Едно е што одамна е изградена, друго е што е историски значајна. Историјата на Универзална Сала – ЈУ Универзална сала Скопје (univerzalna.com.mk) Секако, одамна требаше да се обнови со посоодветни материјали.
некаде измеѓу „си купив нов лак и сакам да го пробам“ и „ама овој што веќе ми е нанесен ми се допаѓа и нејќам да го бришам“.
Денес бев до маалска продавница да купам влошки и ме удри сеќавање од пред 10+ години кога влишките ми ги ставаа во кафеава хартиена ќеса за шеќер/сол или ќе ги завиткаа во страница весник за никој да не те види дека ги купуваш. Мислиш хероин кулувавме, а не влошки.
Ај ај ај колку интересна работа се ова двојниве стандарди и како лесно и инстантно со брзина на светлината се мења став и мислење, секоја чест. Него, проблем е и психопатско, предаторско да идат пример 22-3 годишни со 30 годишни и по дифолт, без исклучок жртва е цурава на врбување, а остали, релативно сѐ уште млади и полетни девојки, слободно можат да идат со чичковци ? ! Секако дека можат, лична преференца и личен избор е ама и за едните и за другите нека важи, без етикетирање. Екстреми тука исклучуваме иако дискутабилно е и тоа у одредени случаи. Амааа паметот, (не)зрелоста и (не) искуството? Шо праииме со тоа ќе праша некој. Ех, некој ни на 30, а ни на 40 може да не е доволно зрел, умен, реализиран и исполнет. И сѐ уште да се бара себе сѝ па и лесно да стане мета на манипулатори, малку треба за тоа, дури нема ни да примети што го снашло. Затоа памет у глава мора да се има пред се, и полека со предрасудите, глеј си у твој двор боље ќе ти биде.
@Mrs. right Ако некоја млада оди со чичко, во контекст на шугар деди и сл, тогаш самата е свесна дека и е за пари. А ако некоја 20-годишна оди со 30-годишен, во контекст дека е љубов, тогаш и те како може тој да е тежок манипулатор. Во првиот пример и двајцата се свесни дека е однос за пари. Нормално, тоа не значи дека е исправно, ама и двајцата знаат што прават. Во вториот пример, често пати се користи еден вид grooming. Па ќе е како таа, она нема самодоверба, он нема кревет, ни вода во очите би рекла Гош, ама ја убедува дете да прават. Едноставно се познаваат таквите случаи и не гледам двојни аршини. Едноставно различен контекст има секоја ситуација
Зошто мора да се однесува на Демон? Само Демон има повозрасен дечко? Зборам општо, нели темата е "Сакам да кажам". @Polyincognito затоа има разни случаеви, па не треба да се суди без да се знаат луѓето. Сите не се исти.
Зарем е важно за кого го пишала, и не мора да е така, можеби е констатација врз оглед на тоа што го приметила во комуникацијата на другите на изразените ставови и намерата. Реално другите да не кажуваат за кого пишуваат сите се кријат не прецизираат.
Ептен така се надоврза после нејзиниот пост, па читајќи едно по друго изгледаше баш така. Иначе, да збореше општо ќе беше не, не се однесува на нејзе, општо е и толку. А мешаш двојни стандарди, па испаѓа ко демон да го зборела ова па сега кажува дечко и е постар, па ти го пишуваш постов за двојни аршини. Можеби само така делува, ама така делува.
Двојни стандарди ако има некоја од членките не знам, можеби имаат. Они си знаат најубаво тоа. Општо луѓето многу судат за нешто за кое воопшто не треба ни да помислат да го прават и солат памет. Кога сме кај двојните стандарди, не си приметила ли како за многу работи кога е за друг се суди и се критикува, а ако лично за нив тогаш оправдано е? Многу често ова го приметувам и не е место ама ич.
Поим немам за кои двојни стандарди зборуваш, зошто не даваш конкретен пример, збориш општо де. А за членкава ако нешто мислиш доволно е да и ги прочиташ мислењата во Разлика во години и да видиш дека го практикува тоа што го збори и мисли, затоа ми падна чудно дека баш на нејзин пост би се надоврзала со двојни аршини, а нема врска.
Реин, имам работа инаку би стаила многу принтскринови од двојни аршини. Судии на туѓи работи, адвокати на свои.
Не се однесува на членката ова, ништо неам лично против членката, на некој начин ме инспирираше еве да кажам. Постојат луѓе кои ем ги критикуваат другите за нивните лични избори ем истите они прават се контра од тоа за кое се залагаат. Ме фрустрира тоа. Не се мешај и готово. Си имаат свој живот или немаат?
Еве, јас ќе бидам директна. Мори... Најпрво, да ти напоменам дека мислењево не е напад. Само ме зачуди и се обидувам да разберам оти ова не звучи како ти. Што толку им фали на момците што ти се поблиску до твоите години? Ок, знам дека има некои ију, ама не може сите да не чинат. Зошто сега со дедово? Над деценија разлика. Постојано да ти предлага да те собере после работа под совршениот изговор дека е слободен. Малку личи како иницијален обид за воспоставување контрола. И неговите години значат дека е поверојатно да почне да ти врши притисок за имање деца. Дали си сигурна дека не си манипулирана?
Што осудувате? Можеби членката има 25, а тој 35 и двајцата се млади,ако е таа огромна разлика во години што ја посочи таа. Ако е таа 25, а тој 45 не оди така и нормално ќе се вкочаниш ако слушнеш за тоа, на крајот секој си одлучува за својот живот нели. И за сопствената среќа зарем не!? By the way, некој напиша што им недостасува на машките на нејзина возраст, би рекла едуцираност.
Значи сами се правите дека на 23 години и кусуро не сте сеуште созреани или ги правите некои. И порано ваши дедовци баба и по 12 години разлика се па па останале во брак итн. Малце дома видете анализирајте пред да осудувате некого позади профил на некоја страница - форум.
Nope. Убаво пишува дека типот е 40+. Нестандарден избор за девојка која на форум труби против врски со голема разлика во годините.