Зашто не ги разбирате интровертите дека сами со себе и у тишина им е најубаво? Аман више уште ли ќе се чудите и до кога вака ќе биде? Нит сме дигнати, нит накурчени, нит диви. До толку ли таков впечаток се остава? Едноставно сме вакви какви што сме и сосема природни и нормални. Дај шанса да не запознаеш подобро па ќе увидиш правилно. И да, пак ќе речам, не се мењаме, не е инаетење тоа, туку не можеме да се смениме, ова сме ние. Ако намерно се прикажуваме како поинакви, тоа би било глуматање и фејкање и ништо друго и најбитното, така нема да бидеме свои ниту ќе се осеќаме дека сме у своја кожа. Па искрена да бидам и не можам другачие да се поставам, не знам ни како ниту па можам. Вака нас убаво ние, знам дека не можете да го сфатите тоа. Ние сме тие обично, кои сите други можат да ги разберат, а нас малце потешко некој не разбира.
Значи ако некому пишете лп на форумов, како да ви кажам ама не мора ОДМА да ви одговори, дури и да е на форумот во моментот. Ако тоа ве нервира, се прашувам како почитувате туѓо време и граници во реалноста. Ќе одговорев ама после тоа детско лигавење оти одма не сум вратила, не вратив. Да, гајле ми е ако се пронајдеш.
@Mrs. right ме потсети сега на х личност. Се задруживме и вели абе имаше една знаеш цела дигната и тука објаснува ситуација (со мене нормално), а јас си терам лабав муабет и си кажувам од мој агол. Ама моментот кога се дава до знаење дека за истото се зборува, па и едно шупливо извини. И сфатив всушност дека ако ти не се осетиш слободно да си ги изнесеш работите од твој агол (без разлика колку незгодно ќе биде во моментот), едноставно се нема осет. Место тебе да ти е незгодно, прави ти да им биде ним незгодно.
Како жена, животот станува многу поедноставен по спознанието дека во очите на другите, особено мажите, ќе останеш само тоа. Жена. Никогаш човек. Секоја одлука, потег, чекор водени од тоа спознание, се само во твоја корист... затоа што позади секоја жена, стои само таа самата. И од тој момент, веќе не си овца, туку волк во овча кожа. Секоја победа е твоја, но и секој пораз е твој. Жртва не може никогаш да биде жена која си го носи животот во свои раце, па каков и да бил..
Aко нешто научив за овие отприлика 30г. животен век е дека со луѓе ќе се разбереш ако си човек скоро секогаш без разлика на различностите. Со искомплексирани кревки егца никогаш, а најбитно од се дека не мора.
Ортопедиве и општо доктори у државава за одредена болка во коска/мускул/зглоб знаат да кажат друго освен Паузирај/Не вежбај...и зашто не? Како да им објасниш дека вежбање, клекнување, пешачење, трчање изведени правилно не треба да предизвикаат болка и тешкотии кај инаку здрави луѓе? Ако предизвикуваат значи има проблем кој треба да се открие зошто. Лоша форма, повреда која не е откриена навреме итн итн. Али за ова треба преглед, плус да види како изведуваш одредени вежби, па напрај ова, па дали сега боли, сега не и тако даље. Така да со пауза не се решава ништо, само одолговлекуваш.
Секогаш ќе ми е пресмешно како наочарите со заштитно ги носам само пред лаптоп и пц, ама пред телефон не. Лаптоп некогаш со недели не пуштам. На телефон сум најголем % од денот. Немом ни на карта плавуша да се вадам. Ми одраснаа црни корени уште не сум одена на фарбање.
А бе... Ќе се молиме за излевање... Шо му е на луѓево бе? Се договараме да се слушниме денес, за излегување... Нигде ја нема.... Бар пиши, ќе одиме /не одиме. Многу мразам ко ќе сум во неизвесност и ко ќе чекам некој да ми кажи, што ќе прајме. Е, прва, поќе не се јавувам. Преку глаа од глумење лудила и отменост.
