Не знам како јебени закони дозволуваат градење на едвај метар од коловоз. Па тоа паѓа шут и прашина по цел тротоар, па ај го заградиле тротоарот што и онака е едвај пола гз широк демек за безбедност па ти ај движи се по улица, а богами и таму може некоја цигла да те тресне. А некогаш и цела лента од улицата е исто заградена па одиш ко морон сред улица. И тоа еднаш гледам на зградава горе на едно место оставена штица и наредени цигли на раб на штицата. А доле си идат луѓе, коли.
Е ова е за: Не ми се верува, како си дозовлиле вака од дома да искочат. Има и други што по вкус не ми се допаѓаат, ама овие се КРШ
Брука. Жена му гром, он.. Моника Црнокрак ми е шиш И Сергеј дефинитивно. Овие другиве се ноу нејм фаци. Илариа не знам исто како е јавнa фаца. Ама добро
Човече времево, периодов, времево,.. зборовите се сувишни. Те го и Сонцето зајде. Во Сабота 28степени. За арно нека е... Исто така. Now add emotional intelliegence.
Да треба некогаш да одам на партиски митинг (скраја било) затоа што морам и да се чекирам и слики да ставам по социјални мрежи срам би ме фатило. Разбирам дека некому му зависи работното место од тоа да го влечат со автобус по митинзи, ама не разбирам селфиња од цел автобус, па гордости демек многу се јаки и доживувавња небаре на Азурен брег ги носат да го видат. Во Скопје те носи автобусот друже, да слушнеш пар политичари лаги кај што кажуваат, не те носи Турист Травел на екскурзија. Нема да имаш време ни да прошеташ, само еден сендвич си ќар, а цел ден во возење навака натака си зијан. Ама битно ќефој пошто Таче или Мицко ќе ги видиш. Иднината на Македонија.
Кога бев веган ретко да не добиев прашање од некого како преживувам и како ги внесувам нутритивните вредности. Храната, иако ограничена само на растително потекло, ми беше доста разновидна. Сега не сум веган и денес сѐ што јадев беше бурек со кашкавал и печурки, 440мл кутија магнум сладолед и макарони со рандом сос и кашкавал. Поентата ми е, дека секој има различен однос со храната и дека некогаш иако нешто не се поклопува со вашите видувања за здрав живот, не значи дека не се труди максимално во своите граници. И ова важи општо за многу аспекти кога станува збор за self-care, не само за исхрана. Не значи дека вашите совети и начин на живот ќе влијаат исто секому, ко што ви влијаат на вас.
Доктори крадат лекови за болни од рак - никому ништо, едвај нешто се почна случај, едваај дознавме некое именце ама пак уште работат. Други вадат органи, на трети им умираат пациенти од "очекувани" лекарски грешки и ниеден не губи лиценца, ниеден не го носат во станица, да почекале тие извештај или како год да се вика. Доктор го убиваат - насилно со упад апсат негови пациенти кои случајно последно го исконтактирале. Не, не ги викнале да дадат изјава, разговор, директно апсење пред сите комшии. Па оди после оправај се дека не си убиец пред сите што те виделе со лисици. Лекарска комора нека забришат муцињата, имаат кафеаво нешто, може чоколадо е, шознам. Спојлер Инаку да, за овој од Железара едниве стварно вака им упаднале и ги извадиле.
Секогаш кога ќе дознаам за нешто грозоморно ми доаѓа мислата дека ништо нема смисла. Едно време живееш, после веќе не и само постоиш таму некаде во времето и просторот, такви какви што ги знаеме. Само што некој постои 2 години, а некој 52. Зошто универзумот дозволува нелогични и неправедни нешта да се случуваат, ако има некоја посебна поента? Зошто прекрстува две постоења на морбиден начин, каде на едниот му го скратува постоењето? А тој едниот кутар не ни постоел скоро ич, само што почнал со постоење. У пм, животот стварно не е фер. А и општеството. Сите прават како сакаат, ги задоволуваат само своите потреби, некои наоѓаат оправдувања, некои се прифаќаат такви какви што се без да им е гајле дали можат подобро. Конзумираат што им се сервира, паѓаат под искушенија без потреба за селектирање, реагираат на сензационални наслови и лаги, кликаат, реагираат, ќењаат, кликаат, реагираат, ќењаат, бесконечен loop на непромислено однесување, како зомбиња, шупливи во главата. Имаш луѓе штетници на секој чекор. Наштетување во секаков облик и степен, секој штети на свој индивидуален начин. А секоја индивидуа со своето допринесување го прави општеството такво какво што е. Едно од поглупите оправдување за своите грди постапки е "па и други прават така". А уште поглупаво е "има и полоши од мене". Наместо да се тргне од себе најпрво, па со своите позитивни постапки позитивно да се влијае врз друг и да се инспирира на позитивно и корисно однесување. За да имаме колективно подобрување на општеството во кое сме дел сите, каде го добиваме тоа што го вложуваме. Ако водата е затруена, не може да очекуваш дека нема да се разболиш кога ќе се напиеш. Вистина е дека филозофирам, јебига, понекогаш сум у тој фазон. Оптимист сум по природа, ама понекогаш е стварно претешко.
И јас не можам да ги разберам. Се будат насабајле и денес решаваат да се намќори? Па и јас, ко и секој човек, имам лоши денови, ама тогаш си ќутам, воочливо е дека не ми се сите на број и претежно никој нити ме чепка, нити па јас некого малтретирам. Или јас ептен ги нервирам луѓево па имаат потреба од буцкање или се со некакви растројства. Трето нема. Ама знам дека ми е преку глава дојдено. Да седиш како на трња, да очекуваш секој момент гром од негде. Гниди.
со што се дрогирате? 900€ кирија, па и плус трошоци??! 1000€ за под кирија? Па толку пари ако има некој вишок, нема да иде под кирија. Боље рата за кредит да плаќам за свој стан
Да не се чудиш. И порано го имаше ова. Се сеќавам на една случка.... Пред околу 15-16 години.... Другарка моја бараше соба под кирија. И требаше за краток период. Се јавила кај некој... И барал 8 000 денари. Собата била во Центар и затоа толку пари. За тие пари луѓето можеа стан да си најдат. Отиде она друго место.
Сакам да кажам две работи. Сликава. Пет пати напишав и избришав ама некако пре лично испаѓаше и нема смисла. Така да сакам да кажам сликава. И достае е за то. Шо кажав ќе е меѓу мене и мојот мозок шо не памти многу. Ама не стварно, сум видела ваква жена, сум се запрашала како успева да функционира безразлика на општеството и сакам да бидам таква жена. И второто нешто е ова. Премногу сум среќна дека дискриминацијата кон ЛГБТИ+ заедницата се уважуваат. Вервам во она „закаснето ама не забораено“. Секогаш е подобро рано, ама некогаш арно стигнало покасно него да не стигни ич. Линк.