Такви се створени. Дежурни мрчатори, незадоволни од ништо, искомплексирани, дури и огорчени. У секој случај ако буквално све ти смета, до тебе е и треба сериозно да се загрижиш зошто е тоа така. Не може да е без причина никако.
За сите што се жалеа (општо секаде) дека било мНогУ жЕшКо, еве ви сега, да си го земите времево ладно и депресивно дома и да не оставите нас љубителите на сонце да продолжиме да се печиме ко гуштери, фмп.
Намерно не го пишам постов во љубовни теми бидејки НЕ е мој проблем. Сакам да зборувам општо за тоа што се случува и околу на мои другарки доста нив. Запознавам/е машко излегуваме на дејт, поминува се супер, пишување океј, излегување кафичи кафани, доаѓа до секс, па до некоја почетна фаза на врска. И се океј освен шо почнуваме мажињата да ги гледаме по фб или инстаграм или било каде лајковале, коментирале, заследувале други жени баш кога мислиме дека ни оди најдобро. Пак ке кажам проблем не е мој моментално, ама грото девојки се имаме најдено во ова ситуација. Е сега одговорот на мажите за темава го знам, не сте нашле прави мажи бла бла... абе секаков вид на маж ова го прај. И не ја знајме причината уште, демек мислите ке најдите поарно од ова што ви е сега? Не знам ама искрено мислам нема која се нема најдено барем еднаш во оваа ситуација Зошто мажиња бе, раскинете расчистете доколку не ви е убо и после ваша работа шо ке прајте. Ами замисли ние жените да бевме такви? Одма ороспичиња, курвичиња? Не бива мажиња така... Без вреѓање молам
Ја на пример? 8 степени - лепота Што му фали на времево бе? Освен да не врне, и да не е облачно и тмурно, инаку температурава баш ми одговара да има свежина. Пак по кратки можам и некоја јакна пролетна евентуално. Заебано е што драстично се променува од топло кон ладно инаку не ми смета. А моиве клима пуштија бе, пак.. Ќе вадиме сипаници у пм и ќе се врие.. До толку зимурливи, да малце се спуштат темп и одма да се грее, не разбирам. Ама ајде, не трпат сите. Кога ќе се качи над 20 - 25 надвор веќе ми е пукнувачка, не претерувам, а замисли па на 40+. Мозокот ми прегорува едноставно и нервоза ме мава.
Ако некој го земи дождот, ладново волонтирам да го соберам. Ќе се најдиме сите в средина негде да ни е погодено ако поделиме кој шо сака. Еве тука преврна сонце греј ама е свежо. Совршенство. За мене можи вкупно 10 дена се во годината кај шо не се жалам од времето така да ...
Сакам да кажам треба да станам сега и да си направам едно кафе и да уживам во испиеното кафе заедно со цигарата.
Понекогаш те допира космичката свесност, за да ја разбереш мизеријата на човекот, во очите на сите луѓе гледаш божество, за кое не се ни свесни дека го носат во себе.
Шо кур е тоа МИКРОИГЛИ НА ВАГИНАТА?! Microneedle козметички третман, на вагината?! Па дали вие се бодете и со нешто друго, освен со ова?! Кај оди овој свет бе?!
Аман врати се сонце, и 40 -ка испукај ако треба само дојди, простено ти е. А јануари се моли да си го прибере студов кај што му е место. Ич, ич, ич не го можам.
Другарка што има 25 години, ми вика дека веќе не е млада и е "во години" и нормално не може веќе на овие години да има кондиција за спортување и пешачење. И ова скроз озбилна. Јас па реков следната година полумаратон ќе трчам. А во октомври 5 км трка ќе трчам. Во меѓувреме уште некоја трка. Онака...едно жал ми падна.
Како да и објаснам на помладата себеси дека на 32 години Теа Таирович ќе ја слушам и убаво на душава ќе ми иде? Ти ебам човекот ти ебам, во Недела на пладне ја рокнав, ќе ме исселат од дома кај и да е.
Господ да ме чува и да ме брани од искомплексирани ,све им смета.И од такви што не знаат да живеат,и едино излегување им е до маркет и назад... Нема полошо..
И конечно предизборен молк, ма камо среќа вечен да беше. Посебно на работа дека радио главата ми пукна од Македонија горда, и нашиот претседател итн, итн, итн. Да ти се сневиди и кампања и све, аман зошто мислите дека уште ви се јаде зборот на било кој од вас.
Од кога е предизборниот молк? Сега гледам уште има на тв. Нека поминат изборите, досадни се веќе по цел ден.