На страна цел муабет за оваа која стана актуелна на социјалните мрежи пред некоја година, и тоа затоа што во тоа време излезе информацијата дека ќе ги мереле патниците пред да влезат во авион. Ама по алчни за пари од авио компаниите нема. Ѓубриња најголеми. Ќе најдат секаков начин за само да зголемат профит. Ете, еден начин им беше и тој, крајно не хуман, да мерат патници. А за седиштата, не ми се ни зборува колку се неудобни и лошо дизајнирани, нозе да не можеш да пуштиш и да се рашириш. Да можат и на глава да не стават да седиме, и тоа ќе го направат. За седење "в скут" веќе тестираат... Златни 70-те, кога економската класа изгледала како луксуз. Да седниш, и да потонеш во седиштето.
Како тоа ќе ги мереле патниците? Колку подебел си толку повеќе ќе платиш ли? Ќе треба да слабееме и пред да се качиме на авион ебаго. Авион диета
Иста, само без експериментиориум. Досега сум била фарбана само потемна со полутрајна фарба. (и ставано камилици, и медови, и ку*ци палци за природно осветлување, ама тоа е тек подубочка тема...) И си реков истово. Само шо сеа не морам а сакам да се фарбам посветла, а баш поради тоа одржавање и не сакам да почнам. Друга ствар што имам природен плав пигмент и златни влакна што маваат на златно природно и не знам дали ќе ја знам разликата, и знам за сигурно кога ќе морам. Епа тоа е мојата приказна, фала ви шо ме сослушавте.
Да. Почнати се веќе некои компании да ги мерат. Причината им е демек да не ја надминат носивоста на авионот. Нели, до сега мереа багаж, отсега и тебе те мерат.
Чиста дискриминација. Јас сум висока, мене коските ми тежат. Зошто некој кинез да плати помалку од мене.
Читав еден интересен факт пред некое време за ова за профитот вака нешто беше: околу 70 тите години некоја компанија американска мислам беше на секоја порачана порција храна следувало на пример по три маслинки во порцијата, и типовите за да заштедат го намалуваат тоа на по две маслинки во секоја порција. Мислам дека заштедиле годишно 2-3 милиони само на тоа. Страшна работа е парата и ненаситноста од истата.
@Billy Idol, без навреда, онака ти кажувам, повеќе пати те имам приметено како кликбејт наслови ги ставаш како факти, без да изгуглаш што уствари е поентата. Па дури и линкот што си го ставил да си го прочитал, ќе приметиш дека нема врска со тоа што го збориш. Едит : А тоа што некои компании сакаат конзерви со сардини да возат, додека има овци, ќе има и волна. Ако некој смета дека може да стои за кратка релација, без да му е гајле за безбедноста, па да скрши врат при турбуленции, јеби га. Природна селекција.
Де бе Гош, преправај се и ти како нас дека веруваш во тоа . Били е ист како маж ми, верува во се шо ќе прочита на интернет.
Што не е поврзано со тоа што го зборев? Повели, дел од линкот за кој што зборев. Why is Finnair weighing passengers? Central to the whole scheme is each aircraft’s ‘maximum takeoff mass’, the weight at which it can safely leave the ground. But weight is also a major factor in working out how much fuel a plane should carry and in calculating its range and potential emergency landing sites. Имам работено на софтвери за авио индустрии, знам што зборам. Ова ќе дојде норма за некое време и сите авио компании ќе почнат да го применуваат. На овој начин ќе заштедат гориво, ќе можат полесно да испланираат рути, а секако тука во позадина се крие и продавањето на податоци до трети компании.
Исто и јас, не знам дали е генетика, ама и од на мајка ми и од на татко ми страната почнале со бели влакна над 50+, и тоа неколку само, едниот дедо на 80+ имаше бели влакна само кај ушите, бабите исто на 70-80 им беа како шатирани, сивкасти им беа. Едната внука од најстарата братучетка на 18 години имаше бели влакна, имаат и татко и (зет ми), и дедо и, скрос се бели. Јас почнав да се фарбам од средно од бес , па си ја вратив природната боја на коса, сега пак ја шатирам, исто од бес. Ни мм нема бели влакна.
Шопохолик сум, ама за намирници. Нема ден да не влезам у маркет да земам нешто. Као, морам барем да видам што има по рафтови, нешто да не е намалено или да не донеле некој нов производ. Ко терапија ми е.
Дечките од "How to make it in America" имаат подкаст. Нормално, се вика "We (almost) made it". Ќе споделуваат детали за серијата, едвај чекам да слушнам што ќе споделат.
Сабајлево поминуваат две жени и зборуваат како порано раѓале и чувале по три деца уште од 15 години, а сега дури на 40 раѓаат. И благоречено ми се згади од муабетот, особено што доаѓа од млади жени. Колку треба да си несреќен и незадоволен од сопствениот живот за уште од рано сабајле да осудуваш туѓи животи и одлуки, да немаш емпатија, да нормализираш дете да раѓа дете, а да не ти е нормално возрасна зрела жена да стане мајка. После ова, се повеќе верувам дека жените највеќе се опресирани од жени.
Naredniov mesec imam za cel do pred rodendeno da stasam da namestam (so baba mi pola pola, alal da i e kolku e domajcinka i kolku se grizi za mene, te sakam najmnogu na svet) PVC dograma niz cel stan i da se molerisa cel stan. Potoa doma kaj sto momentalno sedam da se raskrenam molerisam i ako moze mal upgrade da smenime neshto po doma, pa zdravje gospo da vlezam vo 30kata ao ubaj raboti.
Мислењево ми личи на преувеличено. Дури во време на баба ми не раѓале на 15 години. Особено 3 деца. Што значи дека почнале од 13 години. Има тука нечива баба што на 13 години раѓала? Уште помалку ми личи на веродостојно, млада жена да размислува за раѓање на 15 години. Факт е дека кога си помлад, полесно се справуваш со предизвиците со децата. Не зборувам за малолетно лице. Туку во 20тите години. Не е тоа за навреда, туку еве и јас како мајка, повеќе енергија и сила имав пред 10 години, него сега. Телото старее, што е уште еден факт. Настрана помала можност за репродукција, туку физичките сили не се исти како пред 20 години. Затоа и сметам дека нема ништо лошо во нечива опсервација дека полесно е да имаш деца порано, него покасно. Што е мое мислење после согледување на реална ситуација. А понатака секој за себе си одлучува и има своја причина кога, зошто раѓа или не раѓа. Факт е дека во денешно време е поместена границата. Што може и да се отвори тема за тоа. Зошто семејствата одлучуваат за потомство се почесто во 30тите години, а не порано.