама не сме и ние во можност, имам некој зафат и е многу скап, ни а ни б господ ќе ми врател и излезе, плус ја остави надворешната врата ширум, а стоеше 20 мин да ми кажува да ме убедува, не викам дека може лаже, ама заклучувајте врата и не отварајте на секој!
Низ Плоштад во Ск да си ги пазите работите. Една циганка идеше по мене, и сакаше да ми ја издрпа ташната
Неќам да ме допираат. Гад ми е најсериозно Значи ако сакаш пари, прашај, ако иам ќе ти дадам. Ташна да ми дрпа? И уше ми вика сакаш да те влечам по земја а она 3 глави пониска од мене. Гнаса мала
Дали сум ЦСР, МВР и Труд за социјала? Не Тој шо треба да мисли и да ги згрижи, не мисли. А ја иам свој живот и свои маки, и нема туѓите да ги берам. Пари НЕ ИМ ДАВАМ пошо дуваат лепак и пушат цигари. Ако сака јадење да купам, може. А да ме влече за ташна? Ептен дека ми е гад да ги допрам и да ги тепам на сред плоштад, иначе? И ѝ реков дека ќе ѝ викнам полиција, и ми вика ајде МА кај ти е значката. Викам ја неам, ама тие шо имаат ќе ти го дотераат паметот. А мајка ѝ седеше на страна и гледаше. За чоек шо се тресе за цигара и лепак, ПАРИ НЕ ДАВАМ. А сум имала домци до мене шо живееја, во ДРАМА куќа, ја искршија ЦЕЛА. И доаѓаа на врата го молеа татко ми цигари да им дава. За такви неам жал.
Јас не ти реков ништо друго освен тоа да имаш малку повеќе емпатија и разбирање зошто се такви какви што се, затоа што и самите во голем дел не се криви за состојбата во која се, а па ни можат многу да ја сменат. Не велам дека си немаат свои фалинки, ама дефинитивно 70% од вината е во системот. Ист муабет и за домците, не знаеш зошто и како станале домци, ова општество е труло, не се сите оставени како бебиња, има и други случаеви. Јас секогаш тргнувам со мислата дека секој прави онака како што мисли дека е најдобро, во обемот на своите можности и ментални капацитети, и затоа не замерувам ни кога се понашаат, мада мене не ми се понашаат оти сум страшен како појава. Нејсе, поентата ми е, во иднина пробај да ја деескалираш ситуацијата и да најдеш некој заеднички јазик, оти само така ќе те остават на раат.
Колку шо она сфати-не Ако речам, не е НЕ. А не да ми ја дрпаш ташната. Кој и да е, да ми дрпа ташна, лошо ќе е. Има и други начини. А не се на сила. Ако неам пари, неам пари. А жалењето и милоста секоја година сѐ поише се гасат у мене. Така да препрочитај го горе пак одговорот, ако не ме сфаќаш
Многу одамна на плоштад мене едни мали од 10 години ми бараа цигари, а јас не сум пушач, им реков дека немам, ме маваа со камења, и јас да се запрашам зошто е тоа така? Па да ги посвојам ако не и да им купувам цигари, државата не се замара со такви, што има па народот.
Мене 2018 со снег ме маваа 5 души надвор, у глава и тоа.. едното како пројде само си знае, прво него го дофатив не толерирам никој бре. И ја сакам Масерати па никој не ми купил.
@EmporioIvankov Поминаа тие времиња кога само системот беше крив, сега веќе треба лична одговорност. Коа си ги добил правата, треба и одговорностите да си ги сносиш. Истите и у Германија истото го прават... Да не отишол некој да работи случајно? Си ги прчат дома, по 10 деца прават, или најмуваат деца од Балканов, све платено, стан, сметки, алишта, јадење, за секое дете платено, плус ќе испросат за да јадат по МекДоналдси, и после насред јадење, ќе запросат унутра додека уше не дојале за по уште некое евро за сладолед... Не е све расизам, дискриминација и шо ти ја знам. Понекад чоек треба реален да биде. Јас знам роми исто од скромно потекло, од Шутка, господа се денес, не можам ни да им се фатам.
