па добро, редно време беше да се дискутира и во соодветните теми, не само тука оваа да се полни со све и свашта иако во првата тема според мене нема што да се дискутира? не знам, тоа не отварам, немам нерви
Предизборната бура ме натера да размислам многу длабоко за случувањата околу мене. Нема да гласам. Зошто? Бидејќи немаме реален избор. Со децении наназад се само две партии од кои не видовме ништо реално добро. Ниту едните, ниту другите променија нешто во секојдневниот беден живот во нашата држава. Одиш на лекар, на државно и доколку немаш пари да поткупиш лекар само ќе те потапкаат по рамо за да се вратиш за 2-3 месеци. За магнетна резонанца се чека по пола година. Ехо на дојка нема никаде. Пап тестот 1500 денари. Термини никаде, за ништо. Ендокринолог за шеќер прв термин за 2 месеца, до тогаш ако сакаш живеј, ако сакаш умри. Твое си е. Студент, млад човек кој одлучил животот да го продолжи овде се запишува на одреден фалултет и сфаќа дека ја направил најголемата грешка во животот. Ако немаш пари да си купиш книга кој ја напишал професорот, нема да положиш. Ако немаш врски со професорот, ќе се изживува со тебе 2-3 години. Никогаш нема да дипломира на време бидејќи немаш 2500 денари за книжиче бедно од професорката. Не можеш да купиш книгиче на старо бидејќи професорот не дозволува. Како тој ќе прави пари? По бедни 100-200 денари на ден за храна од државичето што реално само леб и сол се 200 денари. Одлучиваш да вадиш нови документи и процесот трае цела вечност. Оди на овој шалтер, оди на оној. Ама денес не работиме дојди утре. А утре Снеже е на матурска на ќерката на комшиката што живее над неа нема да е овде, дојди во четврток ама не пред 12 бидејќи имаме пауза од 8 до 12. Растиш, созреваш и сфаќаш дека за сите 27 родендени назад секоја илјадарка која баба ти и дедо ти ти ја давале под рака била последната за тој месец. Бидејќи, во кој свет, на која планета е нормално човек да преживее со бедни пребедни 11,000 месечно? Сметки, струја, вода, лекарства и остануваат 2-3 илјади за храна. Секој ден се јаде леб, солца и по некое зеленчуче. Понекогаш и супа, ако останат пари. Цела година се тргаат пари за на зимо да има како да се стоплат, да не умрат од студ и глад во сопствениот дом и сопствената држава каде живеат подолго од секој политичар. Завршуваш факултет и сфаќаш дека си никој и ништо. Не не не ти си академски граѓанин кој работи по 10 часа на ден за 23,000 во фирмата на газда кој е прв братучед со некој политичар и вработените ги гледа како лајно. Патем живееш во двособен стан со сестра ти, родителите баба ти и дедо ти. Имаш пари, немаш пари. Квадратот 1000€ и нагоре. Таман во годината може да купиш два квадрата, за 20 години може да купиш и цела грасоњера ЗАМИСЛИ!!! Мине време и сфаќаш дека ако не си политчки определен си никој и ништо. Зборнуваш со комшивки, другарки кои работат во државни и општински администрации до врски и сфаќаш дека се победни и од тебе. 24/7 трчат по партии за да се вработат во општина и да земаат цело 25,000. Добро де 2000 повеќе од тебе. Ќе купат 3 квадрати наместо 2 за една година. И така ќе поминат цели 10 години откако си полнолетен и сфаќаш дека од оваа држава не бива држава се додека имаме избор меѓу две партии ко ине прават апсолутно ништо за нарадото. Се додека 99% од населението живее бедно, а тој 1% секој месец е на патување во Египет, Дубаи, Хаваи, Бахами, Милано и слично. Се додека ќерката на политичарот на 11 години е со пинко ташна, гучи и Версаче додека ти врзуваш крај со крај и сеуште го враќаш кредитот од пред 12 години. Се додека ако немаш пари ќе нема за тебе термин на лекар. Затоа не гласам. Бидејќи се ќе остане лошо и полошо. Никогаш нема ниту еден Македонец да каже дека е горд на својата држава, бидејќи реално нема на што. Сите живееме бедно и одењето на одмор еднаш годишно до најблиското градче во Грција го сметаме за прелуксуз. Да не збореме дека за врат ќе се фатат за да скенираат сметка за 10-20 денари повеќе да земат на три медеци. Ете толку сме бедни....
