Туку, сдк Род Стјуарт херцеговски сват Сваќиве кои се не сфатив . Ако измешав в и ф, исто не сфатиФ Свадба Следен пат и ја така сакам, на морето Поздрав @Emy867
„.... И само чекам од негде да се појавиш дека сум овде може некој ќе ти дојави? Ист е паркот и фонтана и клупата од страна ама датумот е друг Низ смеа рече: „Што и да е - само да е син! И нека расте, а јас и ти ќе сме си евергрин, љубов без почеток и крај ко златен круг“......“! Се ежам на песнава, а премногу ми е убава..
Јас не знам што им е на луѓево... Самите се покануваат да дојдат, ок, се договараме кога, спремам, и на крај откажуваат. Е друго пат не сум дома, глупаци. На секој може да му излезе нешто во последен момент, разбирам, ама овие не откажаа поради нешто, туку онака.
Многу ми е секси коа ќе видам жени и девојки со штикли. Ај што изгледа прејако, туку и она тропкањето е толку јебозовно. Снажно, јако, дамски скроз. Штета што не сум, сè уште барем не таков тип. Ќе биде еден ден.. Ќе се охрабрам и ја можеби.
На мене истово ми се случи два пати. И тоа откажаа после терминот. Ги чекаш да дојдат во 19 саат (ова за пример), а тие ти откажуваат во 19и30. Затоа повеќе не дојдоа.
Eee и јас едни имав такви, се спремно на маса, во 20:00 часот договорено, чекаме, ги нема, и тоа не тие, ние им се јавивме да прашаме до каде се, и ни кажаа дека нема да дојдат, е затоа веќе не дојдоа. И после се чудат зошто не ги поканувам.
Аман веќе со тоа договарања за излегувања. Каде и слободна еден ден, барам луѓе, конкретно се договараме со една другарка поточно 'другарка'. Уште сабајлечки и пратив порака слободна сум денес, да се видиме. Драми, драми, драми. Ми се јавува, не се лутам дека беше по саат и пол, и ми вели не можам треба да одам на шнајдер, во 12, треба многу да чекам, треба да ме мерат ( синќир мислиш фустан ќе шие), а она нз што ќе праела, ќе проширвала ли алишта, ќе стеснуела. И велам јас треба у и пол да идам нешто до Центар и јас сум близу, ко ќе завршиш ѕвони. Мож, и реков, на брзинка да седниме тука во кафичот. Па, не, не можам, многу алишта носам, цел куп, треба да се преслеквам, ќе бидам облечена во тренерки, не можам. Па, стаи нешто што сакаш и дојди ќе седнеме на кратко. Аиу ко којзнај што да реков, пари ко да и побарав на заем. Па 1001 оправдување. Па како била презафатена, 4 саати едвај ги оди на работа, презафатена аха. Двете сме немажени, немаме поголеми обврски, пример дете да земам да носам, да враќам во градинка и сл. Пази, јас која пак идам само 2ра смена на работа барам и наоѓам време за луѓе, пак не им чинам на некои. Е па велам, ок. Ајде одручек. Ми вели ок, ако не заврни. Ок, ајде ѕвони. И така, не заѕвони и како и обично ја нема со недели. Велам, јас глупа сум и што ја барам. Сите другарките ги остаи, не забораи, коа се пресели во друг град да живее. Контактираше само со таа мажената, па ручеци, вечери, нз што, сториња. Четири години ова. Никогаш не се јавила во тие 4 год, еднаш ако беше.. И се скара сеа, јас па уште и поддршка нудам бе. Отсекогаш била таква, никогаш не кревала од прв пат и одма ми преѕвонува. Знајш јас зафатена и сл. Најде мене таа мажената да ми вели, да сум ја барала постојано, немала друштво Ај, жити мене. И реков, нека ме пробара во градов сум, ќе ја дружам. Крај. Точка. Еднаш бевме излезени со оваа што се скара со дечкото, и ѕвони на оваа мажената, леле да знаеш со кој сум, и одма на спикер. Е ај, што прајш и велам ти? Еве, душичке, работам, знаеш мажена ко ќе си сака да средуваш, да чистеш низ дома, со дете. Па монолози како и е тешко во брак со дете 5 одд , маж. Ова скоро секој пат го праи ко ќе сме излезени. Шо имам секој пат да барам некого? За вакви муабети? Па и уште како редовно се слушале на телефон девете ми кажуваат, а мене ме немало секој ден да им ѕвонам. Што ќе зборам секој ден? Инаку, секој муабет од оваа мажената е пренесен на мажот. Искрено, не гледам поента да се дружам со вакви луѓе, освен еднаш месечно на кафе. Мн муабети иам. Толку за денес.
Исто беше и кај нас. Маж ми се јави да праша до кај се. Ааа.. Па ние нема да дојдеме. А јас спремав, ја наместив масата... Уште еднаш направија така. Кога се јавија трет пат за да дојдат маж ми им рече не сме дома. После тоа пак ги откачувавме. Престанавме и да се дружиме со нив.
Јојјј... Ич не следиш џетсет значи, значи... Рејчел Хантер бившата родова, ии Пени Ланкастер, сегашната родова... За сфаќа шо се фаќа, не ја знам, није попјулар
Мене не ми е секси кога гледам облекле штикли, а одат како раштрафени. Не е само да облечат штикли, треба и да знаат да одат, а да не изгледа како да проодуваат.
Оф, тоа е друго. Ама најбитно уствари. Епа сеа, немаат сите талент за тоа, што да се праи. Секако дека треба да знаеш како да идеш, и да ти доликува. Не е само работава опни се, колку ради мода.
Епа тоа и мене ми беше муабетот, некои знаат како да одат на штикли и навистина им доликува, ама некои само да облечат и се клатат лево, десно како пијани.
Абе зависи и какви штикли, неможеш секој ден да одиш во тие највисоките. Мала штикла ама секси да биде
Може мислењево е повеќе за во темана непопуларни мислења, ама да се надоврзам; од секогаш сум мразела штикли, но кога бев помлада, носев понекад, се осеќав обврзана. Последен пат си шинав зглоб, оти не видов во темница дека патот е нерамен, и тогаш ги џитнав во канта сите парови што ги поседував и реков никад пак. Се ослободив од форсирањето дека морам, као демек, девојка сум. Фак дет шит.
А бе патики златни, или ниски сандали. Еее кога ќе ми текне порано нон стоп носев штикли, сега се одвикнав, носам, ама ретко, и пониски да се.