Имав неколку сесии со психолог и така на едната ме праша дали имам некој у животов кој може да ми даде поддршка. И јас си мислам сеа *мајка ми ,не ,не ,не ме ни слуша одма муабетот го носи кај сестра ми. *сестра ми еден куп нејзини проблеми + не може ни да збори пред свекрва/свекор често ми гаси тел. *брат ми ,,ти требам нешто " -не. ,,епа ај ќе ти се јавам " (никогаш не се јавува) *другарка ми ,откако се исселив останавме на вицој пуштање... И викам не и таа си продолжи ми кажуваше техники како да зголемам доверба бла бла туку не ми беше тоа целта на писаниево... Сфатив дека дојде време некое кај шо плаќаме за да имаме поддршка... ако порано сите се собирале и барале решение за проблем на еден ,сеа се собираат и само шо ќе излезе тој со проблемот му се исмеваат.. а тоа кога тогаш се дознава... па за да ти остане тоа шо си го кажал измеѓу вас ќе си платиш сесија...
Дали и кај вас прават свадба/веридба сеуште онака по улица играње со музика? Јас мислев изумре то ко денес цел ден бучат
За жал тоа за другарките е вистина, го почувствував и јас откако се отселив. Сите си продолжуваат со животот, и едноствно си имаат свои обавези…
Психологот ќе го доживееш многу поблизок за разлика од оние со кои си во било каква семејна/роднинска врска. Да, може ќе си помислиш дека "фрлаш" пари. Ќе има моменти каде ќе стагнираш, ќе се лутиш и ќе го критикуваш. Ако е просечен ќе приметиш по монотоноста низ сесиите, ако е одличен ќе те "делка" со јасно формулирани прашања и ќе те натера да си копаш малку подлабоко. Ќе ти остави доволно простор да се вратиш на нешто што ти е тешко, ама и ќе те потсети дека имаш многу работа на себе. И да, секогаш психологот ќе го ставаш пред било кој во моментот кога ќе сфатиш дека се грижи за тебе. Зашто верувала или не, сите проблеми од тие најблиските до нас излегуваат. Затоа и добар дел од нас не треба да се претставува пред нив. Буквално да си затворена кутија и да си се отвараш претпазливо. И никогаш во целост.
Језда отстранување на влакна не е еквивалент на хигиена ама исто така е апсурдно да тврдиме и дека влакната на пазуви и интима служат за заштита од нечистотии. Да, сигурно.
Не дека фрлам пари ,не наоѓам време. Уствари имам многу изговори.... А зошто ,дека мислам дека не заслужувам да ми биде подобро ,дека ми е страв да копам итн ... во многу лоша ситуација сум ,лошо опкружување ,се... .
@Трагедијаупмм сето што те растажува тргни го настрана. Таму каде што се двоумиш, никој не те брза. Некогаш е потребно време, ама на крајот одлуката секогаш ја носиш ти и никој друг. Откако ќе расчистиш со проблемите дома, после можеш лесно да се носиш со било што.
Ми искочи на фб . Добро бе луѓе 21 век е луѓево отидоа на Марс вие отварате кафич каде може да седат само жени. Мене ова не ми е логично.
Мене ова не ми е воопшто чудно. Живеам во град каде што има кафиќи каде најчесто машки одат, иако не се стриктно за машки, нормално. Кога излегувам, бирам кај да отидам на кафе оти некаде ќе бидам единственото женско друштво што ќе се најде. Сакам да кажам, имаме во градов кафиќи кои имаат репутација на машки кафиќи. Така што, идејава споделена погоре не ми е воопшто чудна, ја разбирам.
Јасно ми е и јас сум живеела во таква околина и потполно те разбирам. Ама ова е кафич со детско катче што повеќе би личело да е фамилијарно место отколку само за жени.
Зашто би било проблем што е само за жени? Малку и маживе нека се осеќаат дискриминирано, што само ние.
И го кажав најголемиот страв на мајка ми.... Страв што ме демнее од детството. Сега ми е полесно. Најверојатно.