Кој будала купува памучни маици од Најк, Адидасс и слични спортски брендови што чинат 1500 денари. Памучна маица 1500... Памук патем не е соодветен за облека за вежбање така да тука само и само име купуваш Ама битно дебатиравме дека поскапо значи поквалитетно
Не конкретно за овие марки и маици ама јас сакам брендирани работи. Го купувам само името понекогаш знам ама....
За сѐ се согласувам со тебе, освен со едно: немаме две опции, имаме многу, ама од овие двеве најгласни не можеме да ги видиме тие другите. Над 80 страни има листава. Толку многу луѓе, од нив интелектуалци, спортисти, земјоделци, изморени луѓе од неправдите. Сите со мисла дека мора да се намали бројот на пратеници од трите партии како би можел гласот на народот да биде слушнат и кажан во парламент. Објавување утврдена единствена листа на кандидати за пратеници - Shpalja e listave të vetme të përcaktuar të kandidatëve për deputetë.pdf - Google Drive Исто размислував ама ако не гласам, ќе се каам. Можеби уште 10, 1000, 100 000 се како мене и со нашиот глас сме можеле да извадиме уште 2 пратеника кои нема да бидат од трите најодвратни парии, а не сме гласале и сега веќе нема назад.
Ne razbiram zosto nesoodvetno,vo pamuk bas treba da se vezba zasto se potis,ona vestackiot materrijal za nisto ne e ,osvena za izgled deka ocrtuva dobro zadnica,struk i muskuli.
Којзнае колку луѓе низ минатото се жртви на габи, бактерии, нарушувања, чијшто одлуки (како што се одлуки на илјада пирсови или тетоважи по телото, ваква онаква ориентација, склоности кон абортуси, садизми, што ли уште не) влијаат и врз нивните живот и здравје и врз останатите. Сѐ повеќе верувам дека Светите Книги ги имаат нај правилните совети, секако заедно со науката, а мислам дека и таму и таму има злобни и штетни формули... СДК светов колку што е комплициран, толку е и едноставен.
Памук кога ќе се накисне со пот споро се суши, задржува вода и се лепи на кожа и многу повеќе се трие.
Дали ви треба уште една причина за да ја напуштете оваа земја? Цена на лек, за луѓе болни од канцер. Дали за болните од рак се грижат овие вашите партии, што ги гласате? М? Не дај Боже, да ви се деси нешто вам или на некој др близок вакво нешто,што мислите дека за тие кои веете знамиња и се пикате по штабови, дали тие ќе ви ги дадат лекарствава бесплатно? Алооо, народе македонски!!! Акни ја глаата. Што добивате со членството ваше освен работа-нишај врата, земај плата и она 'мој човек е тој таму'. Секој чест за исклучоци!
Нема што да се гласа кога цела држава е како дете на разведени родители (двете главни партии) и роднините наоколу (помалите). Ако не кај мама овие избори-тогаш кај тато. Другио пат обратно. Не се менува нешто, само си вртиме во круг и се подлабоко се закопуваме в земја. То така е безизлезна ситуацијата...
1997 , се враќаме пак на спомените и музиката што била актуелна во тоа време. Не знам кои од вас на форумот ќе се сетат на песнава, ама денешниот ден по дома го започнавме со оваа песна , музикално She send me her love to me And then we did grow A big family
Д Кели Фемили, човече. Кај ти текна. Имав братучетка во Германија, беше опседната со нив. Цела соба и' беше облепена со постери, се сеќавам дури имаше од сите членови посебно портрет постери. Колку ги иам слушано лето '98ма кога престојував кај неа... ептен беа популарни во Германија. Вака сеа ко возрасна си мислам, секташи ли биле?
„Те сакам.... Ти си ми сѐ.... Сакам да старееме заедно.... Ми даваш мотив и волја.... Со тебе ќе успеам....“ и уште многу зборови. Добар дел од нив не сум ги слушнал одамна, некои никогаш. Да сме ги слушнале немало да сме сами, не..? СДК преубав ден, останете среќни и здрави, здравјето е во среќата, бидете сигма стил секогаш, секаде и, направете добри дела
Форумот како јавна платформа чии членови се многу жени, па и мажи покажа дека овде, во ова општество сеуште постои морална и човечка одговорност... Доказ за тоа е темата педофилија... Членки да не дозволиме промоција и ширење на извитоперени вредности чии жртви се токму децата... Едно големо НЕ за ваквите агенди и едно големо БРАВО за нас Да наздравиме
Прогресивните неолибтарди по светов па и кај нас сѐ повеќе користат дечиња за нивните умоболни идеи...