Државата е виновна, ни јас, ни ти. Никој не сака да питачи и да живее по улица. Дали знаеш што не чека утре? Не. Може и ние, не дај Боже може да станиме ко нив. Греота е од Господ, да не ми дадеме на некој што нема. НО, со ова дебатиравме баш со една другарка што е поќе по религија. Вели, Господ сака да даваме на луѓето што не можат сами да си помогнат, не можат да работат, не можат да одат, пример и сл. Баш ја прашав за овие таквите што така праат, ми вели има и луѓе што можат и не сакаат да работат, на нив не треба да се дава. Тие се способни, а не сакаат. А тоа да тегнат, да фрлаат, да плукаат по некого.... Не! Не оправдувам.
извини ама греота е да даам пари и после да дише лепак и да се смее нахорсан, со тоа придонесувам у неговото дрогирање, а може и тоа да му е последната доза и пред мене да почне пена да вади. Па ќе го носам на душа како сум дозволила да се дрогира нека кршат глава. Има и други бездомници, кои не се напорни. Нив пошто не ги фаќа закон и не им можат ништо, затоа се такви. Јас да го допрам, ќе ме одерат на суд. Ми имаат кажано лица вработени у полиција дека и да ги соберат у станица, ги пуштаат пак назад Од дом или згрижувачко семејство, ги чуваат до 18, после им наоѓаат работа да не ме тегнеше, немаше да е проблем, ама иам трауми, ме има нападнато крадец, и коа ќе ми се доближи непознат почињам да се тресам и се гасам. Затоа не се приоѓа на секој, и не се дрпаат ташни, пошо ако ми се изгаси мозокот, шо праиме? Не ме допирај, и неаме проблем, НА ДИСТАНЦА.
За кој дел лична одговорност? До пред некоја година во државава ни документи не можеа да си направат, две млади деца едното на 18, другото на 20, умреа затоа што немаа пристап до здравствена заштита? Која е таа лична одговорност? Па децата живееја и умреа како фантоми, ене пиши на интернетот Мемет Камбер, прочитај за детето. И не се вакви еден пример, ги има сто и еден. Само полесно е да си речеме лоши се и си заслужиле и да си вртиме капата на страна и кур не боли. Јас имам и давам на кој ми побара, и на голтар и на старо и на младо, кој за што ми бара и кој како ќе ги потроши тоа оставам на нив, мене раката нема да ми се исуши ниту ќе осиромашам. Вие како правите, вие си знаете, ама муабетот ми беше, не ги редуцирајте луѓето на нивната појава, туку запрашајте се зошто се такви какви што се.
Другарке, те разбирам, не се секирај, само ти викам да не си врзеш у крпче дека се лоши луѓе, ја рецимо не верувам у тоа лоши луѓе, верувам дека има само лабилни луѓе у лоши ситуации, може и затоа цел живот к.... немиен го јадам.
Зошто да не? Сакаш заедно да се запрашаме? Еве, прво имаат несовесни родители, кои кур ги боли за децата, дете не е свесно за штетата на цигарите, едино нешто што може да мисли е, ау ми се врти од ова и добивам некаква еуфорија, ај пак сакам. Толку. Затоа децата треба да имаат родители, да ги насочат, ама еве гледаш овие немаат. Втор момент, те мавале со камења, во ред, те разбирам целосно, и јас би се чувствувал нападнато пошто и би бил нападнат, тебе ти е ненормално, нив може да им е секојдневие, насилството во семејството па и во општеството не се санкционира, особено не кога недокументирани копилиња се во прашање. На крај, на општеството не му е гајле, зошто тебе да ти е гајле? Затоа што ти си општеството, секоја една индивидуа има капацитет да го обликува и менува општеството. Ако тргнеме со таа апатија, а ништо не се менува и се е срање, ама на запад е пофино, секогаш ќе биде на запад пофино. Не е ова позиција на надменост или било што, само ако не сме проактивни за проблемите во општеството, нема никогаш ништо да смениме.
И патем САКАМ ДА КАЖАМ, годинава имам напишано над 30 меилови и претставки и голем дел се уважени, затоа што го знам законот, пишував претставки до различни институции, дел се и сугестии до фирми кои имаат полова дискриминација во огласите, друг дел се до АХВ, трет се до општината и слични институции. Ако не сте проактивни за тоа каде живеете, и како живеете ни ЕУ ни свети ЕУ нема да ви помогне, мора малку да ви проработи таа колективна свест дека многу единки го прават општеството и дека секој од нас треба да даде максимум за да биде најдобра единка што може. Јас моето го правам, се надевам дека и вие ќе почнете. (ако некој има потреба од совет, нека ме тагне тука или у некоја дискусија, за делов претставки е муабетот)