Сакам да кажам...

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од k.i.m, 30 јануари 2014.

  1. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    13.240
    Пол:
    Женски
    Поентата на муабетот не е дали нечива баба тука родила на 13 или на 15, не им беше буквален муабетот дека некоја до 15 години родила 3 деца, туку да доловат дека не им е нормално раѓање дете на 40+.

    Факт е дека во денешно време уште се осудуваат жени што сакаат да родат на 40 и дека многу млади жени имаат конзервативни и патријархални размислувања.
    Почни прво од форумов ќе видиш колку млади девојки со 0 сексуално образование стапуваат во односи и после прашуваат дали има шанси за бременост иако имале заштитен однос и свршување надвор.

    Муабетот за силата и енергијата на помлади години држи вода до некаде. Нормално и природно е да не се чувствуваме исто на 20, 30 и 40 ама не можеме да генерализираме во целост кој како се чувствува на одредена возраст.
    Да не заборавиме дека има жени што цел живот се борат со неплодност. И што треба, ако забременат на 40 години да абортираат само заради тоа што немаат сила и енергија како во раните 20ти, или зошто на некоја Стојанка не и било нормално раѓање на 40?

    И факт е дека луѓето многу сакаат да си го брцкаат носот кај што не му е местото со прашања 'А што чекате? Време ви е за дете.' Такви простачки муабети и прашања мора да се искоренат, и тоа е целата поента.
     
    На KateKane, MeowMeow, Трагедијаупмм и 7 други им се допаѓа ова.
  2. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    7.867
    Пол:
    Женски
    Тоа е уште една тема која може да се начне. Особено за тие што сакаат деца и се во можност да ги имаат. Настрана за оние кои имаат проблеми со забременување и општо плодност кај обата пола. Не во контекст да бодеш нечива приватност, но што е тоа што ги кочи младите за да имаат потомство порано (20ти години)?! Додуша повеќето одговори ми се познати.
    Во разговор со колешка која има подолга врска, при нормална комуникација, на прашањето дали размислуваш за деца, одговорот и беше, сакам да направам кариера, сакам да имам повеќе пари, итн... Ја разбирам, бев таму на тоа размислување и место. Но, кога ќе имаме доволно пари и во кое ниво на кариерата ќе сме спремни. Зарем го има некоја одговорот?! Водам нормална дискусија, не сакам да бидам погрешно сфатена. Чисто забележувам тренд, или феномен, кај младите кои се повеќе се одлучуваат на таков чекор во другите декади од животот. Точно е и дека секоја генерација си има свои размислувања. Порано имало многудетни семејства, сега најчесто се две деца или едно. Зошто?

    Инаку и сфатливо ми е што голем дел од младите се сексуално необразовани. А кој да им каже? Немаме сексуално образование, родителите, повеќето, особено кај женски деца не се осудуваат да ја наметнат таа тема. Да не се лажеме, колку и да звучи зачудувачки при такви прашања, сите некогаш сме си помислиле нелогичност. Разликата е што таа нелогичност сега е се поприсутна во онлајн светот, поради полесната достапност на информации и барање на совет.

    Исто така, не сметам дека не е во ред да раѓаш на 40. Не треба да абортираш затоа што друг мисли дека не е во ред. Тоа е лудост. Но, дека ќе има исти сили, не. Тоа е реалноста. Животот никого не поштедува од стареење. На 20 години немав никакви физички проблеми, декада подоцна, веќе почнува се по малку да се оштрафува и крцка. Уште една декада плус, веќе може и штрафовите да шлајфаат. Сите идеме натака. За жал, не е Бенџамин Батон животот. Според мене е храброст на таа возраст да имаш деца, особено бебе и тодлер кои бараат огромна енергија и внимание. Нејсе, секој со својата причина нели.

    И за крај, такви коментари се афирмативно непотребни. Особено баш затоа што не знаеш низ која фаза и со што се бори тој/таа на кој/а се однесува прашањето.
     
