Не ја допрев Таман работа Ама ѝ реков дека ќе ѝ викнам полиција. Неќам да ги допирам. И глеам стварно да неам физички контакт со било кој и да не дое до тоа. Затоа и неќам некој да ме нервира, избегнувам конфликти итн, пошто знам да се угасам. Не ја допрев. Ама да пробаше да напраи уште нешто, тешко нејзе ќе беше. За уши ќе ја влечев до Беко.
Никогаш не ги разбрав луѓево што не ни ги задеваш, им велиш едно здраво и се буцкаат први. Као ме вреѓаш мене и што? Што доби? Проста раја. Игнор и ај чао.
Се сетив дека во 7мо одделение имав друштво, сите девојки, и тогашната другарка рече да го ставиме другарството на пауза и да не искачаме додека сите не ослабеме затоа што сме биле преружни за во град. Боже ме сачувај.
Колку што е убава работата со децата, толку да ти е непријатно и неубаво да работиш поради родителите.
Колку е тешко да си мајка на балканов... Осуди ,исмевања ,попувања... осуди,осуди...и тоа почни од најблиските заврши на тотални непознати... Да , тригер за изјавава ми е исчезнувањето на Данка. Иако и сама доживеав бројни осуди и коментари и уште има... И не ,не пратам многу многу пошо ми е осетлива тема а имам проблем со анксиозност и панични па после ми е лошо. Ама како еден бе не прочитав да рече ,луѓе мајка е бе замислете како и е неа...
По страниве од фб имаат објавено една мајка шо има детенце со аутизам, како се жали од нашиов систем. Детенцето не седело мирно на часови во школото и не знаеле како со него, му дале асистент некој за да го придружува на часовите но асистентов кажал дека незнае како да комуницира со детето. И така мајката, која инаку била дипломиран програмер, морала да остави работа и да седи секој ден пред училницата на детенцето оти они незнаеле како да постапуваат со такви деца. А според некој закон, сите деца морале да одат на училиште, иако ова детенце имало документи од доктори дека не е за на училиште. Само ќе речам, дека е страшно.
Иначе, имам познаник, ОД ПАРТИЈА го вработија по училиштава, пошто има завршено за наставник до 9то. Ко еве слушам од други, го вработиле како асистент на дете со пречки во развојот, а НЕ Е СТРУЧЕН. И така партија ради...
Женава и детенцето живеат во Охрид. Детенцето тамо учи. Можеби за истиот збориме, може не. Ама кешким само тој да беше, многу се.
Да ,новиот закон за инклузија.... Страшен закон ,страшна работа! Никој нема застанато да види од другата страна на работите да види како е. Работата со осетливи деца не е само во стручност поважна е таа емпатија која шо како шо заклучивме е на 0... Исто соработката со родителот ,со вработените од школото. Не може ако не знаеш да се поставиш па и 3 факултети имај. А како што ја читав статијата тоа е најголемиот проблем ,асистентот не знае како да се постави да го слуша детето ,да се облече ,да не излегува од час итн ..
Па гледај, по правило од факултет те носат на пракса. Како не е битно бе дали има или нема завршено? 95% од образовниот кадар НЕ СЕ ЗАМАРА. Инаку, брат ми одејќи да си ја земи внука ми од градинка, ЈА НАЧЕКУВА ВО ДВОРОТ НА ГРАДИНКАТА , НАРЕДЕН ПАТ НА УЛИЦА! САМА! 10000 пати им реков да не ја запишуваат во државна. За жал, пошто се е поврзано, не можеш да ги тужиш. И да, коа бев на некоја си престава за денот на пролетта в градинка, знаете колку се мизерни тие таму? Да не биди дека само плукам, пак ќе речам. СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ.
Јас нигде не можам да видам дека напишав НЕ Е БИТНО дали завршил! Пишав дека покрај факултет битно е и емпатија... Пошо тие 95 % шо ги спомнуваш дека им е гајле имаат факултети ама се презаситиле од работа ,имаат други проблеми и гајле им е за децата итн... Уште јас ко учев имаше такви наставници. Влегува и вика кај сте мајмуни... А мајмуните дома шо си ги има не ги гледаше! Е сеа јас сум презадоволна од нашата градинка, државна да ама воспитачката што и е на ќерка ми и негувателката од авион се гледа дека си ја сакаат работата. Ама млади се ,со мали деца. Имаат емпатија спрема децата ,ќерка ми кога се врати од одмор не знаеш како и стрча и ја изгушка ,децата најискрени се со сила така нема да ми дојде ни мене а не на воспитачка ако не и е мила.
Ммм. Затоа пишав секоја чест на исклучоци. Верувам дека ги има. И што сме виновни ние што некои, се презаситиле од работа ,имаат други проблеми? Да ни страдаат децата? Нека им отстапат место на помладите.
Е не сме. И не треба исклучоци ,треба правило да е.... А болдот ,треба закони менување ,еден куп има шо продолжуваат уште две години по пезија ,уште 4 години ,8 години све пензионерки по образование ,труд и социјала и слични седечки позиции
Дали е ова реално?? Морам ова јавно, сите да видат https://www.crnobelo.com/zivot/moda...-sto-oblekoa-posetitelite?showall=1&showall=1 Плачам..