Ко ќе излезам денски со сите (друштво, партнер, друго друштво, другарка) и после вечерта ги одбивам со: "па не со другарките сум договорена, не можам" и "не сори, партнерот сака вечер да имаме дејт најт". Како мислам дека го изведив то: Реалноста е дека и двете страни знат дека лажам и дека јас ќе си прам спа деј и ќе си легнам да спијам во 10 и пол. Фактот дека ми гледат низ прсти е моментот. Некни една другарка ми рече ако ме види излезена (Петок вечер) ќе ми се налути. И бев ко рано сме во овај наш однос мили4ка. Можиш само да ме бараш негде надвор и ако ме најдиш ќе те частам шо сакаш. И така. Почнувам со туш, па после одиме со сите маски и кремчиња и масла. На крај на вечерва има да личам како светкав лампион. Земајќи во предвид дека утре имам многу grown up обврски, па и ми треба ваква вечер.
Да се нормализира закажување маса во ресторан или кафиќ преку порака!!! Ако сакав да се јавам ќе се јавев. Фала чао
Добро што е со мене ова што се дешава?? Е не до толку више бе.. Буквално неколку дена по ред некој вид на deja vu или што и да е, ама во мислите.. Неам видено и доживеано реално туку си го мислам, баш спонтано ми доаѓа, неам испровоцирано со ништо, и после го спознавам баш баш буквално факинг истото како што го замислив, значи у реалност се дешава сеа и го искусувам.. Ниту сонувам ниту зиам нешто фала Богу па да речам халуцинирам. Скроз трезна сум си ко секогаш. Пречудно ми е некако стварно и малку почна крипи да е. Језда иам интуиција, а покрај тоа често се фаќам дека работи кои не ми се доживеани ми се познати од не знам каде ( реинкарнација можеби? ) ама до волку сепак не ми било. Ај за арнo нека е. Интересно е што и тотално небитни нешта почнаа да ми се вртат, меѓу другото, комбинација некоја од битни и небитни за мене. Бог да чува, да не одлелепив бе јас.. Ај да видиме наредно што ќе има, баш сеа ме копка што друго би можел мозоков да произведе и испроцесира. Не дека не е забавно ама пак ќе кажам чудно и збунувачки е. Ако сум на добар пат да почнам мисли да им читам на луѓето, е тогаш прејако би било.
Многу луѓе имаат погрешен пристап за да создадат авторитет. Не се гради авторитет со ' Дојди ваму да си земиш тоа и тоа, што го оставија за тебе. " Јас више ценам :" Повели, ти го носам ова што го оставија за тебе "
Што кога ти е страв да живееш а во едно ти е страв о да го направиш она што од мала се обидувам? Пробав, стигнав до 6 хелекса, останатите не бев доволно храбра да ги испијам…
Не е шега ова што си го сторила...интоксикација со апчиња ќе добиеш. Беше ли во болница? Извини што се мешам и јас сум била анксиозна и сеуште на периоди, те разбирам... Ако имаш потреба или сакаш пиши ми, слободно.
Пиши слободно, кога сакаш лп, ќе поразговараме, тоа што си го направила не е решение за ниту еден проблем
Од некој што знам дека не би прифатила совет, сигурно нема да прифатам критика. Ако те знам дека немаш ништо добро што да кажеш, намерно труеш, лечиш фрустрации, се трудиш да рушиш туѓи самодоверби, не ти ја прифаќам критиката, не ти е валидна.
Уште нешто... оние најгласните, што демек се жустро борбени и као исправаат постојано криви дрини, се уствари low key најголемите манипулатори што пробуваат да наметнат нивна перспектива како треба да гледаш, нивно мислење како треба да размислуваш, нивно чувство како треба да се осеќаш, за да се осетат подобро околу самите себе и да си задоволат дел од сопствени фрустрации што ги кријат тајно во себе за себе.
@MissChievous знаеш колку имаат фрустрации, а не се свесни за тоа? И секој ден нешто ново излегува, посебно кога постојано си меѓу луѓе. Да сретнеш нефрустриран, смирен човек е многу голема среќа и реткост. Често привилегија.
Се глеам прееска на огледало, wow, конечно после месеци, пак некако ко да почнувам да сум задоволна од изгледот. Уште не е тоа тоа според мене пошто ептен почнав да цепидлачам у последно време и да си наоѓам безброј маани ама горе - доле е океј веќе. Колку крева самодоверба тоа, прејако чувство. Ај плис нека потрае. Ете, малку ми требаше, ништо посебно и не ни праам да бидам реална, не беше страшно, само ела натерај се да го стегнеш газот, тоа е најтешкото уствари, да пресечеш, после процесот си тече, не застанува, пак влагаш у шема. Идеме понатака до крај. Полека, без брзање, без форсирање.
И официјално започна сезоната на алергија на полен. Ако има Господ, нека ни биде на помош. Крајниците ми се воспалени скроз, апчињата за алергија немаат никаков ефект годинава , киваме, та киваме. На нерва мава скроз ова со алергијава , ќе мора да се менуваат апчињата, да се проба со нешто друго. До лани имаше ефект, годинава ич. Ко преживи, причаче