  3. Gosh

    Gosh Мразачка на луѓе

    Се зачлени на:
    10 октомври 2015
    Пораки:
    3.525
    Допаѓања:
    43.682
    Многу сакам да си пијам бистра супа, особено пилешка.

    Коцка, од најевтината. У шоља, ко чај. Со јадење, без јадење. На работа, у термос...

    Преку зима па, ќе си се пикнам испод ќебе, ќе си читам книга и ќе си сркам супа....
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм, theowndemon и 5 други им се допаѓа ова.
  4. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    23.809
    Ја па мислев чудак сум оти така пијам супа :D
     
    На Трагедијаупмм, senjorita-v и Gosh им се допаѓа ова.
  5. GirlLove

    GirlLove Форумски идол

    Се зачлени на:
    4 јануари 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    16.903
    Порано се нервирав оти неам многу другарки. И сфатив порано да иам една или две блиски, отколку цела толпа.

    Па и една да ми е. Доволно е.
     
    На Herrera, Трагедијаупмм, eliesaab и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    20.379
    Допаѓања:
    190.390
    Оти не ни требаат, едното да пасе овци, другото крави, третото и четвртото на нива, итн. Оти сега на секое му требало барем соба, што во старт е цирка 20 килоевра (во Скопска математика)
    Сдк преминот од самоодржливо во индустриски зависно општество, и вуала.
    There, I solved it:*:. Next?
     
    На MeowMeow, Трагедијаупмм, marsilia и 10 други им се допаѓа ова.
  7. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    7.867
    Пол:
    Женски
    И тоа е едно објаснување. Ама не сите живееле во село на фарма и нива. И во градските средини го имало тој тренд. Сега и во двете подрачја, наталитетот не се движи со ист интензитет. Всушност тука и миграција има огромно влијание. Како и да е, не е тоа нешто карактеристично само за МК, цела Европа бележи огромен пад во споредба со децении наназад. Тие во повисоките развиени социо-економски држави за што раѓале толку деца? Сигурно не за чување кози и кокошки:)
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  8. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    13.240
    Пол:
    Женски
    Можеби зошто толку им се доволни?

    Порано биле многудетни но и многу сиромашни, а подобро едно дете одгледано во соодветни услови, отколку 4 во лоши.
    Не е битно само да се има деца, битно е и одгледувањето и квалитетот на животот на децата. Секое дете си има засебни потреби, си бара засебна соба, не можеш да собереш 4 деца во една соба.
     
    На KateKane, MeowMeow, Трагедијаупмм и 7 други им се допаѓа ова.
  9. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    22.196
    Пол:
    Машки

    Jas znam drugar mi spieja vo ista soba so brat mu, drugarov 30, brat my 38. Sea si kupiv neodamna stan drugarov. :)
     
    На eliesaab и fbaby им се допаѓа ова.
  10. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    7.867
    Пол:
    Женски
    Па не биле сите сиромашни. Баш напротив, пред транзиција народот поубаво си живеел, барем по носталгичните кажувања на родителите и бабите. Друга страна, исто така луѓето живееле во поголеми куќи. Не е дека имало недостаток на соби. Куќата во која е израснат татко ми, има повеќе спални него што имале деца. А не дека биле богато семејство, туку нормално и карактеристично за таа генерација.

    Зошто мислиш дека тогашните деца имале помал квалитет на живот? Јас баш би рекла дека е обратно. Животот го поминувале надвор, каде што им е место да го поминуваат, а денешните дома на таблет и телефон со куп играчки што ги заситуваат. За каков квалитет зборуваме?

