Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. Alizée10

    Alizée10 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 февруари 2024
    Пораки:
    347
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    преземање (5).jpeg

    Очи ширум затворени ми е еден од омилените филмови...бегство од Алкатрас, Обвинети со Џоди Фостер..............
     
    На Anie93 и SigmaMan им се допаѓа ова.
  2. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.924
    Овие наводните турски туристи што на плоштад и Ул. Македонија приоѓаат на девојки, се прават дека така знаат македонски па успат почнуваат лаф муабет да им кажам дека више сите ги научивме.
     
  3. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    Не можам да го разберам задоволството што го добива жена од искажување одбивност кон феминистки, додека во исто време ја бара почитта и правата што ги бараат и феминистките, не можејќи да ја согледа привилегијата и среќата што ја имала да не биде во машко-доминирана средина и има право на избор, е сослушана, не е потценета и изигнорирана. Која супериорност мислите дека ја имате, само изгледате неедуцирани, очајни за машко одобрување и искрено, неспособни за подлабоко размислување.
     
    На Anaroz1, sweet-cherry, crimson и 8 други им се допаѓа ова.
  4. theowndemon

    theowndemon crazy cat lady Член на тимот

    Се зачлени на:
    17 септември 2013
    Пораки:
    14.144
    Допаѓања:
    174.974
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2024-04-06-01-20-10-226_com.android.chrome-edit.jpg
    Не мислам дека е возможно.
     
    На Gosh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.343
    Пол:
    Женски
    И мора сам да отпакуваш ако сакаш да си земеш нешто.
     
    На exceptional му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Herrera

    Herrera Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    1.035
    Допаѓања:
    11.159
    Добро утро - добар ден :coffee:

    Како и по обичај вртиме што ново има на Јутуб и стигнавме до ново клипче од еден што бил до Мк.

    Она што ми отвори очи беа зборовите .....Today we are going to Kumanovo - Not my favorite city

    Што му фали на Куманово ? :^)

    До душа еднаш одамна имам само идено на поминување да купам кондури од таму, но не сум се задржала толку низ град за да дадам мое мислење.

    Кој сака нека го изгледа клипот.

     
  7. Amellie13

    Amellie13 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 јануари 2017
    Пораки:
    4.187
    Допаѓања:
    56.902
    Пол:
    Женски
    IMG_20240406_114012.jpg
    Enough said. :coffee:
     
    На Tinaaa, Mrs. right, Nausicaa и 9 други им се допаѓа ова.
  8. Rovena

    Rovena Активен член

    Се зачлени на:
    18 декември 2023
    Пораки:
    34
    Допаѓања:
    40
    Пол:
    Женски
    СДК Муабетов од @pdb123 е на место, но ме потсети на друг муабет. Колку и да сакам да поддржувам жени во се, во истиот момент ми текнува на негативна страна кај жените што најмногу ми смета. Отсекогаш сме се делеле на групи, кои едни со други не се поднесуваат и постојано некоја има нешто да озборува за друга.
    Вчера се разминував со две девојки и во таа секунда муабет слушнав: "... Се прави таа домаќинка, а за ништо не ја бива..." За разлика од нас, маживе се многу подруштвени и си помагаат без размислување дали косата му е расцветана на тој што бара помош. И после тоа ќе излезат заедно и ќе се задружат и со другарот на другарот, па ќе разменат бројчиња.
     
    На Mrs. right и L.i.n.a.a им се допаѓа ова.
  9. INNERBEAUTY

    INNERBEAUTY Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2017
    Пораки:
    2.520
    Допаѓања:
    5.789
    Пол:
    Женски
    Феминсткињите не се еквивалент со женските права, феминсткињите се поширок поим, како за почеток.
    Потоа не.
    Потоа, ова ко да ми зазвучи малце веќе слушнато, да не речам слогански.
    Потоа, на тема подлабоко размислување, кога за некој речеш дека нешо нема, прво треба да се потрудиш ти да го имаш, во спротивно се празни зборови, евентуално лицемерие, евентуално виртуолозно сигнализирање, евентуално идеологија.
    А идеологиите и идеологистите со се нивните црно-бели(читај недлабоки) сфаќања се посебна приказна сама по себе.
    Во тој случај ги разбирам овие што искажуваат одбивност кон феминистки.
     
    На Mrs. right, Космонаут, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  10. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.924
    Кога за нечие лошо дело, колнеш и посакуваш истото да му се врати на детето/фамилијата, богами и ТИ заслужуваш истото да ти се случи. Колни, врати ако сакаш, ама не мешај деца. Ако жена му го избрала таков, ако фамилијата одлучила да му прости, децата избор немаат.
    **********
    За одбивност кон феминизам, лично имам одбивност кон оние наводни феминистки што во феминизам тураат и трансови и црнци и све живо и диво што е (наводно) дискриминирано.
     
    На SigmaMan му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    692
    Пол:
    Машки
    Секогаш кога сакаш нешто да кажеш, ќе се појави некој пазач да испадне паметен/а во јалов обид да те деградира. И секогаш тие пазачи на крај испаѓаат мајмунот во зоолошка со банани смеејќи ти се што ти немаш банани, а ти надвор си.
    Е со такви делиме воздух, за жал и време.
    Сакам да кажам дека е глупав потег полупаметните да се правеа паметни обидувајќи се паметните да ги направат глупави и сето тоа за по некој лајк или за по некое браво. Кловнови. И кловници посебно.
     
