И шишки на виткана коса (пре) убаво изгледаат. @Herrera Малце ме мавна ОЦД-то морам да признаам кога зема да ги сече прамен по прамен, ама крајниот резултат. Eве мене за ова на пример би ми требале витлери... Иначе мораше ли муабетов со шишкиве баш сега, кога и сама сум у недоумица...
Да си се надоврзам сама на својот муабет; е вака е отприлика: https://vm.tiktok.com/ZMMKNhqVU/ Туку, многу често праам муабет за 90-тите, убавото од таа ера, bitter-sweet носталгијата, моето happy place to go to; баткава убаво објаснува како се осеќам: https://vm.tiktok.com/ZMMKNEfN8/
На еден паркинг во плукруг сме три згради, на периферијата од градов. Мирно, тивко, зеленило, природа, близу еден историски споменик, тврдина. Комшиите секој за себе, никој со никого не се дружи, ма да сигурно има некои што се и повеќе од на здраво, особено аудлендериве што сме. Мирно е, мене ми одговара. Тука сум еве пет години. Повеќето се сингл или парови, толку се становите. Поткровје сум, во највисоката зграда, со чист поглед на исток, на три града и зеленилото меѓу нив. Цел ден пилиња ми зврчорат, слушам како ветрот вее, кога паѓа силен дожд. Понекогаш се слуша некоја кола, или итна помош, полиција и амбуланта, оти близу е автопатот. На 10 минути пешки е школски центар, буквално ги има од прцулчиња до пубертетлии, кога си одат дома нема човек каде да седне во трамвај. Али ако. На полјаниве околу понекогаш си играат деца кога ги шетаат од школо на екскурзија, ама многу мило ми падна последниве недели од коа пркна сонцево, што слушнам детски џагор од неколку дечиња што си играат со топка ли, или со кучето на еден од комшииве, долу на паркингот и во дворот околу.
Се зачитав стари мислења мои и се изненадив колку сум имала конзистентна ланчана мисла. Сега се осеќам како мозокот да ми скапва.
На мајка денес и е роденден, јубилејна 50ка. Посакувам да ми е здрава и жива уште долго долго, и јас на нејзини години да го имам истиот младолик изглед и силен дух.
Во конзистентно двоумение сум секој ден што да слушам на Spotify: подкаст, аудио книга или аудио серија.
Ги гледам матуранитиве, полуматурантите па и апсолвентите шо не прават за слики.... Па фустани, па шмини ко фасади, па шетање низ град и менување триста атракции, па фотосесии, па со професионални камери и пет души во позадина, кој слика, кој дреми.... Ред се чека!! Страшно. Шо не ќе напраат за слики. Ужас. Јас разбирам дека сакаш да имаш спомен, да се сеќаваш ама до толку бе?! Каде е среќата во тоа? Зарем ги исполнува тоа? Градат ултра-супер професионални инстаграм профили, надоградуваат, па насмевнки па цитати од Шекспир.... А кога ќе седнеш муабет да прајш не знае две реченици да сврзе, не знае кој е Блаже Конески... Битно имаме совршени фотки, со по триста лајкови, со голема публика.... Дали се навистина толку среќни и паметни е знак прашалник. Бар пола од тој напор да го пренасочат во личен раст и развој, во професонален, во кариерен убо ќе беше. И после имаме затуцана младина, епа имаме.... Знам дека има исклучоци (не ме напаѓајте), и баш тие ми се надежта....
Некогаш се прашувам дали сум јас единствена што нема другарка што ќе и се јавува секој ден? Не знам зш се осеќам затворено. Само една другарка, две. И тоа со поставени граници. Другото ми е дома, раб дома.