Размислував да се пријавам на еден настан. И гледам постот пишан на македонски и албански (и англиски) Ми се одмили одма пријавувањето.
Од секогаш постоеле напредни луѓе кои гледаат на времето од напред, луѓе кои твореле, умеeле, создавале, многу научници, писатели, математичари, доктори, итн.. Но за да се дојди до тоа совршенство кое денска го имаме, потребно е јазик, да го разбираш другиот спрема тебе. Најмногу од сите овие, посебно место завземаат луѓето кои описменувале цели народи ширум светот, различни јазици. За нас како дел од словенските народи и култура, светите браќа Кирил и Методиј се суштината на македонскиот и словенскиот геном и ДНК, кој се протега од руските земји на исток па се до запад до чешките земји Моравија и Бохемија и на југ до библиска Македонија, кои ни овозможиле денеска да се разбираме едни со други и да им го пренесеме преку збор и писмо она што го имаме на ум на другиот спроти нас. Ние како директни нивни наследници, наша должност и чест е да ги празнуваме и да се гордееме со такви учители кои описмениле и говорат речиси 400милиони луѓе ширум светот, кои сме исти или слични по култура, вера, писменост. Словенските народи се лулка на европската цивилизација. Вечна слава на светите браќа Св. Кирил и Методиј и за многу години да го празнуваме сите кои ги говориме и пишуваме нивните дела и заложби! ⰽⱛⱃⰻⰾⰾⱁⰲⰻⱌⰰ абвг
Ах, опкружувањето е спокојно, животот не секогаш. Ама сепак, срамота да се пожалам. Посакувам секој да си го најде спокојот.
Кое лице го имате коа зборите со некој со кој се дружите, а зад грб..толку лоши и подли работи кажувате за него. Озборување и пренесување на доверливи работи, потсмевање и подбивање. Стварно, некои луѓе сами си се кажуваат колку вредат.
Не си Иста сум. Поготово што никогаш не сум сакала дволични луѓе и луѓе за да се дружиш само колку да ти помине денот.. Моментално бркам многу големи кариерни ,,залаци", па лажни луѓе само би ми одмогнале во процесот Арно ми е вака
У последно време често слушам муабети од наши кои се жалат за воспитувачките во Германија. Леле ја виде воспитувачката на син ми, ко наркоманка е, цела со пирс, со тетоважи, пола глава избричена, со скинати фарметки оди на работа , да се немало код на облекувања. Па каков пример ќе му даде она на моето дете ? Епа Славице, треба да се помириш со фактот дека надворешниот изглед на една личност не значи дека таа е таква каква што ти ја замислуваш. И продолжува муабетот : ама Херера, ти немаш деца, не си видела дека воопшто не им е гајле на тие воспитувачки, децата се оставени сами на дожд , на нив им одговара да се разболат тие деца, па помалку да имаат за чување и пак муабетите со надворешниот изглед на воспитувачката. Славице, во врска со стилот на облекување и општо надворешниот изглед нема што ти или било кој друг да наоѓате маани. А да ти пратам тебе Славице линк, пред некое време даваа за децата во градинка во Шведска , буквално децата во кал си играат, распуштени се во природа, извалкани, па да видиш дека не е само во Германија што им било дозволено скоро се на децата. Муабетот нема крај, само сакав да кажам , не можеш да го судиш човек по надворешниот изглед. Може за тебе Славице, воспитувачката ти изгледа како да е наркоманка, напушена според нејзиниот стил на носење и фризура, ама таа личност сигурно поседува други квалитети и е соодветна за работа во граднинка. Инаку , точно е дека постојат такви воспитувачки, јас живеам во централна гратска зона , па знам да налетам по улица ко ги шетаат децата за раче две по две , баш со таков изглед се воспитувачките, но мене буквално не ми менува ништо тоа што она била со избричена глава, со црна шминка околу очи , уста. Стварно неам ништо против таквите, си тераат нивен стил.
Никогаш не знаеш што носи утре, ама ова знаев дека ќе се деси Те запросија на форум, готово- мисли му ја сега
Аууу, нашиве ако не најдат маана, кој ќе најде. Јас каде и да иам влезено, во Дм, градинки, кафичи, болници, росман.... секаде е имало по некој таков, со пирсови, тетоважи, избричена коса..... ете последно вчера влегов во Росман и имаше еден таков тип, плава коса фатена во реп позади а од страната избричен, пирс имаше некаде на лицето ама не забележав каде оти цело време му ги меркав бескрајните тетоважи на мѕскулите од рацете. Значи ни најмалку не личеше човекот на наркоман туку се гледаше дека спортува. Ама пуста македонска работа, одма да плукаме по тоа шо е различно од нас.
Јас пак не глеам ништо лошо во ова . Имав другарка со буквално истиот стил, типката ни цигари пушеше ни алкохол пиеше. Ама за сите беше наркоманка.
Петок, неработен ден. Празнициве годинава се наместиа како сложувалка. Утро за книга и кафе на тераса, на раат.
Bivsha moja vo Svajcarija raboteshe gledashe dete, gothic style ima i takva sminka pa nikomu nishto. Izglea ovde balkancive si zemaat za pravo da osuduvaat mnogu.