Можеби пак ќе биде универзална Дај Боже. А инаку да даде Бог еден на нивниот ден Бајрам утре да им ги изгори и запусти фамилиите и куќите нивни на тие што ја запалија. Само тоа.
Ау немој да колнеш, не си ја полни душата гревови. Ни отиде државата, а не па една универзална. Жалноо.
Ми треба целата среќа на овој свет како никогаш претходно за многу важна работа од која ќе ми зависи цела иднина понатаму. Те молам универзуму, или што и да има таму, биди на моја страна.
Дојде 2024 година и сеуште не измислија ништо за да престани косата да ти се мрси доживотно. Колку само плус време ќе имаме, и нерви.
Балкан - магично место кај шо луѓето имаат неисцрпна енергија и воља за трачарење, смислување сценарија и теории на заговор, драматизирање, претпоставување и логично размислување кое е 100% точно пошо како не би било на сета таа интелигенција.
Мене ова со универзална ич не ме потресе. Мислам страшно од поглед на безбедносни и животозагрозувачки причини, ама салава се реновира уште основно кога бев, ако не се лажам последниве неколку години не ни беше во фунцкија јер нели таванот или нешто почна да се распаѓа. Сите имаме убави спомени во неа, ама atp немаше никаква поента и се надевам дека ова ќе е поттик за конечно да се реновира... или нека изградат зграда или мол ко што вика Ајрон, никогаш доста од тоа.
И јас не се загрижив мн за универзална, да многу спомени, концерти. Поќе ме загрижи како е изградена од какви брзозапалливи материјали, не знам ни како веќе и градат објекти, немам ни доверба. Не дај боже да се запалеше кога ќе имаше некој настан нешто. Се надевам ќе се освестат властите и ќе почнат да подработват по нешто, и да прават се по пропис, да не се доведиме во ситуација да се загрозат човечки животи
Citam i se cudam, trojca maloletnici izbodile devojche? Kako ne mu e sram da se zasramat kopilina gadni, devijantni pojavi.
"That's so pretty let me take a pic" трендот е оригиналната поента на инста, само шо луѓето одамна се плашат да постираат тоа што им се допаѓа, наместо само фалбаџиските работи и исценирани "перфектни моменти".
Зграда со мол- две у едно Сдк многу долго ја мислам една дефиниција. Вика, глуп човек е некој кој свесно ќе напраи штета без притоа да има од тоа корист. До некаде ја разбирам. До некаде уште нешто ми фали за да биде комплетна. Ај, ќе продолжам да ја мислам
Сакам да кажам дека со партнерот сме разлика голема. Практично е дедо (преувеличвам). То не го спречва фактот дека претходната недела беше слободен и успеа да излези до бар секоја вечер и постојано да ми предлага да ме собери после работа. А јас? Веќе со план за како ќе одам дома, ќе ставам пижами, ќе пратам 20тина рилс на другарките и ќе си легнам. Ај можи на 40+ ќе се вдахни некоја социјална енергија во мене. Да се едитирам. На утро успеваше да стани пред мене, да прошета кучето, а јас излегов два пати Саботата и Неделата остај шо не можев да се разбудам, имав мелтдаун од замор па ме вознемири дамка на блуза. Уствари сакам да кажам дека со 40+ е помлад од мене шо до 30 немам стигнато. Age may be just a number after all.
Сите социјални мрежи преполни со објавата за пожарот на универзална... Не ми е веќе криво за тоа што сме толку големи хуманитарци, на тастатурата се разбира. Криво ми е што пишуваат реферати, личности шо воопшто ја немаат посетено универзална....
И јас сум човек, грешен од илјада причини, ќе поправам една, а на грб ќе отворам две рани, дали тоа ме оправдува, кој да знае, секако сонцето ќе изгрее, со мене или без мене, во овој век или два.