А како е контрадикторна Демонка? Самата таа е 30 со некој 40+. Не станува збор за 20-годишна со 30-годишен. Разликата кога си на 20 и кога си 30 е од тука до Сонцето.
Ова за сите важи баш за сите индивидуи? Без исклучок нели? И батали Демонка, нека си се среќни со дечкото. Зборам за сите луѓе со тој став. Не мора за неа да се однесува. Она пиша и се инспирирав.
Јасно ми е дека има разлика, но не е лесно да се препознае. Не можам да им читам мисли на луѓето и да велам дека 100% е тоа во прашање. Можам само да вадам претпоставка од тоа малку што ќе го прочитам или слушнам. И таа препоставка може да биде или погрешна или точна. Стручни лица грешат, па камо ли обични луѓе. Не созреваат сите во исто време, па според тоа и не секој/а постар/а од 20 може да препознае дали е грумиран/а или манипулиран/а од партнерот.
@Mrs. right Мислам дека самата се пронаоѓаш во некоја ситуација/форумска дискусија и самата си го наметнуваш тоа "без исклучок". Тука безброј пати е коментирано дека честопати е така, ама честопати не значи без исклучок. Секогаш, секаде има исклучок. Што вели Реин, треба да се дискутира конкретен пример за да има смисла нештото.
И на шо личи ова значи жениве покасно сите созреваат? Еве јас сметам дека годините и не се така мерило, пошто магарици од 28-33 години имам запознато и понестабилни се па што? Има други фактори во живото што некои созреваат покасно, некој порано и тоа е се.
Ок. Ондак нека не се распнуваат и осдуваат одма па и пребрзи заклучоци да се носат, а ниту го знаеш ниту познаваш човекот. Може ете за беља исклучок баш да е тој. Не може да знаеш каква е ситуацијата.
Мешате баби и жаби, само оти сте се пронашле увредени... Ние за ова збориме... Ова као нешто нормално го гледаме, па и на вести го ставаме... Да беше обратна ситуација, маж со жена, друг муабет ќе праевме... Идете прогуглајте класичен пример на сексуално злоставување и груминг, греота за човеков. И после ќе ми кажувате прикаски сите родители на децата добро им мислеле... Еве глеам...
@Mrs. right Дискутираш општо, а се тригернуваш индивидуално. А нема потреба Ако некој пишал некое мислење за одредена ситуација, значи најверојатно пишал општо. Не за исклучоците Во секоја ситуација, постојат исклучоци и тоа не се оспорува
Не знаев дека некои луѓе на форумот си имаат миленичиња и си ги бранат. Колку постови имам што сум напишала и некој се надворзал и ме напаѓале. Па, што? @Mrs. right ти го прочитав постот и мислев дека општо си пишала. Цела дебата се отвори тука. Боже свашта. Отпосле гледам, според некок, како демек си се надворзала на муабет и одма напади се добиваат. Немам коментар поќе....
Остај. Да не смееш да коментираш, одма се пронаоѓаат, после на крај ја се тригернувам. Ок нека е така.
Се сеќавам лани беше, еден дечко побара совет за 9 години помлада од него, па пола и повеќе од тука шо и скокнаа на mrs. right му се сипаа на дечково дека бил стар вол, груминг, а у.. Имам и скринови па кој сака ќе ги поставам, или доста драма м?
Сериозно? Прочешлајте по мислењата. Пошо ако не ве мрзи да скокате за ова, нема ни за тоа. Или подобро ќе биде да поставам линк од темата?
Пошто во последно генерално комуницирам со луѓе 5-15 години повозрасни, познаници од работа, меѓу заеднички пријатели и слични познанства. Можам комотно да кажам дека разликата меќу 30-годишен и 40-годишен човек е речиси физички невидлива. Пример, другарка 30 години, а дечко и 38 години, разликата не е воопшто очигледна, ни на изглед ни на муабет. Ако не ги знаев која возраст се, немаше да погодам дека се скоро и 9 години разлика. Дури и таа има таков стил на облекување и некако посериозна е, да требаше да погодувам ќе речев дека таа е постара од него. Од друга страна, кога имав 19-20, човек на 30+ ми делуваше многу повозрасно, за разлика од сега што 45- годишни не ги доживувам стари. И генерално (значи не кај сите, туку општо) разликата меѓу 18 и 30 е очигледна и многу често во таквите случаеви 30-годишниот маж има поинакви намери од девојката која е уште в клупи и станува збор за груминг (има исклучоци секако). Ама груминг не е термин кој би го искористила кај +/- 30-годишна жена и +/- 40-годишен маж. Девојче на 18 години е полековерно од жена на 30. Ако веќе 30-годишна жена е наивна и може да биде илажана (пример за секс или за мажачка), тогаш има посериозен проблем од разликата во години. Конкретно демон (пошто некако се сврте накај неа муабетот), на фаца е многу младолика ама вака според интелегинција и начин на размислување е далеку позрела и од жени 30+. Кога прочитав "дедо" си реков некој пензионер да не е, тој во четириести години. Мачкина кашлица. Ако имал тој 40 а девојката 31, за ќотек се сите што му се сипале. Ама ако имал на пример тој 24 а девојката 15, и јас би му скокнала.
Aма нели, годините не се битни за зрелоста кај некој. @MarigoldA се работеше за полнолетни лица. Ама небитно, да сме живи и здрави, само љубов луѓенца.
Секој во животот треба да прави онака како што е правилно, а не како што другите сметаат дека е правилно. Ако некој е доволно зрел сам да си носи одлуки нема што друг да соли памет. Секој најдобро си знае за себеси. И кој уствари знај што е правилно?