Викендов, да го планирав вака добро, немаше да биде, а излезе скроз непланирано, и сосема исполнето. Иако физички сум на нула после цело патување, возење, пешачење, уживав во секој момент, и што е најбитно, ги одморив очите со прекрасни погледи. Минатата година имав за цел да пробам различни пива, и некаде бројот ми беше околу 30 нови пробани во текот на годината. Оваа, решив да одам со вина. Вчера пробав едно за кое слушав само пофалби, од нај винската земја во Европа. И, искрено да кажам, не може со нашите. Се видов со моите... Седиме така со татко ми на сонце, ме гледа, и ми ги брои белите влакна. "Тука имаш едно, тука уште едно, е овде гледај 3" Има еден познат "инфлуенсер" што го пратам, некаде во 40-те е со побелена коса, супер му стои. Ми се допаѓа. Не би ми пречело да ми е како неговата за 10-тина години... Иначе имам со мене една слика во паричникот, каде што ме држи татко ми како бебе, таму му е веќе доста побелена косата и му се познава. Му викам: "Гледај каква била твојата. Ја се држам подобро, од мајка ми сум наследил гени. Нема да ми е толку бела на твои години како на сликава". И тука земавме да правиме математики и излезе всушност дека на сликата е само 1 година постар од тоа што сум сега јас. И ми вика: "Јас на твои години се имав средено. Кола, куќа. Се оженив. Па тебе те добив..." И си мислам така... Да, каснам со целите кои си ги имав зацртано дека ќе ги исполнам на овие години. Но...Животот е непредвидлив, и не може секогаш да се планира. Најбитно е да се чувствуваш среќно и исполнето. Можам да кажам дека коцките ми се средуваат, полека, но сигурно. Во фазата во која сум, се чувствувам среќно, и знам дека доаѓаат уште поубави денови. Животот е убав. Спојлер А како и да не се чувствувам среќно, кога во последно време добивам овакви Reels https://www.instagram.com/reel/C6w6NAvSjQX/
@Billy Idol mene od 20 i nekoja pochna da mi belee, a sea imam.nekoja gray hair i cesto dobivam komplimenti pozitivni.
Тебе ти е баш како на овој инфлуенсерот. И топ изгледа. И татко ми имал сива на тие години. Ја ќе почекам уште 5-6 години најмалку, ама на таму одам.
Само што изгледав видео каде AI со AI си направи продуктивен муабет за она што се особено заинтересирани периодов и што ново научиле... и е импресивно. Но што е поимпресивно?! Што се уште има луѓе кои не се способни да остварат нормална конекција со друго човечко суштество и само човекот е способен да крие информации и да манипулира. А зошто не?! Широка е темата, ама подраго ни е да дестигматизираме LGBTQ+, отколку да дестигматизираме за ментално и душевно здравје, па и неуродивергентност. Кога би било поинаку, полесно би ни било секојдневието кога ќе живееме со фактот дека има високофункцонални неуродивергентни луѓе, депресивни луѓе, шизофреничари кои работат нормални работи, ама и психопати. Ако отворено се збори, нема толку при душа да ја зимаме колешката која прави негативни испади зошто има PTSD после тежок развод, шефот што малтретира и мести луѓе или нема да е шеф и ќе се развива само како експерт или со резерва ќе го сфаќаат кога ќе се работи за меѓучовечки односи, стрина ти што секад ги тера малце чудно муабетите, веројатно има депресија, колегата што за инает држи информации за себе за да те види како фејлнуваш за ќејф, ваљда е емотивно незрела личност која запрела со развој на 5 години заради тоа што татко му редовно му се дерел, додека колешка ти која се лепи за шефот со мали услуги веројатно има анксиозен стил на врзување зошто мајка и ја запоставувала, додека другиот колега што те мести намерно без причина е психопат. Ама ете... AI ќе не надмине. Зошто?! Зошто ние, се помалце имаме срце и калкулираме.
Понекогаш кога другите луѓе не те играат се заигруваш нешто сам. Кога не знаеш што да си играш работите сами се наметнуваат за што понатаму. Си доаѓа само по себе... Комуникацијата не секогаш се одвива преку вербален разговор...понекогаш може да смени многу! Порано во античко доба луѓето древни цртале со креди на камењата и во пештерите и така комуницирале меѓусебно. Пред да влезат во игра јазиците...
Поуки на денот : Не бидете достапни за сите, секогаш. Враќајте, не им ќутете на луѓето. Колку повеќе толерирате, толку повеќе ќе си играат со вас. Ако не ве бараат, не ги барајте. Најубаво внимание може да обрнете само на себеси и на никој друг.
Апропо на муабетов погоре.. А од која година обично белее косата? Индивидуално е нели? Мајка ми на 56 па не и е бела, само некои прамени. Веројатно и ја така.. Сакам да е така. Не ми се фарба некако ич. Таман ќе ми се види некоја боја интересна ама после си викам неее, батали таа работа, не ти треба тоа.. Неам храброст за такво нешто. *** Многу вознемирено се осеќам.. Напнато, растревожено. Само да не дојде и она заебаното чувство, како коа сакаш од својата кожа да си искочиш. Пак почна периодот на сезонска депресија. Пред лето вака ми е. Не само во зимските месеци. Лани јуни бев катастрофално. После па ќе помине неам гајле, ко ништо да не било. Ајде, нека поминуваа само. И времево до кога ќе биде толку променливо? Ќе се стабилизира ли конечно? Стварно више не го можам. Па и Пмс било плус, ахам, јасно е. Пошо кај мене баш и не се секогаш јасни рабоите во тој поглед.. И таман пред некое време реков неам пмс симптоми и ете ги. Да не каже чоек, ниту да помисли. Ќе се трпи, што друго останува. Бар на карање да ме тераше, да извадев се од мене, а не вака истоштувачки да е.