За порано, за бабите и дедовците на нашите баби и дедовци. Може и порано. Оти колку шо знам, нашите баби и дедовци не беа прости, туку имале едукација и повеќето си имале по две три деца.
Јас не генерализирам ниту алудирам, и порано и денес ги имало секакви. Отвори некоја емисија од Срце на дланка, направил 3 деца во куќа што во секој момент може да им се распадне врз глава и ги пуштил на телевизија да молат за леб, го комплексираат девојчето да кажува дека молзи крави. Зошто направил 3 деца ако немал финансии ни за едно? Тоа е нормален начин на живот, нормално и одговорно родителство? Ова за мене е се, освен нормално и здраво одгледување на дете. Нејсе, многу се забега од првичниот пост.
Но, тоа не е секое семејство. Нормално и јас не оправдувам сиромаштија во пакет со висок наталитет. Јас пишував за семејства од средна класа, како што и биле повеќето порано. И не толку далеку во време на партизани и востанија.
Сите имаме баби и дедовци, инаку не би сме постоеле. Само некои не се живи веќе. Јас уште не знам за кое ,,порано,, се збори, не за време на партизани- ама имале по 6 деца. Си сакале, си имале. Можеле да си ги дозволат. Некогаш децата биле богатство, денес се луксуз. Па тумачете вие зошто е тоа така.
И тогаш можело да биде луксуз. Ние го правиме гледањето на деца луксуз. Факултетите во МК се финансиски достапни. Во други земји, бесплатни или пак финансиски достапни за тукашното население. Порано, дури често во Србија и Хрватска се едуцирале. Тогашните деца не биле запишувани на милион курсеви, ги пуштале по полиња фудбал да играат, во река да пливаат. Им купувале по неколку играчки што прво припаѓале на постариот брат или сестра. Облеките исто, носел најстар братучед, па до најмал. Се купува многу материјално, а дали има толку потреба е дискутабилно. Луксузот доаѓа од помислата за потреба, која е наметната од маркетинг индустријата. Многу и разновидни продукти на пазарот кои ти создаваат чувство дека мораш да го имаш за детето правилно да се развие. Тоа е глобален проблем. Порано кој знаел за органска исхрана. Сега мора се органско да се купува, а тоа е луксуз. Родендени се прават цели фешти, со скапи торти, фотографи, порции, декорации, а порано по дома со домашна торта. Да не зборам за фармацевстката индустрија кој мајндфак прави за потребите на децата. Многу други работи што самите на товар ги ставиме, а се непотребни, во огромна мера. Децата никогаш не биле луксуз, возрасните одлучија да направат да бидат луксуз. А да не биле децата како што треба растени, немаше сега да броиме 8 милијарди.
Па ако сакаш и 20 имај, твои си се. Прашањето ми беше, зошто помалку деца се раѓаат и зошто младите покасно се одлучуваат или не одлучуваат за деца.
8 милијарди сме, јер едната е во Индија, другата во Кина ваљда. Порано-дефинирај порано рековме. Реално живеењето е луксуз денес. Во последниве 2 години се е поскапено дупло. И тој метар квадратен што го спомнав претходно. Јас знаев за органско, мајка ми сеуште произведува органско, млеко од фарма од крави измолзено пиевме. Облеките се носеле оти биле произведени да траат, не да се скине после 3 перења. Одржлива економија реков. Ја имавме. Ја продадовме за шити молови и слични феномени. Уствари, не ја продадовме, ни ја украдоа.
Оти тоа веќе е индивидуална одлука а не одлука на селото како шо порано била. Не сакаат сите жени да го поминат животот во гледање деца, има и други работи шо можат да се искусат.
Порано, наши баби генерација. А пред последните 2 години, што беше луксуз? И сега има облеки да траат, ама не се 200 денари. Затоа и платите не се веќе 150 евра минималец. Плус, што е со бебешките облеки пример. Изгор скапи се, а родители купуваат наместо да земат од пријатели, роднини. Кој ги кине, бебе што лежи и се рола у кревет? Значи самите си правиме товар на буџетот. Тука пример, втора рака намештај и гардероба се тепаат да купат. Кај нас, да те видат во таква продавница, тешко. А зошто? Ако е чисто, убаво, одржано? Сите сакаме во центар да живееме. Спореди квадрат центар и периферија. Пак доаѓам до, сами си правиме луксуз. Од друга страна, луксуз беше порано кола да се купи, со увоз на стари возила, секое семејство веќе по две коли има. А има ли потреба, или пак ние се луксузираме. Скап е животот, ама никогаш не ни бил поефтин.
И ние пред 15 години со една плата дома живеевме, сега еве со 4 плати исти курац е. Епа како сакаш некој да издржува фамилија кога сама признаваш дека мора да се ошуриш за нешто квалитетно? Мене обични фармерки од Ваикики после година дена ми се веќе излитени и земам нови.
Кој рече дека треба да се ошуриш? Само реков дека од маица од 200 денари, не можеш да очекуваш квалитет.
Повеќе од 200 денари Иначе за фармерките. После 1 година носење ти се искинале, и тоа не го нарекуваш квалитет? Материјал е не е челик.
Па не знам. Ти очекуваш да ги носам една година, па моја сестра една година, па братучетка и тако даље. Оти тоа е муабетот зашто порано се давало облека, а денес само купува. А облека брзо омалнува кај деца само.
Ај не биди буквалиста. И тогаш се кинело, но нешто останувало и го давале на друг да го носи. Ти цела облека ја кинеш, што и правиш, се ваљаш на земја?
Епа ете ти го одговорот. Не фрлале порано како што сега се фрла или се срами да се носи пошто е ланска пролетна мода.