Со сегашнава работа што ја имам сакам да отидам во пензија. Сигурна сум. На дваесет и втори април на шеесет и две години сакам да се пензионира со работата што ја работам сега. Колешките гледаат да ми угодат...иако пред се тоа се жени гледаат да ми погодат а, и јас сакам да им погодам. Со сите си правам муабет. Кога одам на пица секогаш си порачувам quattro formaggio со четири вида сирење...само некако социјалниот живот не можам да си го подобрам...немам некоја посебна другарка. И го сакам секое јадење со дафинов лист... П.с.љубоморно си ја чувам работата...
Во просек, потребни се 4-11 години да се дијагностицира ендометриоза кај жени. И тоа кај тие жени што воопшто откриле дека ја имаат. Сум читала и за случаи кај што "абе менструални болки, нормално е" испаднало дека биле воспалено слепо црево, тумори и други опасни состојби Meanwhile мурика и остали 2 годишни деца ги прогласуваат за транс оти штиклите на мајка му облекле или 10 годишни ги клукаат со хормони после еден преглед. Али да, уште трансплантација на матки остана и го достигнавме врвот во медицинскиот напредок. Тие што више имаат матки све им е таманка наредено.
Правев јадење и земав да сечам салатата во кујна. И маж ми беше во кујна. Му реков дај ми ја солта од таму. Чекам, чекам, не ја дава, се вртам и гледам го нема. А он од дневната ми довикува Абе каде е солта??? На пичка ти мајчина е, каде може солта да стои .
Последниве 2 недели ептен ми се допаѓаше "Show me your completely useless secret talent" трендот, луѓето се weirdos у најбоља смисла. А сеа полека се качувам на "asked my mom/dad dance to this song like she/he did in the 80s", скроз слатка идеја. Тикток не е така лошо место ко што го праат, само како и со сè останато треба да си ултра селективен и свесен за изборот на содржина.
Ако зборот изречен не е одговорен и свет, на кое верување би се потпирал тој, на што би стоело човечкото постоење.
Да се собиравте и вака кога ќе се собираат пари за хуманитарни цели и сите по 50 ден. да дававте. Ќе бевме сто пати поарна држава. Мислите дека оваа власт, ќе обезбеди пари некому за операција во странство или за нечии лекарства што вредат 120.000,00? Да се собиравте како што се собиравте за избориве....... Ех, париски полтрони, амеби едни.
А, ти сакаш ли претседател Албанец да се бира во Собранието? Веројатно не. Епа и потрчковците и народот мораа да се соберат за гласање за да не им успее планот на браќата.
Нема таква партија што ќе дојде на власт и ќе ги покрива целосно сите трошоци за болни. И уште недојдени на власт, мислите ова, мислите она. Чекај, нека почнат да работат луѓето. Многу работа и многу одговорност имаат после се' што направија овие пред нив. И да, нека слави народот. Ќе слави, затоа што конечно се обединивме.
Колкава плата треба да имаш за да платиш кило сирење со дупчиња од 600 + денари? Прашања кои ме мачат, vero edition.
Сакам да кажам дека ја имав привилегијата да запознаам едно од најфините млади луѓе во мојот живот. Сум била на многу размени. И сум сретнала многу луѓе слични на него. Ама прв пат детево беше цел пакет. До толку шо само седев и го слушав како збора зошто зрачеше позитивна енергија и мозокот му беше нешто неверојатно. Ми кажа дека вежбал не-насилна комуникација и земање во предвид на индивидуални потенцијални тригери, особено со понови луѓе зошто нели разбираме поблиските како функционираат во најголем процент иако пак некогаш прајме промарш шо е нормално. Едноставно, кажа премногу и за се не гледаше површно туку сакаше да раздлаби шо подалабоко. Кога би имала дете би сметала најголем успех и комплимент да можам да го пораснам како него ама, во моментов, можам само да пробам јас да применам во мојот живот тоа шо сподели. Најважно ми е дека му кажав колку ми е мило дека запознав чоек како него. И ќе ми е криво ако ја немам привилегијата да сум во ист простор со него пак. Зошто е привилегија. Ама стварно. Мислам дека предолго ќе останам под импресии.
Добро утро Маж на работа, врти пералната , пијам кафе и јадам мафини , имам слободен ден денеска, па седнав да разлистам што има на нетот. На времето се листаше весници, а сега онлајн се скрола. Абе сакав да кажам годинава скроз изумивме на Евровизија, па првата вечер не ја гледавме, ама затоа вчера пуштивме преносот на Јутуб за втората вечер. Специјално се вклучив да го вратам делот кај што забавуваа водителките при крајот и морам да направам скрин шот кај делот каде пеат дека евровизија не била политички настроена И нели почна делот со гласање и отварам на мобилниот таа веб страната за гласање и ми се појави ова. Направив скрин Па сменив локација и си гласав фино лепо за Латвија. Ептен сигурно испеа човечето , нит глас му се тресеше, ништо. Освен Латвија, ептен ми се допадна Шпанија, па тоа гледам цела публика распеана, весело, ехххх си велам шо убава атмосфера направија Ерменија и Естонија исто весела атмосфера у нивни стил, не се лоши, добро е. Други не можам да коментирам оти стварно не сум ги гледала тие кои пееле првата вечер. Здравје ќе чекам во финале да видам кој колку сигурно ќе испее и дали и други ќе ми остават впечаток. А сега е време да продолжам со Јутуб. Гледам Лазаров стримал вчера, баш да чујам шо муабет паднало со Зоки фаци , оти Зоки ми е ептен легенда и ко појава и со муабетите така ко ќе лупне нешто безобразно
Иако ретко, читањето на Светото Писмо многу ми помогна последниве месеци, посебно додека минував низ нај тешките периоди.