    Во склоп на муабетот, анализирав детски емисии на yt, со две деца кои снимаат заедно со родителите. Децата нема која играчка ја немаат, живеат во огромна хациенда. Што тоа дете утре ќе го задоволи во животот кога се има? Повторно, што квалитет на детство е тоа?
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    27.678
    Пол:
    Женски
    Порано имале многу деца оти никој не ги прашувал жените дали сакат, дали не сакат и дали можат да имат многу деца. Многу биле и силувани од страна на нивните мажи и секое летенце детенце.
    Ама сега жената се избори за права, и она сама одлучува за својот живот, колку деца ќе има и дали ќе има. И сите жени одлучуваат да имаат по едно, две или три максимум. По ова гледаме дека многудетните семејства шо порано ги имало, не биле избор на жената.
     
    На Gentlewoman!, GirlLove, MeowMeow и 12 други им се допаѓа ова.
  12. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    7.867
    Пол:
    Женски
    Да не спремаме толку црно сценарио.
    Можеби едноставно, почнале да носат Дурекс по трафиките. Мистеријата откриена.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    27.678
    Пол:
    Женски
    А ти мислиш порано они знаеле дека од спермата се ствара дете? Па они до пред еден век мислеле дека жената го одредува полот на детето. Во некои од попростите држави, уште се мисли тоа. Мислиш дека жената имала право да му каже не на мажот и? Ќе ја испотепал од ќотек.
     
    На Feminka22, KateKane, GirlLove и 5 други им се допаѓа ова.
  14. fbaby

    fbaby Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јануари 2022
    Пораки:
    1.645
    Допаѓања:
    13.240
    Пол:
    Женски
    Едноставно, се смениле времињата.
    Не можеме да го романтизираме ни минатото ни денешницата, си имаат недостатоци и едното и другото.
    Точно, не биле сите сиромашни, некои воделе безгрижно детство на улица, некои молеле за леб, ко и ден денес.

    Во склоп на прашањето зошто денес се одлучуваат за едно или две деца, покрај изборот, би рекла дека и тие што сакаат да имаат повеќе деца, најчесто финансиите не им дозволуваат.
    Значи денес не ни е приоритет само да родиме, туку и да го одгледаме соодветно.
     
    На KateKane, MeowMeow, Трагедијаупмм и 6 други им се допаѓа ова.
  15. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    7.867
    Пол:
    Женски
    Не викам дека не било така. Но, не било кај сите така. Испаѓа сите наши дедовци си ги силувале нашите баби.
     
    На eliesaab му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    7.867
    Пол:
    Женски
    Ќе ја коментирам последната реченица. Дали алудираш дека порано, не било приоритет да си ги изгледаат соодветно децата? Тргни од твоја фамилија. Биле или не биле соодветно одгледани? Денес што ги прави родителите посоодветни за гледање на деца? Родител е лош и на едно и на четири деца. Тој што има љубов, не дели и се посветува.
     
    На Трагедијаупмм му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Munchmallow20

    Munchmallow20 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2021
    Пораки:
    5.911
    Допаѓања:
    23.809
    Сакав да постирам во една група за напуштено мало маче да се вдоми и ене 4 дена постот чека одобрение од админ. Во меѓувреме објавени се 20тина постови.
    Да не речете после бездушни биле оние што не вдомувале.
     
    На Feminka22, GirlLove, theowndemon и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    22.196
    Пол:
    Машки
    Kolku vsusnost nekos znajte da ja preterate cudo neshto. Sigurno imate babi dedovci i sigurno ne e vaka kako so velite.
     
    На Feminka22, eliesaab и ArabellaStarfall им се допаѓа ова.
  19. Adidas888

    Adidas888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2022
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    27.678
    Пол:
    Женски
    Не сите ама добар дел да. Порано не постоело такво нешто наречено силување во брак, тоа било нормално за нив.
     
    На Gosh, KateKane, MeowMeow и 4 други им се допаѓа ова.
  20. ArabellaStarfall

    ArabellaStarfall Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2024
    Пораки:
    1.241
    Допаѓања:
    7.867
    Пол:
    Женски
    За колку порано збориме?