Има една серија од пред 35-30 години, се вика "Northern Exposure". Ја имам изгледано неколку пати во последниве 15ина години и со последново гледање ми стана омилена серија бр. 1. Иако има излитени моменти и одредени лоши нешта кои во тоа време биле нормално прифатливи, сепак серијата е преполна со одлични пораки, филозофии и интересни случувања. Ликовите се врвно разработени, секој со свој карактер, маани, доблести, комплекси. Местото е прекрасно, во било која сезона. Осеќам некоја посебна топлина кога ја гледам серијава, ликовите скоро како да ми се пријатели чии животи им ги пратам одалеку. Сочувствувам со нив, на моменти посакувам да сум таму и да бидам дел од екипата. Како и да е, намерно пишувам за серија во оваа тема, бидејќи е повеќе од само серија за забава, содржината е одлична за учење нешто подлабоко околу животот, човечките односи и внатрешните борби кои ги водиме ние луѓето. Вакви серии не прават повеќе, за мал.
Им љубоморам на делужнл личности. Си живеат у свој свет каде што се нај нај, баш ги брига ал е тачно.
Пост во среда и петок без храна, само со вода. Нема по убаво. Или ако веќе е храна, само овошје или зеленчук, без масло. После првиот ден ќе забележите подобрување и разлика.
https://m.facebook.com/story.php?st...XGJm96ypzkTrKu3PCrVcv3Uzvl&id=100063662866534 ооо Ох ох сега сега во затвор Чув дека едвај чекаат да дое
Подобро е споени најмалце 2-3дена, дали од Понеделник-Четврток, или викенд, евентуално цела една недела.
Најубавиот дел од денот ми е кога ќе легнам вечерта во 10 саат во кревет, склопувам очи и моментално потонувам во сон. И имам барем 8 часа за спиење. Priceless. Никогаш не бев ваква спанка.
Во животот има две фази: 1. Ај да одиме таму. Сите одат таму. 2. Ај да одиме таму. Никој нема таму. Ја сум во втората.
Епа не (е лошо за здравјето слеш опасно). Точно. Пост нутриционистички пред Велигден. А уште понајубаво во комбинација со селидба во офгрид шума и планински воздух, со Господ Бог напред. #убавинаиздравје