Прв Велигден без руска, кифли, варени јајца, прв поинаков Велигден.. Чудни се животните патишта, еве го гледам Босфор од прозор и си размислувам за животот..
Што му стана на модераториве? Трета смена под клуч. Јас не знам што толку ви биде очи. Колку работи има овде да се исчистат..... Ајде празници се... Наместо да има мир....
Беше предупредено од администратор со правила на однесување, а ни во ФМЌ ни 40ка и слични теми не се спама со по 2 збора бар краток текст/реферат се пишува, по конструктивно е. За чет има...чет.
Што модераторите? Модераторите не се криви за ова. Имаше објаснување дека темата не е за таков чет. Темата е за лабав муабет, ама муабет кој има смисла. Надоврзувања за секојдневни ситуации. Не за „пикање ваму и онаму“ хехенца. Четот и приватните пораки постојат со причина. Замисли, на некои не им е пријатно да читаат за нечија интима или одвратни лигавења на машки член со тинејџерски памет.
Другиот месец е 25та годишнина од смртта на мајка ми. Брзо поминаа годините. Криво ми е што не можевме да ја спасиме. Нека почиваат во мир
Кога ќе средат чатот нормално да функционира и на време да покажува пораки тогаш нека заклучуваат теми.
Релаксирање ми е темата “Што последно си купивте” и некако ќеиф ми прави кога гледам како некој си дозволил скапи работи. Meanwhile јас едвај тргам некој денар на страна за до грчка. И така. Алал нека ви е луѓе како успевате.
Некогаш тоа значи, колку несвесно сме робови на конзумеризмот. Не е до купувањето на скапи работи, туку приоритети. Многу познати личности носат облеки од брендови кои се достапни и за пошироката популација. Нема ништо лошо во тоа да купуваш ефтино, напротив богатиот обичен човек е богат затоа што точно знае каде да ги прераспредели средствата. Воедно купи го најскапото парче облека, ако не знаеш да го носиш, и не ти прилега, ќе изгледаш ефтино и без стил. Ако знаеш да комбинираш, маица од 200 денари ќе ти заврши работа и може да изгледаш како милион долари. Јас би била посреќна да одам на патување, отколку да ги трошам парите на скапи продукти и облека. Создавање на меморија од авантури и патување е многу подрагоцена отколку носење на фамерки, блузи во вредност од пример 100, 200 евра. Секој со своите желби и прилики. Но, прави го она и цели кон тоа што те исполнува. Облеката се кине и оштетува, авантурата се доживува и се раскажува.
Пример некои постојано трујаат во темата Бајачи, Гатачи. Зошто не се затвара таа тема? Има доста апсурдни работи. Позз од мене, немам време да исправам криви - дрини.