А некој ако не може да има деца? Си размислувала ли за тоа? Им влезе во креветот. Оди кажи им зошто не раѓаат повеќе деца. Некои не можат да имаат, некои не сакаат од финансиски причини.
Не е размислувала за тоа затоа што жената дискутира зошто луѓето свесно одлучуваат покасно да раѓаат деца, а не дали некој може или не може да има деца.
Ако подобро согледаш, реалноста е таа. Која е потребата од 100 парчиња облека. Дали навистина му требаат на човекот, 10 ташни, 10 пара фармерки, 5 пара патики, штикли, каиши, продолжи понатака. Мода за секоја сезона, па завршила мода, пак се купува. Куп козметика. Факт е дека се егзистира со помалце. Не знам ни зошто е смешно. Дури тажно е што се троши толку на нешто што не е ни дел од нашето квалитетно живеење и преживување. И после луксуз. Епа луксуз.
Види ја, неозбилна Нели виде дека имам фармерки од татко ми го наследство, сигурно се постари од тебе. Ете, ми текна- ако не ослабам за пак да влезам во нив, на ќерка ми ќе и ги дадам. Па после да види Ликупер што е реклама (или што и да беа за бренд). Леле генијална идеја
Па можеме и на компири, домати и леб да живееме цел живот, не знам што купуваме све остало, луксузи. Јас мислев луксуз е лујвитон ташна и макс мара облека, тоа блуза од Ваикики да ти било.
Ти па многу го тупиш. Што ако што ако... Па да се закрпи, па не знам што, па да носеле облека 10 генерации. Не е ова тупење?
И улошките. Не ти требаат, стави си крпи. Ќе си ги испереш и следниот месец можеш пак да си ги носиш.
Со компири и домати и леб можеш да тераш со години реално. Коса ќе ти попаѓа можда ама шо ако, 30000 влакна се доволни на коса, све појше е луксуз. И телефонот или лаптопот од кој пишуваш на моментов ти се луксуз па не знам што не ги фрлиш или дадеш на некој друг. И деца се луксуз, затоа неќат луѓе да ги имаат.
Улошки купуваш еднаш месечно и не кошта колку една ташна. Воедно ташната меѓу нозе не можеш да ја ставиш и е елементарна хигиенска потреба.
Доста ме оговарате, тука сум, јас сум бабата Ќерка ми е најјака. Ко ќе израсне некоја облека, вика- а може да ја чуваме за спомен? И така, од денес имам две бањарки за девојче- за спомен . Треба гаража да купам за нејзиниве ,,спомени,, упм. И после ќе прашува Арабела- е шо луксуз? Абе знаете ли колку кошта гаража, ако воопшто има во градов да се купи