Имам фармерки од татко ми, од Америка, 1988 ваљда. Ги носел дури бил таму. Па ги носев јас, со години. Не се мрднати, не да се искинат. Уште ги имам, ко ќе ослабам доволно за да влезам во нив, пак ќе ги носам. Па ќе пишам. Вака...ко ќе размислам, можда може и во музеј да ги дадам... Имам облека, од Македонија, од пред 15 години. Носена миљарда пати. Уште ја носам. Тоа што фрлам, што се распаѓа, е од шити мол дуќани, ала ,,западна,, фаст фешн. Фаст фешн-сад га видиш, сад га невидиш. Ефтиното никогаш не било поскапо. И така тоа
Имаш и поефтина варијанта од купување на ново. Носење на кројач за да го обнови излитеното. 150-200 денари беше. И добиваш делумно нова фармерка. Ете ти пак решение. Појма неам, досадно ми е
Арабел се обидува да најде одговор на прашањето за многудетни семејства, зошто порано ги имало, а сега исчезнуваат.... Па, одговорот самата си го даде, ако се препрочита ќе сфати
Ти да не си била една од жените? По муабетов така ми делуваш. Ај ако некоја нема сила за дете на 40 години да не раѓа зошто така мисли Трајанка, а при тоа со години се борела за потомство. Ех моја чудесна земјо. Секој има право да стане родител на било која возраст.
Ти све излитено крпиш? Ај да не се лажеме. Облека после пубертет имаш купено нова? Зошто ако може да се закрпи?
Прашањето е уствари зошто некој да раѓа во 20ти години, конкретно во првата половина? 20ти се многу тешки години, ептен сме млади јбт, се учиш како да постоиш, ти се испревртува целиот свет, имаш егзистенцијални кризи, се губиш и се пронаоѓаш, градиш самодоверба, чудно ти е што веќе светот почнува да те третира како возрасен, а ни самиот немаш појма што правиш. И тоа е океј пошто се 20ти и иако се све тоа дешава, забавно е. Сакала неќела да признаеш, има многу живот за живеење пред да родиш деца. Најубаво нешто што им се десило на жените е што еволуирале ментално да одлучат да раѓаат покасно во животот. Спас од општество што мисли дека раѓање на потомство е фокус на животот и мерење кога жената е во најплодни години.