Не е. И форумот е дел од тој исти тренд. Не е супститут за реална социјализација со луѓе. Често е нереален. Исто ко и останатите социјални мрежи заменски места за социјализација. Чиј живот осудувам?! (Аман со препознавањево и осудувањево, на форум сте) Вистина е дека осаменички асоцијален живот е сиромашен беден живот. Колку и да боли. Нема социјализација на каса во маркет или сам на шумска патека. А Човек не е програмиран да биде сам. Кој збори за тебе или некој што морал да заработи за сметки?! До кога ќе се лажете себе си ? Човек има потреба да се социјализира. А тоа е возможно само ако наидеш на такви луѓе во одредена средина. Е тука доаѓаме до проблемот што го спомнав погоре. Сега има само ЈАС.(Секој да си гледа за себе,за родители,браќа сестри,пријатели,школски,другарки,па и сопствени деца (кога ќе пораснат)никако. Е бидејки Секој за себе си гледа ,затоа ти не можеш да се социјализираш во дијаспора. Каде што роднини и роднински врски па и родителски се сведени на гледање еднаш годишно, а не пак дружење со живи луѓе па уште емигранти. Ќе си скрола на инста,тик ток итн. Нема потреба да ти дојде на гости на кафе . Ќе испие на форумов. Имам близок на докторска специјализација во Норвешка. Ќе беше многу побрутален од мене како е да имаш повеќе пари и признавање,а да немаш каде и со кого да ги потрошиш тие пари. Среќа уште година и пол има.
Се освен последниов дел ќе се сложам. Ај нека дојде со докторските студии во Мкд кај што нит пари ќе види, нит почит нит ништо. И да, ќе си се врати таму, тие што зборат "седи таму тука нема леб" ми се канцер на општеството. Да не зезаме, факт е дека материјалниот дел е важен фактор за удобен живот. И што ги направивте побогу луѓето во Германија или норвешка пример. Разлика е што кај нас се оди по слави и се седи со саати во кафана со луѓе кои не ги ни трпиме, ама се роднини. И пошо треба да имаш "свој човек" па ајде ќе си правиме лице. А таму се поселективни за дружба, и нема такво лижење г* кско овде само за да се одржува пошто зошто комуникација. И да искрено посреќна сум сега со помалку друштво, отколку со повеќе. Макар да треба да одам сама до маркет да свртам кругче.
Мислиш дека е лесна одлуката да се емигрира од својата родна земја? Мислиш дека е лесно да гледаш како мајка се дроби од плачење кога ти мавта за довидување. Мислиш дека е лесно да немаш чувство на припадност. Мислиш дека некој е во странство затоа што сака да докаже дека не му треба никој, доволно му е да е сам. Се лажеш. Сите бегаме од она што моментално ти се случува во државата. Пари имавме за сите луксузи. Немавме квалитетен живот како што заслужува секој граѓанин. Што да му дадам на моето дете? Да прашувам на фејсбук во групите -мајкички, дали ги изнесувате бебчињата на загадено. Да му дадам на моето дете образование што ништо нема да го научи. Да го соочам со здравство што може да го умре. Да му укажам дека со криминал секоја порта ќе ти се отвори. Да му ги претставам терористите што секој ден ти ја уништуваат државата. Да, си одиме за на некој да му покажеме дека можеме сами. Тоа се тие жртви, што само некој што го изодел истиот пат, може да ги сфати. Напушташ се што знаеш, за да одиш на место каде што никој и ништо не знаеш. Ако треба да не гледам мајка, татко, роднини само за да имаме подобар живот како фамилија, ќе го направам тоа уште 100 пати без каење. И не затоа што сакам да сме сами или да докажеме дека можеме сами, туку она што сметам дека е најдобро, да му го дадам на моето дете. Ти што социјален живот имаш? Ај да го правиме муабетов некаде на улица, да сфатам. Седиш на форум, сигурно додека се оправаш по теми, чекаш некој да пише или рефреш стискаш на секое или гледаш некој reel. Сите го правиме истото. Зборуваме за различни времиња каде технологијата ги обзема луѓето, а не одењето во странство. А и што подразбираш под социјализација? Има и тука луѓе, не живеам во џунгла со животни.
Па за ова и се однесуваше постот де. Ако сме такви, да се утепаме одма, бедотија од раја ццц, непрошетана и неизживеана, што појма нема од тоа како се живее живот. Сеа немој по шума, смени малку, ене ти ги моловите и само мол и кафич и бош муабети, алапачирање, тепање време и мозок на пасење. Само релаксирано.
До сега не сум знаела дека ми е животот неисполнет и беден. Ама човек учи додека е жив. Искрено посреќна сум откако престанав со толкава социјализација и си го терам своето гајле. Луѓето имаат амбиции во животот, додека дремат по кафичи/дискотеки во име на социјализација некој го користи тоа време за работа на себе/учење/спорт/усовршување вештини итн.
