Цел живот си бев мирна и толерантна и некако успевав да се самоконтролирам во комуникација со другите, ама како навлегов во светот на возрасните и почнав да работам, и како се запознав подлабоко со тоа како (не)функционира системот во нашата држава, на било кое ниво, и колку се сурови и некултурни луѓето, така сфаќам зошто се поголем број луѓе бираат да ја напуштат нашата една и единствена Македонија. Ако со ова темпо продолжат да ми се тенчат нервите и да ми паѓа прагот на толеранција не сакам да замислам како ќе бидам на 70 години. Ме нервира неправда и немање емпатија кај луѓето.
Луѓе што возат брзо, луѓе што шетаат опасни несоцијализирани кучиња, луѓе што пукаат на прослави, луѓе што зимаат дрога што ги прави опасни за околината и секој што свесно загрозува безбедност и живот на тие околу него едноставно не треба да уживаат никакви општествени права. Не ти е гајле за тие околу тебе, не заслужуваш да добиваш никаков бенефит од живеење во општество. Иди во планина и што сакаш прави. А страшно е колку ги има такви околу нас.
Вчера се возев во такси 2 пати. Шоферите пцијат се нервираат мене ми е гајле. Ни кучиња ни мачиња ни политика ни хигиена ни останати глупости за кои се замараат другите луѓе не ми сметаат. Ни пари ми требаат ни среденост ни држава ни национализам и оние глупости со гордост. Си имам се што ми треба некои мали ситници да средам и да подбранотам на себе за некои навики тоа ме интересира. Општеството, културата, економијата, политиката не ме замараат ни најмалку може да праваат што сакаат.
Не сум љубител на класичен леб, ама потпечено ѓеврече во двопек тостер, премачкано со путер со лук и магдонос slaps hard.
Абе ако нејќете да ве цитираат на форумов, не пишувајте. Ако нејќете да ве потсетат што сте пишале самите вие, НЕ ПИШУВАЈТЕ. А ако пишувате, имајте муда и стоите позади тоа што самите вие сте го пишале, а никој не ве терал. А не ко лиглиња недораснати да цвилите ко ќе ви пише некој нешто.
Зашто толкава осуда кон родители што не даваат нивното дете да гали или да се доближува до улични и чувани кучиња? Значи не збориме за тие што го учат детето да ги малтретира, друг муабет се. Него ако детето сака да погали улично куче, овие да го тргнат со зборовите: може да те касне. Оти што, не може да го касне? Набивање страв до екстреми не е океј ама во некои ситуации better safe than sorry. Ако не му го знаеш табиетот, подобро е воопшто да не се доближува дете, не знам што е лошо тука.
Премногу непријатно ми е кога зафатена девојка напнува да излезиме, да сум излезел, досадно ќе и било на забава, не живеела со другите многу (а со мене една живеачка шо имаме упм) итн....
@marlonbrando69 имаше женска од тука Старк ако ме држи убаво меморијата)) @Stark не се лути, малце да се нашалиме.
Размислувам кои ми се следните цели. Доста остварив од минатиот пат и викам сега да се одмарам и да се отпуштам но после неколку дена ми стана досадно и викам не сакам вака долго. Навиката кон нешто да се цели ми остана. Размислував и вика нема поента да дремам и уживам...ќе почнам глупости да правам. Хедонизмот не е вистинскиот пат зошто ако ти се случи нешто лошо се ќе изгубиш и ќе се чувстуваш безвредно.
Да се врати местото и времето кога песнава беше хит,не знам дали ќе ги направам истите глупи грешки.Изгледа да дека ми се судбина,а од судбина не се бега.