"Не ме боли курац дали сум повредил некого", или со други зборови: 01. "И други прават така, што ме замараш само мене", 02. "Има полоши и од мене, оди замарај ги нив" 03. "Пред само еден ќе се правдам, не ме замарај"
Најтешка лекција која ја учам е "let them be". Не можам, не треба и не смеам да ги контролирам другите. Ниту пак некогаш ќе успеам да им објаснам зошто тоа што го прават е "погрешно". А и на крајот на денот, не можам јас да судам што е погрешно, а што не. Секој го прави најдоброто што знае. Луѓето кои ги повредуваат другите се во најголема болка. И никогаш нема да им стигне карма, затоа што живеење со самите себе веќе е кармата. Многу тешка лекција, за мене. Ама потребна. За да живеам слободно и да се ослободам од лутина.
Има ли некоја шо има правено од тие тестовите за Днк, да видиш од каде ти доаѓале предците, од каде ти потекнува "жичката"? Многу сакам да направам таков тест оти знам оти ќе излезе нешто интересно. Значи јас си личам на типична македонка но повисока сум од другиве. Во болница ми кажаа дека иам некоја автоимуна болест типична за луѓе од медитеранот и ми ги спомнаа Турција и Азија. Друга работа заради која сакам да го направам тестот, е шо ќерка ми има "азиски" да не речам кинески очи. Монолид се викало тоа и читав дека било генетски и бил типичен кај азиските луѓе. Зар може некоја кинескиња да излезам?
Еми 500 години сме биле под турците, шо очекуеш друго? И мене тука турчинка ме есапат, абла, селам алејкум, Ајше... Плати си, само да знаеш утре ако отепаш некој, пример, одма ќе те најдат... Ма да може и некој изгубен вујко од Америка за тестамент да те бара...
Мене тука во Германија ме имаат повеќе пати прашано дали сум турчинка . Изгледа заради кафената коса и кафените очи па им личам на Ајша . Па може ќе излезе и некое данско, холанѓанско потекло, од кај знаеш, па високите луѓе од таму потекнуваат. После ќе се фалам насекаде, ако можам и пасош ќе им земам.
Некои луѓе, ем сакаат да работат ем кажуваат многу далеку им било 40 км да појдат на интервју. Досега сум одела нз на колку интервјуа, сум одела уџум, со кола, со автобуси па еве ме. Не разбирам, што сакаат? Мене ми вели, па немаш ти деца и фамилија, па затоа ти е лесно да идеш по интервјуа. Толку од чоеко. Нема поќе муабет . Не мора да контактираме. Фала. Чао.
Она кога тие се звукот на разумот, шамарот на вистината, кога не те тапшаат по рамо него ти ја плескаат грубо вистината во лице за да те раздрмаат и отворат очите, е истите тие штом се најдат во обратната ситуација се длабоко увреџени смешки во боја бре
Епа имам да кажам, да, ама мислам дека ќе допочекам да се заврши Меркур ретро периодов. Иначе, не ги дознав, стварно не ги дознав сите тајни на Универзумот, односно луѓето за време на овој Меркур ретро/невидлив(и оние што сакав и оние што не) ама сега искрено не би ме чудело и кај да е случајно да дознаам шо се дешава со Бермудскиот триаголник, држете среќа. Убаво и мудро рекле старите, кога Меркур е ретро најдобро иди легни си преспи си.
Години не сум каснал поубав леб. Со паштета од печурки од виталиа. Како сум јадел толку адитиви со сега не знам. Сакам да кажам дека 90% за нашите здравје, изглед, расположение, карактер, е важна исхраната.
Мислам, да имаш толку јаки научници и милијарди да даеш да фејкаат временски пригоди, облаци и дождови, а да не се способни еден дожд да пуштат без да поебат еден град шо кошта билијарди и билијарди, и да си играш со животите на луѓето? Мислам, јасно беше шо патологија е да креваш таков град у сред пустина, али ова више преоѓа секоја мерка... Религиозните би рекле не си играјте Господ, али уствари не си играјте мајка природа. Увек ние ќе наебеме на крај, ко шо е и редот...
Засејување дожд е сосем во ред работа, за земјоделието е особено важна. А тоа зошто Дубаи е под вода е сосем друг момент, до пред некоја година немаа ни канализациона мрежа, многу познати се poop trucks што цел ден го носат отпадот од Бурџ Калифа до пречистителните станици...
Колку сум претворена во себична личност не ми се верува. Не зборам за материјални работи како храна, пари и слично, туку во врска со знаењето. Тоа што сама своеволно сум го научила и сум потрошила денови копајќи во суштината да го сфатам не ми се споделува со друг, бидејќи кога мене ми требаше помош никој ништо "не знаеше". Посебно за работата од досада и љубопитност колку мозочни клетки имам потрошено за да научам системи сама, there's no freaking way дека на некој туку така ќе му пренесам се.