Поголема беда и сиромаштија од тоа да бидеш опкружен со луѓе кои не те сакаат и не ги сакаш, од тоа да работиш тоа шо не сакаш да го работиш или правиш, од тоа да одиш кај шо не сакаш да одиш, НЕМА. Од кога се тргнав од сите негативци во мојот живот и од кога почнав само за мене да си гледам, многу посреќна сум.
Во Хрватска ќе се врати , таму е роден и работното место му е во мирување. Сончева Пула не ја менува за мрачна Норвешка за ниедни пари. Кај нас (генерално екс ју)сеуште не има што седиме и со луѓе кои ги сакаме и не треба да им правиме лице. Фамилијарните и пријателски врски се сеуште силни. Никако не го разбирам приоритетот пари кога се работи за живот. Парите можат да те изедат и да те направат пола човек. Побитен е компромисот со себе пто треба да го направиш. Зошто еве на пр.ти би одела Германија место Хрватска на пр,работа за медицински лица има колку сакаш,признавање дипломи и полесен јазик , башка се ексјугословени подружељубиви,што се вика една држава бевме порано. Овие од богата Швицарска во Сплит завршиле. https://www.vecernji.hr/amp/vijesti...e-manja-ali-imam-vremena-potrositi-ju-1735981 @ArabellaStarfall Повторно ти за емиграцијата. Си сакала или си имала потреба да емигрираш,си го направила тоа. Лесно или тешко ,твое си е. Не ја сфаќаш поентата. Зошто толку лично ги доживуваш постовите? Форум е,полека малку.
@Cosmi, немаш некој роденден кај што треба да бидеш? Или да си поседиш со сакани луѓе? Цел ден Недела тука го поарчи... Остај не нас сиромави... Примери не се даваат преку прикаски, него ли преку живеење.
Муабетов од некое мислење што дефинитивно не е усмерено натаму ама некој решил да се препознае ми е скроз:
Не знам дали е до мене ама ептен ми е чудно кога прават свадба, а трошоците ги покриваат нивните родителите. Младите слават што се земале или родителите?
Ама стварно. Јас скроз разбирам почетната точка, дека сме социјални битија и искрено ок бев да сум сама ама далеку посреќна сум со луѓето шо ми се сега во животов. Ама во исто време ни во ноќни клубови одам оти ми се престимулирачки, кафичи ми се крајно здосадени, ама то не значи дека се един начин на социјализација. Со една се здруживме пак после години лабав контакт оти се најдовме со огромна желба за ✨пешачење✨ Еве денес цел ден на планина уз игрици. Да не речам, в шума. Да земиме во предвид дека некогаш и условите се поинакви. Млада мајка можи да има малку можност за социјализација на крлешки со детето и таму да најди контакт шо ќе ја прероди во секојдневието. А друг тој контакт да го гледа ко "обврска" и недоволно "длабок". А некогаш не ни треба длабочина туку само контакт. Башка шо, сега сум опкружена со поќе луѓе од шо можам да планирам една седмица. Ама се луѓе шо стварно ги сакам и кои во моментов ми одговараат, а инаку радо би била со помалку луѓе него со некои лице да си прам. И нешто шо не те прај среќен ама продолжваш колку да имаш некој - како би функционирало? Така да како и да гледаме се сведва дека да, ни треба некој близок. Ама тој контакт не можи да е форсиран. И некогаш е подобро да го нема и да најдиш друг контакт него да заглавиш во круг шо те прај несреќен па да преќиниш да бараш шо би те праел среќен. Бар за мене овај мајндсет беше огромен пресврт. Некои работи ги сфаќаме пресериозно и не си дозволваме да "вајбаме".
А понекогаш просто ти иди да не сакаш да видиш никого, па ни в супермаркет не ти се оди. А понекогаш ко ќе видиш како луѓе што си ги сметал за зрели, паметни, со интегритет, си вадат очи и расипуваат пријателства ради шарени, црвени и зелени- па си велиш, фала богу за шумава. И така, секој со своите приоритети.
Сдк дека во животот сум била премногу храбра и сеусште сум но само за едно нешто за прв пат во животов немам храброст а тоа е да се одбранам сама себеси. За себе храбра, да не сум слаба, да сум малку без гаље, без чуства да сум барем малку…. Нема спас….
Свадбата е за родителите. Кој ги врти младите. Битно на родителите да им се направи меракот со тоа што ќе присуствуваат нивни братучеди кои не ги виделе со години. Срамота е да не ги поканат Трпана, Стојна, Митра..... А не е битно што младите сакаат да си поканат нивни блиски, ама заради горенаведените не можат. И така старите ќе се веселат, а младите ќе се нервираат.
Во повеќето случаи родителите ја плаќаат свадбата и они кажуваат кој да се кани. Освен роднините, мора да се поканат и комшиите. Не е битно тоа што на тој начин им го упропастуваат најубавиот ден на младите. Ехееее... Имам слушано за свадби на кои младите не ги познаваат пола од гостите. Ретки се случаите каде што родителите ги оставаат младите да одлучат за канење на гостите. Јас и маж ми сами одлучивме. Ние не сакавме да правиме свадба, ама заради атер на нашите. Не каневме ојле дојле. Што ќе ми се роднини кои не сум ги видела одамна.