Кај нас во сектор од 1 до 10 мај само претпоставениот ќе работи, потпишува барања за денови од одмор денес и му се плаче..
Не ме интересира кој е газда на кафич, продавница и сл. Не знам како не сфаќаат луѓево дека ме интересира животот само мој. Толку портарски муабети, немам слушнато. И сеа као фраерлук еее јас знаеш го знаам овој, оној, газда е. Чуече,шу збориш ма.
Изгледа и кај нас исто. Освен што ја сум тој претпоставениот... Едвај преку сила ми дадоа 3 дена. Ќе ми плателе, преплателе само да работам. Штета што бедотија сум, па само по шуми и маркети ќе ги трошам парите
Доживувањето непријатна ситуација не би требало да те доведе до точка да ги гледаш пријателите како виновници за тоа. Наместо да си бараш влакно во јајце, прифати дека животот е суров,тежок и груб и биди среќна што дишиш и имаш луѓе околу себе.
Не го потпишувам јас, тоа директорот/ХР. Да беше на мене, ќе ме запознаеа убаво. Шала на страна, интернационален е тимот, ама стварно сите побараа одмор во Мај.
You guys are getting vacations? Спојлер Нас, замислете, ни забранија да земаме денови околу празниците, многу ќе се поврзеле слободни денови. Ни претходно, ни измеѓу, ни после не можи. И да, ќе работиме за изборите, ќе било платено дупло. Нема врска ние што работиме во друг град а не во местото на живеење дека не можиме да гласаме ако сакаме, синкир ќе помисли некој на нас.
Излегувам да трчам и имам како програмче, на временски интервали наизменично трчање/одење. И додека трчам по интервал, брзо се изморувам, постојано гледам на телефон уште колку имам. И си викам абе не ме бива, тешко јас ова За крај како завршеток, трчам дур можам, без ограничено време, едноставно дур не се изморам. И тука уствари трчав дупло повеќе време него кога имав зададен интервал и многу помалку бев изморена. Дури не ни приметив колку време поминало, а јас фурам напред. И после сфаќам дека некогаш во главата ни се некои работи, дали нешто можеме или не можеме, особено кога директно си правиме притисок дека мора да биде. Некогаш доволно е да се опуштиш и да уживаш во процесот и само да се потпираш на твојата сила и упорност, не на надворешни фактори.
Пасош немам јас за да одам каде што сакам ама ќе се одморам добро Нас така за новиот одмор принудно ни бираат дати кога да зимаме
Знам за вакви случаи од колеги што работат во други фирми, штета што луѓево мора со сила да се прават болни, ама кога не наоѓаат на разбирање..
Еххх лесна е твојата. Замисли јас од 1ви до 7ми не сум на работа. Значи со денови мислам и ум не ми остана, не знам попрво кој маркет и шума да ги фатам...
Ги сакам овие пролетни вечери, ни ладно, ни жешко, ни комарци. Сосема океј е седење под ведро небо со едно дуксерче и нешто за пиење....