Децата не побарале да ги родиме,наш избор било. Животот потоа се менува и приспособува на него а не тоа на нас. Во ред е да сме жени мајки кралици со кариера,но не по цена на детството на сопственото дете...
Мислам дека веќе сум оперирана од способноста да осетам било какви чувства за што другите мислат, зборуваат, прават, а поготово ако е во контекст за мене. Живеам во такво I could care less стање што сите луѓе ми се комични, па дури и чудни во тоа нивните постапки и понашање.
Само зашто некој постапува спротивно од општествените норми, не значи дека нема испран мозок и дека своеволно одлучил. Hard pill to swallow за Woke extreme 5000 левичари..
Куроболие е вајда ова нели? Истоо. Сеедно ми е. Ко да не ги слушам, устари не ги ни слушам. Веќе доволно беше и предоволно тоа замарање за се нешо и ставање све при срце. Нека сум и безобразна и бесчусвствителна у нивни очи, ако. Вака мене многу поарно ми е, а тоа нели најбитно е. Човек треба себичен да си е некад и за себе да си глеа. Уствари не мислам ни себичност дека е ова, туку ти си приоритет сам на себе, како и што треба да биде. Прејако било чувството вака све да ти е рамно, многу олеснувачко. Ќе мора да се истренирам вака секогаш да практикувам и да го негувам ова. А знам да забегам и пак да се вратам таму кај што не треба. И одма тоа негативно ми се одразува.
Не знам што е, ама знам не е себичност. Си одиш во твоја лента и си гледаш твоја работа, тоа не е ниту себично, ниту безобразно. Културно и политички со сите, нормално цивилизирано однесување, без давање прилики да те вовлечат во драми и конфликти. Но секако ќе има многу што ќе пробуваат, е тука доаѓаш до момент на препознавање дека не те заболе што пробуваат да направат, што зборуваат, што ти наметнуваат, можеби и измислуваат. Ама не е битно, сериозно не е битно, зошто нема поента да си трошиш време некому да менуваш мислење, да се правдаш или да превоспитуваш. Тоа е само еден аспект. Истово важи и за што и да им се дешава во туѓите животи, баш е whatever, секој си живее свој живот, секој си е одговорен за себе да си направи убаво да му е. И океј е да се грижиш тебе да ти е убаво, не е ниту себично, ниту безобразно. Секако се подразбира да не штетиш никому, језда на некои и твојата општа среќа и спокој им штетат, ама тоа не е твој проблем.
Многу се сакам како жена. Обожавам колку циклусот во целост ми е индикатор на здравје. Ама ко ќе пребледам и не можам на нозе да стојам и одма ко ќе помини то ко ќе ме потрефи мигрена, си викам, па ок. Не мораше баш секој месец на пример. Само не знам 9 месеци паузата дал е пауза или "пауза", ако сме реални.
Поубав филинг нема, си идиш од работа и мачето буквално секоја вечер ме чека надвор пред порта заедно да си влезиме , и по неполни 3 минути да побара да излези од другата страна на куќава.
Пред бременоста одев во козметички салон..и срцката, така околу 50 год, ми раскажува за некоја клиентка, као доктор и забранил депилација првите месеци од бременоста. И ми раскажува како тешко останала бремена, демек се плашела и го послушала докторот. Вика ама стара беше она, тешко остана бремена..и јас зачудена, викам женава 50 да не имала, викам "добро, колку била стара"...на што ми враќа па 33год Не знаев дека стара е со 33 год па поготово за мајка. Подголтнав, и мене ме "погоди" коментарот без да знае. Јас родив на 34год..тешко забременив, долга борба за бебе. Небитна ми е, не оти се расплакав дека такво мислење има, би ме погодило нешто од близок, ама доолго си размислував и еве и ден денес ми се враќаат зборовите..какви луѓе..од каде знаеш кој каква борба води!? Која е потребата од такви коментари? Да се немало осет...она као родила до 25 и сите треба тогаш да родиме, а дали можеш П.С не сум била во салонот од тогаш, едвај чекам да и кажам дека и јас се породив на 34 па да и видам реакција
Сакам да кажам овие што се фалеа дека со мажите биле 50 50 во домашните обрски не се излезени од кујна, не знаат од каде да почнат
Банана држава Бивша колешка чекала ред 3 саати и тоа со закажан термин. Ова на Клиника. Дали се вработените нормални? Ако немаш врски, ништо од бизнисот.
Само ако умираш па може ќе те земат, прашања е и тогаш?!?! Каде е ова, на кој оддел? Трансфузиологија, хематологија или друго?
Не знам каде е. Не ја прашав. Оставени болни да лежат во ходник затоа што немало место по собите. Да почнеме од паркингот. Едвај се наоѓа место. Не Дај Боже тој што е во колата да е животно загрозен, ќе умре пред да влезе на Клиника.