Многу ми се јаки овие "жените" што на "девојчињата" уствари девојчинцуленцата што имаат било каков проблем со фамилијата на партнерот им викаат: Абе не се замарај сега, ее тек во брак ќе видиш кога ќе бидат проблемите од свекрви и золви Па златна бе, тебе во брак ти дошле проблемите од свекрва и золва баш зашто не си се замарала ич претходно.
Ми се смачи од прашањето "Колку години имаш". Без осет е и некултурно. Да, знам дека изгледам помладо, но зошто нас младиве да не' прашувате, што не прашате некоја 40 или 50 годишна колку години има? Па и коментари после, ееј јас мислев 20 години имаш. Ме заболе што мислиш. Колку години имаш прашајте дете мало, не возрасна личност.
Ова ми се случило повеќе пати, последно со таксист пред недела дена. Човекот ми зборува дека сум убава и мила, сум изгледала како добродушно девојче, за на крај кога ме праша колку години имам, ми рече оти мислел дека сум имала 17 (а јас 27). Малце поќе така крипи беше, пошто тој имаше скоро 50.
Е ако де, шо има врска, може љубоморни се. Комплимент е на некој начин тоа. И постарите уште понекултурно е да ги прашаат вака, така да уживај. Знам дека е досадно онака фрапирани демек не ти веруваат или па те сметаат за несериозна и недорасната, а ти зрела особа веќе ама тоа нивен проблем си е како те гледаат они. @Amellie13 е ова твоево да, крипи е.
Нема за што да се љубоморни, најчесто нови колешки на работа ме прашуваат и сигурно си мислат - види младо девојче во фирмава, ај да го прашам колку години има. Мислат вчера од клупа излегов а јас за некој месец 30 ќе полнам. Порано ај не ми сметаше толку ама сега ми е глупо и веќе здосадено. Ај во некои ситуации можам да разберам и не ми пречи, пример во болница кога бев, на операција. Видоа млад пациент и ме прашаа неколкумина. Ама на работа, па ова @Amellie13 што пиша, таксист, уште побетер.
Да се надоврзам на ова со @Bitter-Sweet. Пошто сум +1. Особено помлада страшно ме нервираше, сега пробвам да го сфатам ко комплимент или на мајтап ќе речам "не е до мене, до мојот скинќер е". Ама не ме годат веќе две години за под 18, ме унапредија последно на 23. Ама многу бев несреќна како млада со ова. Пошто врсници и постари потенцијални дечковци ме гледаа како "малечка" и "дете". Во рани 20ти, негде до кај 25 не можев ни пиво да си купам без лична карта, и низа други сопки. Лани или оломнани беше кога келнер ми запна за лична. Испаднав бааѓи постара од него. И во протест едно време намерно се праев да личам постара. Со тек на време почнав да се прам да личам онака како шо ми е најкомфортно, шо пак ме прај да "мамам". Ама не знам. Од ко ќе станиме возрасни - сме возрасни. Шо има врска дал личам за 23 или 28 или 30. Уствари како личат годините? Не е се проекција на шо ни е сервирано во медиуми? И зошто ни е гајле? Инаку да. Не мислам ни јас дека е љубомора. Мислам дека поќето го сфаќат како комплимент. Има онлајн и дискусија за ова прашање, millennial vs gen z во поглед стареење. А уствари не е дека вторите личат постаро туку се е до стајлингот и како постарите генерации (миленијал и на горе) опседнати се со убавина и младост, за разлика од поновите генерации.
Баш убаво. Замисли на 50 коа ќе си да личиш на 37 пример, преубаво, кој не сака така. Ова мене ми се дешава секогаш по лекари ако треба да идам, најчесто крв коа вадам, па муабети, да не се плашиш од боцкање. Ептен се плашам, како не.. Ја не знам како им делувам, исплашено ли до толку у пм. Баш третман ко на дете добив, малце и непријатно ми дојде, за колку ли год ме сметаше.. И коа праша колкава си, вика „па само 3 год, толку разлика сме биле“. Глупо ми е ама се навикнав и не им замерувам. Па така и тие на работа де, немаат појма колку имаш, те гледаат само физички, нормално ќе прашаат, не ми е ништо чудно тоа. Ај, за некоја година мило ќе ти е ова и ќе ти годи. Е да, ова е заебано. А замисли па тинејџери да ти се пуштаат и тоа малолетни. Тие па тинејџерките човече ко теткици со сила се праат. Стајлингот секако дека игра улога ама и онака, ко женчиња некои се, таква појава имаат. Си додаваат и преку 10 години. А, еден ден па обратно ќе сакаат. Се у свое време.
Ме иритира тоа што на страници за продажба на облека и обувки од втора рака пишуваат: "Воопшто неносени, никакви оштетувања, ново без етикета" а на сликите обувки со кал, изгребани, превиткани. Не сфаќам?
Им правев макарони со црвено песто на децата. Бев да се облечам и се враќам и ШОК добив. Цели црвени во фацата и рацете, цела маса и комода црвена, црвени прсти по креветот и зидовите..... Кажете ми шо да се напијам за да се смирам
И една шопска. Шопска без ж'та не иде, и обратно. А бе ракија е лек за се. Ме боли грло-пиј ракија. Ме боли грб-намачкај се со ракија.
Баба ми вампирката од коа престана да дрма по една сабајлечки, падна. И ја планирам да почнам од Септември таму, летово на Лимончело сум.