  12. Јас таа

    Јас таа Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 март 2024
    Пораки:
    67
    Допаѓања:
    722
    Чистам соба со плејлиста шпански песни од 40 минути пеам од збор до збор секоја песна и татко ми ми вели од кога знаеш шпански ? ЕВЕ НЕ ЗНАМ??? Знам ли? :rofl:
     
    На Anie93, Космонаут, Gosh и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. SigmaMan

    SigmaMan Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 декември 2022
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    692
    Пол:
    Машки
    Немој ти така против родовците, ќе се најде некој/а ропула на форумов, веднаш ќе ти наброи точка 1, точка 2, до недоглед. Немој аман кој ќе ги трпи...
     
  14. kolumnistot

    kolumnistot Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2012
    Пораки:
    2.020
    Допаѓања:
    14.416
    Пол:
    Женски
    IMG_4719.jpeg
     
    На st-el и carangigia им се допаѓа ова.
  15. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.788
    Допаѓања:
    22.924
    Од кај виде да мешам кој родил кој не?
     
  16. господарка

    господарка Активен член

    Се зачлени на:
    4 април 2024
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Женски
  17. T.M.

    T.M. Активен член

    Се зачлени на:
    3 март 2024
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    15
    Пол:
    Машки
    Постојат две правила за да успееш во животот.

    1. Никогаш не откривај сè што знаеш.

    *Пишано со цел да се разбие монотонијата околу феминизам и шовинизам :)
     
    Последна измена: 6 април 2024
  18. Srckata28

    Srckata28 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 јануари 2013
    Пораки:
    4.848
    Допаѓања:
    23.641
    Пол:
    Женски
    Иако има многу што го прават за машко внимание, многу се и genuinely неедуцирани во врска со феминизам. Баш бидејќи има различни врсти на феминизам и не мора да се согласиме целосно со сите, така не треба да се отфрла целата идеја на феминизам затоа што има различни врсти. И наместо да исмејуваат како феминистките се мажомразачи и како се too much, подобро би било да се соединиме кон заедничкиот проблем, а тоа е патријахалното општество односно остатоци од патријахалниот мајндсет, кои реално, уште е вкоренет кај многу луѓе, и кај самите жени.

    Сепак најжални случаи се жените кои мислат дека феминизмот го напаѓа нивниот сон на традиционално семејство или дека им штети на мажите - како да е тоа воопшто возможно и побитно им е да се осеќаат како да се нешто посебни затоа што избегнуваат женска солидарност.
     
    На sweet-cherry, crimson, Ketchup и 4 други им се допаѓа ова.
  19. pdb123

    pdb123 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    1.448
    Допаѓања:
    5.900
    @Rovena, не се однесува ова на тебе како критика или како одговор на нешто што си пишала, туку онака само ме „инспирираше“ да допишам нешто (за себе) во однос на темата со тоа што рече дека се трудиш да поддржуваш жени.

    Јас лично, не тргам со мисла да поддржувам жена заради тоа што е жена - искрено тоа баш и не ми значи, туку делата/зборовите, без разлика од кој доаѓаат. Не се трудам да ги оправдам лошите работи што ги прават жените, ниту пак сметам дека жените се безгрешни. Причината зошто ги поддржувам жените во целина, општо како род, или ете, пол, е затоа што сметам дека не сме ослободени од општествени очекувања, наметнати улоги и нерамноправен третман, особено од социјален аспект.

    Не се согласувам со самото постоење на улоги за мажи и жени, мислам дека е многу ограничувачки за индивидуата и ти го редуцира постоењето само на едно нешто, еден начин на живот. Ова не значи дека мразам мажи или дека поддржувам т.н. „женски“ инцели (не знам дали има друг соодветен термин).

    Истовремено сум свесна дека многу од мажите не се отворени да се стават во кожа на жена за да ја сфатат нејзината перспектива или да се соочат со нејзините предизвици и пречки во животот. Уште помалку се отворени да се стават во непријатна положба каде што сфаќат дека свесно или несвесно се однесуваат со непочит. Сепак, мило ми е што во новите генерации има повеќе пос(о)весни машки отколку во мојата или во постарите генерации.

    @Srckata28, па да, многу е јасно дека многу општо не разбираат што воопшто значи да си феминист, и така доаѓаш до жени кои толку ревносно плукаат против феминистките, а истовремено сакаат да се почитувани и правично, еднакво платени на работа, да не се редуцирани само на домаќинки, сопругот да ги дели обврските со нив, да не ги притиска околината за ова или она, да не ги експлоатира/сексуализира општеството, да не се плаши од насилство од страна на маж... Дури и апсурдно изгледа искрено, кринџ. Некогаш си велам може сакаат да избегаат од „обврските“ што со себе ги носи феминизмот, а тоа е: да се отвори простор за емоционално изразување и од страна на мажите, што е себично да си против тоа. Којзнае :).
     
    На sweet-cherry, Ketchup, Anabelle.Amorette и 3 други им се допаѓа ова.
  20. Polyincognito

    Polyincognito Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2020
    Пораки:
    1.923
    Допаѓања:
    8.445
    @kolumnistot I have to disagree. Долго време и јас така размислував. Но, не е само до наведеното, туку мора и да знаеш колку вредиш.

    Ако не се сакаш и цениш самиот себе, порано или подоцна животот сам ќе те натера тоа да го сториш.

    Затоа ни се чини дека другите подобро поминуваат. Не, тие всушност само си стојат цврсто на ставот дека заслужуваат princess treatment и не се плашат јасно да кажат. Затоа и го добиваат.

    А првите често пати мислат и дека не го заслужуваат, не па да бидат гласни за тоа. Затоа за возврат неретко дури добиваат лош третман.

    Тоа е целата разлика :*:
     
    На Tinaaa, eliesaab и Adidas888 им се допаѓа ова.