Си сонував преубав сон. Симпатијата, девојката што неколку месеци се обидувам да ја фатам, ме бакна многу страствено. На јаве тоа не се случило сѐ уште... Не знам што значи ама преубаво беше и за момент се осетив како тинејџер.
Не си побегнал од сиромаштија ако единствена социјализација во животот ти е одење во супермаркет и локални шумски патеки. Тоа е сиромашен беден живот.
Лошо е што во животот некои работи не ги цениме се додека не се случи нешто лошо... и јас бев така до пред 1-2 месеци. Ах животе, еден си и те сакам. Се ќе направам да за си го задржав внатрешниот мир, здравјето и позитивноста. Остарев или созреав? Што и да е, добро ми годи. Во овие два месеци 3 луѓе од животот ги "избркав" кои постојано ми ствараа немир и негативни мисли. Мајка ми: Ама си се дружела со нив 10-15 години не може туку така да се правиш како да не ги познаваш!!?!?! Јас:
Откако селектирав некои што ме полнеа со негативна енергија, полесно е, сега ќе почнам и со некои роднини. Што ако ми се роднини, не сум должна да ги трпам, за се имаат замерки.
Реално некои роднини може да бидат потоксичнни од било кој... некако се земаат за право да напаѓаат, вршат притисок, да почнат со негатива и како демек ќе ги трпиш дека се роднини. No, thanks.
Хмм би требале да знаете дека богат живот не го прават парите но да полека, со време ке научите. Ако си отишол поради пари,а си сам,ти си сиромашен многу. Да сиромашен празен живот е ако никој немаш во него.Колку и да боли тоа. Да немаш со кого да си правиш тежок или лесен бош муабет, да немаш кого да смееш и плачеш,даповикаш на роденден, а врвот на социјализација со луѓе(непознати) да ти биде одење во маркет или еве форумов за утешна награда. Ама. Живееме во време каде главна мантра е можеш сам,не ти треба никој! Што ако таква врста на независност и самодоволнот,те одвои од припаѓање на заедницата? Се мораш сам,се можеш сам,не ти треба никој! Тоа се паролите на модернизмот.Кои се опасни.Стана тренд да бидеш САМ. Да во ред е да имаш свој карактер,темперамент,амбиции,цел,кариера,свои пари,но не и дека не ти треба никој во животот,освен брачниот партнер или децата. Така се пропагира нели.Ама не мораш,тоа е цел која ние наметната ,преку социјални мрежи,книги за самопомош. Она што мора да научи секој е да функционира и да се социјализира со други луѓе во заедница. Да родени сме и ке умреме сами,но не сме се воспитале сами. Не сме сами од раѓање,тука биле родители,браќа и сестри,пријатели,блиски роднини... и наеднаш не ти треба никој во животот само да имаш доволно пари . Да заборавиме на зборот,дом,семејство,друштво, заедница? Да живеме како никој не ни треба?
Правите го тоа што ве прави среќни и не дозволувајте да потклекнете пред туѓата способност за убедување дека така не чини, само затоа што тие имаат други потреби и замисли. Протоа се подразбира, не наштетувајте никому.
Само што го изгледав Three identical strangers на Netflix. Добро што е со општествово… знам дека ова е одамна ама сигурна сум дека и сега се дешава… која е поентата да раздвоиш идентични близнаци при посвојување???? Wtf??? Значи и да не е истата причина како во документарецов, заштоо??? И да не се идентични, која е поентата воопшто да разделиш близнаци при посвојување? Језив е светов.
Всушност точно е ова, и во право си. Баш пред некја недела го постирав нешто слично на ова, во тој контекст. Ама ете битно ќе си се тешиме со афирмации и мантри да ја замаскираме реалноста на оттуѓеноста. Повторувај додека не поверуваш од се срце.
Абе глеј, сите нас не нѐ исполнуваат исти работи нели? Ко на пример идење по кафиња цел ден и акање по гужви нонстоп на пример? Се сложуваш или слабо? Ова е твоја констатација но не значи дека е исправна. А и повторно како и секогаш за да доловиш некоја поента мешаш баби и жаби. Првичниов пост многу грдо и понижувачки ти звучи. Џабе после се правдаш, коа целта ти е таа. Што знам, ако си волку задоволна, исполнета, прошетана и социјализирана личност која е потребата од берење туѓо гајле како живеат другите? Сепак некои скриени комплекси можеби?
Подобро сам/а отколку со лошо друштво. Роднини веќе не те рецкаат, не па некои рандом личности, секој си гледа за себе, само сеир фаќаат.
Ама точно е дека ние луѓето сме социјални битија, треба друштво, социјализација, дружење.. Но секој на свој начин и како што му одговара лично нему си праи. Туку глупо ми е зашто вака осудуваш, а се под конец навидум ти е у животот.
Ти го сфатив постот, ама ме изнасмеа делот со киснење на форумов. Хахахахаахах го сметам за дел од социјализирање искрено
Единствено бедно е што се осудуваш нечив живот да го наречеш беден. На никој не му е сеедно кога ќе ја напушти својата родна земја. Но, роднините нема да ти ги платат сметките, храната и разни трошоци во животот. Значи сиромаштијата е бедна сама по себе и не му ја посакувам никому, згора нарекуваш човек беден затоа што отишол да заработи и да се извлече од таа пуста немаштија. Па, ако е среќен со социјализацијата во маркет и шумски патеки, која си ти да нарекуваш некој беден. А и тој што бега од сиромаштија, мислиш му дошло до социјализација. Инаку, веќе никој не бега од МК затоа што е сиромашен. Бега од целокупната ситуација во државата. Да не набројувам што не чини, ќе ми требаат 20 страни.