Добро, шо е работа со телефонските повици дека сте учествувале во лото и сте се абонирале за некаква си претплата. Последниве 3 дена се скапа телефонот од ѕвонење и упорно ги откачувам и пак некои понуди. Буквално се е трчи лажи, кој како нашол гледа да заработи пари да дојде до твоја банкарска сметка. Лажни огласи на нет као демек продаваат нешто. Треба да се отвара очи на газот и паметно да се постапува со такви измамници. И не само тука у Немачка, туку и по Америка истите срања, лажно преставување дека се техничка поддршка од Амазон или Микрософт. Не живеам таму, но има на Јутуб ги гледам оние кои ги прикажуваат тие лажни сајтови зад кои се кријат индијци кои сакаат да влечат пари од американците. Лажни веб сајтови, спамови на сите страни. Светот отиде у три лепе.
Не е ова за нас обични смртници, студентарија, работници, луѓе што крпат месец за месец со рати за кредити... Ова е за некој странец што сака да дојде во Македонија на неколку месеци и не му е проблем да фрли ваква пара за да ужива во луксуз. За нив ова е евтино, и сигурно нема да земат стан со мебел од Југославија. А, во последно време на социјалниве мрежи се вртат некои објави од странци, номади, што доаѓаат да живеат во Скопје, дека евтино, а убаво, плус со цел женска да најдат овде. Баш таквите ги таргетираат.
Неќна кога бев да вадам лекарско уверение за полагање психологот не сакаше да се потпише на човекот што влезе пред мене. Камо да беа сите свесни луѓе, камо да не беа такви од типот 'пушти го,наше дете е'. Од таквите си страдаме
Коа ќе се омажам и ќе имам деца, здравје Господ, многу сакам да можеме самите со сопругот да си гледаме деца, да си чуваме, се сами да си се организираме. Сакам и моите и неговите да се слободни. Нит да имаат обврски околу нив, ама баш воопшто. Само да идат на гости кај нас и да си уживаат со малите. Ама воопшто не сакам да наметнувам обврски на никој. Слушајќи, приказни како он идел Германија на работа, она сама во МКД, татко и се и помагал, пошо мајка и не ја интересирало, па другите и тие иделе да и помагаат. Друга приказна, со две деца, сопругот иде 12ч на работа, онаа во смени, па коа ќе се поклопат, се вика цела фамилија за да им ги гледа.
Омилено бегство од реалноста, my happy place to go to, ми се '90ите. Музика, филмови, серии, цртани, видеа и фотки од тоа време; ми праат нешто убаво на душата, инстантно подобро се осеќам. Па еве по не знам кој пат си ја прегледувам Seinfeld. Иако многу заебанции и поенти не се држат добро поради годините, сепак сè уште ми е помеѓу омилените. Која серија или филмче ви се омилени од оваа ера?
Серии Тропска горештина, Патот за Авонли, Плажата на залезот. Филмови - Camp Cucamonga, Baby's Day Out, Friday the 13th. Цртани - Том и Џери, Пинк пантер, Таличниот Том, Мечето Ушко, Були, Чевличиња, Пожарникарот Сем, Капетан Пештерко. Интересна ми беше и Супер Бабичка. И нормално - Бушава азбука. На други не ми текнува во моментов.
Не се сите од 90ите, поготово што во пола од нив што се вика не сум ни била родена, 2000ите се, ама тука негде... Ова више спомени од детството му иде. Friends се нај 90s vibes секако. За Жаде имам пишувано. Идемо даље потоа... Младите бунтовници Миа, Ману, Пабло и Марица.
Има поквалитетни производи посебно тие со краток рок и атмосферата е поубава е сега јбг све се плаќа, у кам кога влагаш ко у магацин да си влегол.
Кај мене на работа тоа беше секој ден, подбуцнувања за најситни ствари. Демек као пред други те подбуцнуваат, демек леле те зезнале и јас секогаш им враќав со шала и некогаш користев сарказам и не можеа да ме смислат. Некогаш им ќутев и игнор. Ко ќе речев, што убо времево а ние в канцеларија затворени, втора смена. Без воздух и светло. Па, што обврски имаш ти? Не си ни мажена, ни деца има, ќе добиев одговор. Што ќе прајш да си слободна? Не си го видела животот. Балкански менталитет.
Од расправање со македонскиве институции омилен дел ми е моментот кога си ја префрлаат топката едни на други. Поубаво чусвтво во животот нема. Просто денови ми завршува со ужасна желба да си ја разнесам главава. Има ли бе луѓе со грам интегритет во државава или сите се станати к.... за пари? Ебате животот.