Екстремно тажни и патетични ми се луѓето што прават работи што мислат дека се импресивни само за да импресионираат други луѓе. Бла, бла, бла, дрндаат, се самофалат, споделуваат сè и сешто, а сето тоа звучи толку бледо и небитно, пошто сите имаме свој живот за живеење. Зборам за луѓе со кои не си ни близок, ама ете од некоја причина решиле да ти се изнадрднаат што направиле, со кого, како, зошто, а тебе не те заболе ни 1%. Не зборам за нормален муабет, спонтан, кој по природен пат на дијалог се движи во правец на двострано прашување и споделување, со искрен интерес и разбирање. Зборувам за монолог, кога некој експлозивно зборува и раскажува, и тоа во детали, скоро како да ти дава извештај, да знаеш ти што тој прави во животот. А не сте ни блиски. Не, не, стварно, ама сериозно стварно не ја разбирам потребата за споделување лични стварни со кого стигнеш, потребата на валидација од други, потребата за импресионирање на други. Тука сум за разговор, ама за вистински разговор, а не само за да си ги истресеш срањата врз мене, ко тоа нешто да ми значи во животов.
Ни еднаш не си имала Пмс симптоми? И јас обично се држам и не сум толку упатена во Пмс - ов, добро у ретки исклучителни ситуации знам да здивам така и нервоза на максимум и појачан апетит ама не е честа ситуација фала Богу. И она со болките, привилигирани сме сите ние кои неаме болки, ама ич, никакви буквално не осеќам, па се прашувам да не нешто не е у ред со мене? Се надевам и во иднина вака ќе биде безболно.
И јас немам болен циклус, и немам никакви симптоми пред ПМС, затоа се чудам, не знам што е тоа, па времево им сметало, па не знам што, омалаксани биле и пред ПМС и за време на циклус. Знам другарки втор ден од циклус не можат да мрднат, а јас втор ден имав на свадбата и си играв, ништо не ми беше. Не сакав да земам апчиња за одложување на циклус да не ми се пореметеше, а и немав болки.
Да бе, не сум ни омалаксана кога сум пред и во циклус. Ја за време на циклус и сум вежбала. Прв ден, втор ден, небитно кој. Затоа среќни да бидеме што е така. И да не зимаш такви за одложување никад. А не, за на одмор ќе зимале, не знам за кај, после маки мачат ако се поремети, а многу лесно може да се поремети.
И на одмор сум имала и никогаш не сум земала нешто за одложување. Баш еднаш имаше понуда last minute, a јас тогаш имав и си тргнавме. Е да од тие апчиња за одложување може да се поремети.
Уште една недела, до 25ти, само пази да не се утепаш. Пробај нешто вака, мислам и ќе ти се приклучам. Спојлер: . Сеа уште да видиме шо да праам со подзнаков на cusp Вага/Шкорпија во останатиот период од времето слеш животот.
Алал да ти за муабето. Јас имам другарка, малку подалечна ми е сега. И секогаш коа ќе се видиме. " Ние ќе одиме со моите ваму и ваму, бевме на ручек ваму и ваму, свадбата на брат ми беше ваква и ваква, имавме и Ди Џеј и нз некаков настап со некоја девојка, сега на мајка ми и е роденденот, ќе правиме вака и Вака, ќе и купуваме ова и она, ќе славиме ваму и ваму... Леле да знаеш оваа жена е професорка и ми е роднина Итн. " Она не ме прашува многу за мене, секоаш кога ќе излезиме, таа секогаш си зборува само за неа. Ова НЕ ГО ТОЛЕРИРАМ ни за БЛИСКИ. ИМА ГРАНИЦА! Што ме интересира мене? И што ако ми кажеш дека си била не знам каде. Демек глумиме гламур и стил?
Колку помали очекувања имаш за и од некого, толку помалку можеш да бидеш разочаран. А најчесто, најголеми очекувања имаме од оние кои ги сметаме за најблиски…
Сдк пред еден месец си купив леќи за очи во Мк, оти тукашниве ми беа исто не лагодни и очите ми беа пресуви. Овие купените од Мк беа 3 месечни ама не можев да ги носам повеќе од 8ч. Кога требаше да видам нешто битно ќе гледав дупло и катастрофа.Решив да си ги сменам и си купив едни night&day со нив можам и да спијам. Уште кога ги ставив не ги осетив во окото дека ги ставам, вчера цел ден на работа не ми текна на леќите инаку очите ми беа пре суви па морав на секој саат капки да си ставам.Па трепкав како будала за да ми се навлажнат очите и да не гледам дупло. Значи ептен имало врска што леќи имаш .
И мене ме интересира. И луѓе што секогаш делат совети кога не им бараш и се секогаш они во право а ти се што правиш е погрешно.
Ама и јас кажувам дека и тоа не помага, некои не веруваат дека има такви нападни. Зависи колку сте блиски и колку ви згрешиле.
Проверуваш што е тоа што те тригира/допира. И дали потсвесно или не, и сама си расчистила и не си вршиш притисок за истото.
СЕКОЈА ЧЕСТ НА ИСКЛУЧОЦИ! Штотуку се бунат наставниците?! Ќе обработувале. Туу, големото чудо. Си имаат пролетен, летен и зимски распуст. Си се пикнати партиски. Сами си ги бираат и вака им прават. Леле и 2 саботи да работеле, леле . . Тешко нив .. Две саботи да работат? Очигледно, немаат работено во фабрика и не знаат што е работа во права смисла на зборот.