Самата се буниш за работничките права, а од друга страна ти смета некој што се буни што не сака да работи за викенд. Не е нормално да работиш за викенд, освен ако тоа е по желба и се исплаќа додадок согласно закон. Луѓето во фабрика избрале да работат во фабрика, што има наставникот со тоа? Да сакале да работат за време на викенд, ќе работеле во фабрика. Толку е едноставно. И погрешно го имаш разбрано вработувањето со партишка книшка. Вадат, затоа што друг начин за вработување, а си наставник, ретко и да постои. Тука ќе го кривиш системот, а не оној што се бори за парче леб и се снаоѓа како знае и умее.
Во наредните 2 недели одмор си зацртав 2 задачи; да го исчистам секој милиметар дома као добрата домаќинка што сум, и да ги прочитам 2те книги што ги земав од библиотека. Ќе се фокусирам на чилање, на ништо не мислам, на ништо не внимавам, само спонтано.
Повкусна ни е од било која риба. Уствари друга риба не ни е вкусна. И сега? Ко ќе ми текне какви риби со коски праеше баба ми,па и мајка ми, па тоа дури исчистиш ти поминал и мерак за јадење, и вкус, и све
Имам речено дека сонојте сакам да ги гледам и интерпретирам како други (паралелни) светови во кои сум се погодила да сум жива. И најчеста тема ми се апокалипсите (неколку пати годишно, фино напишани во белешки одма од ко ќе станам), иако има и други. Обожавам сонови. Како Нетфликс ама ти си режисер и не го плаќаш туку баш се одмараш. И вечерва се запознавме и на сон. Сега си во животот на уште бар една јас. А чим се запознавте - нема промарш на хемијата. Сигурно не на секоја, една за факт знам дека е со бившиот и беше апокалипса па никогаш нема да можи да те запознај. Ама ете, бар уште една јас ќе биди среќна како мене.
Да ви се сневиди на сите што на деца и млади што прошле низ пекол ради развод на родители да им велите да не зборат на таа тема зашто немале деца. Не, ти Стојно знаеш што значи развод само оти дете си извадила од долната. Значи имаш дете што иде од дисфункционално семејство, конечно некако психички доаѓа на себе после години трауми и се наоѓа некоја женетина што најголем проблем во животот ѝ е што свекрвата ја прашала колку плата зима на истото тоа дете да му кажува дека абер нема од животот и тек допрва ќе види. И да не кажува на други оти неговите биле разведени. Не се дечки само насилниците и пијаниците мажи и тие што идат по швалерки проблемот. И вие сте. И све дур си правите gatekeeping на вакви проблеми дека се проблеми само на тие зрелите, возрасните, нема никогаш да нормализираме ни развод ни да збориш отворено за развод и слични фамилијарни срања.
Вчера запознав еден лик, седиме в кафана.. Ме посматра и ми вика: "Само продолжи ти вака ко што си тргнал, за 5-6 години гарант има да те лупни инфаркт ко мене и после чашињата за ракија само ќе си ги гледаш на полица ко играчките од кога си бил мал!"
Како би реагирале ако родителот само други личности фали цело време значи другите се поарно подобри ние домашните за ништо не не бива, значи ептем е напорен.
Почнав да зборам одма мења тема или се прави дека не те слуша, значи овај муабет го тепа од кога знам за себе почна и на психа да ми делува.
Смени му и ти тема кога ќе почне да зборува така. Или кога ќе почне да зборува прашај го што правиш сега? Или ќе се збуни или ќе си продолжи по негово. Како и да е тој е незадоволен сам со себе па се обидува тоа да го наметне врз другите за да си ја прикрие болката.
Па не е морално да бидеш наставник. Има боље начини да се снајдеш. Ама очигледно некому така му одговара. Што системот? Кој го прави? Ние или политичките партии што ги гласаме?
Не е морално и ти да бидеш тоа што си, па пак си. Каков е тој аргумент Некој сака по професија да предава во училиште. Некој се пронаоѓа во предавање биологија, некој во англиски, некој во хемија, ти се пронаоѓаш во нешто друго. Јас во нешто сосема трето. Бидејќи некој се пронашол во нешто, според твојот неиздржан аргумент треба да прифаќа се што првично не е договорено во нивниот работен опис и задачи? Ако не е морално да си наставник, децата не се едуцираат на youtube и google, што мора во училиште да одат. Системот те тера да вадиш партиска книшка. Ако не извадиш, се знае и каков инаков пат треба да одиш, а тоа сигурно не е поштено аплицирање за работа. Пројде тоа време кога можеше еден наставник да се вработи без горенаведеното. Додуша сега може и без тоа, бидејќи ако продолжат со ова темпо на масовна емиграција, може и овци ќе им останат на владава да предаваат на деца, наместо квалитетен кадар. А системот го правиш ти, јас, другарка ти, моите, сите. Затоа што за секое прашање што не афектира, го пикаме под тепих и дозволуваме да биде таков каков што е. Тебе ништо не ти менува некој ако се буни дека не сака да одработи во сабота. Зошто да одработи? Ти што ќар имаш од тоа или па што тебе те погодува? За изборите ли ќе одработуваат? Па кој ги прави изборите во среда? И за што, да се насади некој на фотеља за да прави она што претходниот го правеше, читај ништо позитивно и полезно. Џабе се објаснувам.
Ги почитувам сите религии подеднакво. Да не бидам погрешно сфатена НО... после 22 часот во споредна темна улица ми излезе пред мене жена во црна бурка, со мрежа со се и трчав до дома додека нозете ме држеа. Знам, лош потег од моја страна. Но, почувствував несигурност и страв. Можеби бидејќи не гледам често во мојата населба. Имам грижа на совест.