Некни сфатив дека талентираниот актер Марк Марголис (сега веќе покоен) кој ја толкуваше улогата на озлогласениот Хектор Саламанка во сериите Better Call Caul (2015-2022) и Breaking Bad (2008-2013) е истиот актер кој го толкуваше мудриот професор по математика Сол Роубсон во Пи ( 1998 )
Сакам да кажам... Да. Интересите ми се со краток рок ама дури и оние шо ми се дел од хоби, скроз различно е земањето за да имаш и земањето за да користиш. Мајка ми вика "чеизо" за работите шо ми се за творење.
Вчера поминав 3 саати и пробав над 30+ пара фармерки и панталони за конечно да најдам еден солиден пар кој не е екстремно high waisted, не е широк во нозете, не е тесен, и стига до точната должина на моите нозе.. Идентично искуство имавме пред неколку месеци кога другарка ми бараше фармерки и иако има избор милион, едвај еден пар и стоеше убаво. Не разбирам зошто толку се промашени облеките, а и двете носиме 34-36.. И белите блузичките што ги пробав, во неколку различни продавници беа проѕирни.. Се гледа цел градник. Ноќна мора да треба нешто да си купам.. квалитетот никогаш не бил волку лош
Не сум приметила ваков проблем а сум 34. Во последно време околу 7м си купувам од синсеј. Ефтини, ок квалитет и многу убаво стојат(особено мам џинс)
Почна сезоната на Max и Polar ефтината бижутерија велосипеди, не е стереотип ако одберете некоја различна марка која ја отсликува вашата креативност да знаете, и нема да биде срамота ако бидете поразлични и одберете поразличен велосипед
Sinsay беше првата продавница во која влеговме, може 8 пара пробав и беше разочарувачко. Исто не беа воопшто средени фармерките, едвај најдовме бројчиња од стилот што го барав. Ова за сити мол
Многу е опаднат и така лошиот квалитет низ ланците на продавници за облека. Затоа вака маалски продавничиња секогаш има по нешто да се најде и што ќе трае подолго од овие горните.
Ако е забрането ова нека се избриши одма АМА сериозно? Го видов на ждм. Како ќе ми гарантираат дека нема да личам како да ме цртал Пикасо?
Не ми се допаѓа тоа што станаа сите експерти за филери. Со обука од 2-3 дена, одма знаат апсолутно све. И ако побараш сертификат, се вреѓа. А зошто е навреден?
За жал, сериозно. И не сфаќаат дека многу лесно може да зезнат некого и да го остават доживотен инвалид ако не боцкаат ко што треба. Рестилан и Цитосиал за 4000? Не зезај. Гарант водичка ставаат.
Ме израснаа луѓе кои ме научија светот да го гледам низ љубов и добрина, наивно. Ме оштетија и трауматизираа луѓе кои се се спротивно.
Истото го мислев. За 4000 денари ако не ги изопачат во лице и арно ќе е ако е само тоа, недај Биже некои бактерии, инфекции, сепса од нестерилизирани инструменти... секој е пластичен хирург денес
Откако почнав да не барам никој, искрено на никој очигледно не му е грижа и никој не ни ме бара. Преку гла ми е се јас прва да се јавувам и се да организирам.
Некои луѓе звучат толку празно, како ништо да не знаат, иако говорот им е исполнет со умни фрази и убаво составени и правилни реченици, иако користат академски термини, иако се симпатични и допадливи , иако се омилени, иако се трудиме да извлечеме поука од тоа што го говорат, бидејќи не привлекува нивната очигледна ерудиција, нивниот став, сигурност, понекогаш дури и нивниот надворешен изглед. А сепак сето тоа звучи како да слушаме звук на славеј од устата на врана. Па се чувствуваме разочарано што не успеваме " допрени " да бидеме. Ден потоа запознаваме неписмена селанка која со јасен збор умее да го каже она што го мисли и притоа да користи завиден број на синоними за да се искаже. Неа како да не и се потребни бројни книги, како да поседува вреќа со наследени зборови кои излегуваат од нејзината уста токму кога треба. Таа не говори кога не сака, бидејќи не сака, а не бидејќи нема став за некоја тема. Нејзините зборови како да имаат душа, како да излегуваат од целокупното предачко искуство.