Доколку имам машко дете ќе го крстам Адолф, како главниот лик од книгата Адолф на Бенџамин Констант, од кога го прочитав романот ме фасцинира.
Па не мислев во тој контекст.. Мислев дека немаат пари за такси, немаат мајка и татко кој во 3 по полноќ ќе дојдат да ги земат од дискотека, сабајле после матура си одат со автобус дома, што значи дека ќе бидат поснаодливи секогаш и нема да чекаат од други и затоа кажав дека ги чека светла иднина.
Секоја здрава особа радо би отишла да земе свое дете у сред ноќ место да го мисли дали ќе си дојде, ама океј.
Ако имаш ќерка можеш Нутела да ја крстиш , ама не баш сегде https://www.wrdw.com/2022/09/23/baby-names-that-are-illegal-around-world/ Ете, немав појма дека Амир и Carolina може да бидат забранети негде. За Адолф, ноу комент
Ако сакаш да бидеш инфлуенсер, жал ми е ама не може да одобруваме "па нејзин/негов живот" за работи кои се директно поврзани со она што го промовираш. Не може да си фитнес инфлуенсер, тренер уатевр ама да криеш од тие што те следат дека земаш стероиди или газот ти у Турција правен. Или да си инфлуенсер за мода ама да криеш дека парчињата ти ги даваат гага, а ваму даваш совети како да изгледаме елегантно со лоу баџет. Или да си демек за селф лав и такви ми ти работи ама самиот одобруваш деструктивни навики како јадење без контрола. Ако не ти се свиѓа да си отворен со она кое сакаш да го поттикнеш кај другите, исклучи се од таков начин на живот.
Човек е најубаво да биде сам свој лекар. Сонце, вода и воздух се најдобрите извори на здравје што ни ги нуди природата. Не велам не за лек и тоа помага но најдобро и најприродно е да се искористат природните ресурси и извори. И цереалии, секако.
Ама јас Адолф Хитлер не го сакам го мразам, ама името Адолф зошто да не, сите што се викаат Адолф не се лоши луѓе.
Замисли колку е добро така, од една крајност до друга крајност. На пример Фердинанд и Трајче. Или Хрватите, имињата западни, презимињата праисториски, пр. Леонардо Живковиќ.
Тито е безобразно потценето име. Знаеш колку латиноамериканци и африканци се викаат Тито, ехее... Хрватите баш и немаат нешто многу презиме на -иќ. Некогаш не сум баш начисто ни што е име што презиме, али no big deal
Во секој случај, не се поклопуваат, ете презимето ако е западно (што можеби е пологично зошто сите вака познати што ги знам презимето им е чудно, Блануша, Тоноа, Доминик...) името ќе им е праисториско.