Новата генерација се почесто и повеќе англицизми употребува во јазикот, иако и јас знам понекогаш кога не ми текнува подобро да се изразам (а и повеќе ми се допаѓа пцуење на англиски ), а исто и средината на работа ми е таква шо неизбежно е да не употребиш англицизам. Ама овие денешните тинејџери се чувај боже, повеќе на англиски зборуваат отколку на македонски. Не, воопшто не велам дека треба да бегаме од англискиот, бидејќи на некој начин е светски јазик, ама за сметка на тоа да не го погазуваме и забораваме родниот јазик. Пред неколку години кога бев краток период Германија апсолутно никој не сакаше да зборува англиски, дури и услуги ти одбиваат ако не знаеш германски. Сега не знам како е точно, можеби младите повеќе знаат, ама добив впечаток како да бегаат ко ѓавол од крст ако им се обратиш на англиски. Во мајка Русија е горе долу сличен случај, голем дел не знаат англиски, особено во помали градови. Ама од она искуство што го имав и од она што сум гледала по интернет не бегаат ко ѓавол од крст ако некој им се обрати на англиски, туку се обидуваат да помогнат и премало знаење да имаат. Во град нешто поголем од Скопје, со еден човек само си се изнаправив муабет на англиски (имаше и некои други што многу малку го знаат), сепак англискиот го знам на некое ниво погоре од рускиот. Но в кино на пример, истите филмови што излегуваат кај нас на англиски со превод, кај нив излегуваат месец дена подоцна синхронизирани, и така гледавме. И општо и таму им синхронизираат се. Ама англискиот веќе се учи повеќе и верувам помладите генерации повеќе (ќе) го знаат. Како и да е, сфаќам дека јазикот е жива материја и постои мешање со текот на времето, но сепак е жално толку многу да се запуштиме и да не си го цениме воопшто својот. Богатство е да знаеш што повеќе јазици, ама никој јазик никогаш не треба да го замени родниот (добро сеа веќе ако живееш во друга држава е малку друг муабет, ама пак).
Уствари многу е просто. Читаш книги- знаеш јазик. Гледаш филмови/видео-знаеш јазик. Затоа на 18 знаев да зборам англиски без да го учам, а знаев француски-бонжур да кажам. И никогаш не ми фалел збор за гоустинг (што и да е тоа), и никогаш не ми се десило истото (што и да е тоа). Ок, со ова последново не е веќе толку просто, ама тоа е скроз друга тема.
Освен здраво и асално сексуално образование, мислам дека општо во општествово фали и една друга страна. Треба децава да знаат дека колку што е нормално да имаш секс, толку е нормално и да немаш. Колку што е нормално ниско и високо либидо, толку е нормално и ич либидо да немаш. Не да ги праќаме директ на психијатар, освен ако има друг позадински психолошки проблем. Да не ги учиме дека отсуство на либидо е патологија. Сексуално образование не треба да те учи само како да ставиш кондом или дека постојат и геј луѓе, туку и дека не мора да имаш секс со партнер и дека не сите имаат.
Навики кои ги сменив од 01.04 кои влијаат позитивно на мојот живот: - станувам 15 минути порано од претходно и слушам шпанска музика и играм, порано во 7, сега 6:45. Овој микс - облека си спремам од вечерта. - за ручек на работа јадам салата. - не се нервирам за работа. - не ме интересира другите што прават на работа. - почнав да учам нов јазик. - почнав да вежбам дома по 30 минути на ден. Животот е убав само ако правиш убави работи за совето тело.
Луѓето може да умрат два пати. Еднаш кога ќе ја изгубат љубовта према луѓето (не се смета љубовта спрема блиските, таа му доаѓа природна, освен во исклучителни случаи, но и психопатите чувствуваат "нешто" спрема блиските, освен ако не се нивни жртви) и еднаш кога физички ќе го напуштат овој свет. Колку реално сме живи тогаш...
Нема луѓе, нема. Секој во свој филм, секој си сака по свое да си прави. Каде се дружењата, каде се полните кафани, смеата, дружењето?
Ако ти е за дружење, слободно дружи се на фемина форумот. Тука у секое време има вклучено форумџики па ако не сакаш да си пишуваш јавно, контактирај ги по лична порака. Ич да не се устручаваш. Штом осеќаш дека ти треба друштво, ете го форумот.
Што би се рекло све ми сезоне лепо стоје. Кога сме тука. Земав по толку години го гледав When Harry met Sally. Есенските сцени. Потоа и Божиќните, со снегот и купувањето елка, и уште побитно, снегот, што ме потсетија колку ми фалат зимите какви што беа порано. Или укратко, т'га за 90ите у глобала. Потоа и 80ѕ фриз стилот, криво ми е што го пропуштив, сметам дека добро би ми стоел. Спојлер: . Иначе, таман кога помислив дека ја пропуштив фамозната сцена со фејк оргазмот во ресторанот, и можда е исечена...turns out Nope, друга сцена била само. Како и да е сеуште не и ја сфаќам намената, ама добро. Туку, во меѓувреме дополнително ме замисли колку уствари стварите дополнително се сменети и во меѓучовечките односи општо оттогаш. И како ќе изгледа тоа кога овие генерации (од миленијалци па надаље) и колку на 60+години ќе дочекаат да раскажуваат за своите големи љубови и долгогодишни бракови на внуците,... Укратко, допаѓање на личноста како личност, настрана хемијата, како и добро познавање, и комуникација...клучно. Што некој мудро рече "love is friendship set on fire". И уште некои други работи, ама ај да не должам. Првиот пат кога го гледав пред 10и нешто години ми беше досаден. И не го сфаќав толку добро ко сега. Со оваа возраст и приоритети. Искрено, не очекував волку да ме замисли, ама добро. Спојлер: .
Со моторот од сабајле дрифта али дрифта колку шо можи поќе… Добро бе мајкуму стара не ви е срам во недела? Шо мислат фраери се не знам веќе… Гревчиња е мал збор
Сакам да кажам дека е најважно да си сам себеси најголем комичар. Колку шо сама си се смеам на глупостите, никој друг не можи толку да ме насмеј. Скролав во скиншоти од конверзации и секогаш го прам то ко ќе сакам да се смеам и секогаш најмногу се смеам на ова: И мислам уште 1000 пати да го видам, уште 1000 пати ќе се смеам.