Е ај сега некоја ниска нека се прави со сила висока, кога ќе ги соблече штиклите истата ќе си биде. Повеќе носат штикли поради некоја си мода, а не знаат да одат на штикли. Долги нозе...епа кога некоја нема долги нозе џабе е се. Природно си е природно.
Е како истата, коа се додаваат сантиметри? Ако сум 170, со 10 нели ќе сум 180? Замисли па оние на платформа што ги носат. Визуелно подолги мислев. Стварно има разлика, си приметила сигурно како е на пониско, како на повисоко, и нозете потенки поубави ги праи. Со патики повисоки па одма глеам разлика, не па со штикли. Не оти ќе пораснеме де со нив, туку зборам за издолжување на нозете, и дека ми се свиѓа тој момент.
Се шминкам само за свадби, и штикли носам само за свадби. Мене не ми се допаѓа нападна шминка и вештачки трепки за преку ден, па секој како си сака.
@Mrs. right Не мора секогаш да значи. Понекогаш погрешнот избор на штикли уште толку може жената да ја направи да изгледа пониско. А и нема ништо лошо во ничија висина. Само треба човек да се облекува правилно. Инаку, ако некоја сака да изгледа природно повисоко, треба да обрати внимание и на облеката, не само на штиклите. Пример, за да изгледа суптилно повисоко треба да држи исправен став. Второ, да носи работи со кои може да се даде илузија на издолжено тело. На пример, монохроматска облека, облека со V-израз, висок струк, пократки горни делови, вертикални линии, шпиц чевли, макси фустани/здолништа, а да не носи огромни чанти, крупни ремени, итн
Точно кажано, токму ова го мислев. Не мора да значи дека ако е во штикли дека изгледа добро, некои убаво изгледаат и во ниски сандали. Се е до вкусот. Важно ќе облечам штикли, ама тоа што не можам да одам убаво и што ќе изгледам пресмешно, не е важно.
Конечно на работа ќе го добијам посакуваното место кај шо сакам да работам. Не дека е нешто поарно од другите локации ама ете на срце ми беше од самиот почеток. Значи КОНЕЧНО со поплаки од муштерии и пријатели мои ме ставија и се надевам ќе бидам подолго време. За арно нека е!
Гледам чешелчиња на склопување во локален маркет и ај викам да си земам.Од тие останати едно веќе скршено,ај океј си го фатил ,може толку квалитет ,се скршило.Земам друго од тие неколку останати ај читаво е викам,го отворам и кога гледам куп влакна,ВЛАКНА! И сега? Го испроба ,неубаво чешлаше? Дај бе кажете дијагноза ли е ова,што сорта се вакви гадинки?
Не можам да разберам од каде толку злоба во луѓето ? Што има лошо во тоа ако на секој начин се трудиш да исполниш една детска желба? Почнав да се прашувам во што се претворивме? Не е убав тој начин на комуникација колку и да се трудите да извртите муабетот, злобата вас ве јаде и ке ве изеде
Истото се случува и во ДМ. Некои луѓе не се научија дека тестерите за кармини се за на рака, а не за на уста.
Така, денес(1ви Јуни) е истотака и интернационалниот ден на децата (и родителството). Јуни е и еден од најчесто избраните месеци за стапување во брак и венчавки. Така што среќен Јуни на сите оние што слават, што и да слават!
Сакам да кажам дека после толку многу години со експериментирање со различни кармини и моливчиња, не ми успеваше никако да ја нацртам салам устава. Дури сега во 12 саат дознавам од тик ток дека сум имала DOUBLE LIP LINE и на горната и на долната уста. И фала му на тик ток за ова, оти за прв пат убаво ми изгледа карминот.
Преубав ден имав и се, задоволен, среќен... си идам од работа сеа и веројатно судбинава рече не ти е време сеуште за умирачка... Додека го пишува ова сеуште имам немир во душава и ќе одам да се истуширам... си одам накај дома и возило вози накај мене толку блиску беше што ако не скокнев на трева во паркот во кој притоа се лизнав и повторно ме заболи половината сега можеби ќе бев на болница... Ни видов шо кола беше ни регистрација... и како совет мој ко че движите особено ако нема пешачка зона немојте во телефон да се пулите, оти не знаете какви лица возат кола од спротивната страна..
Нема потопла, почиста и поискрена љубов од детската. Тие мали рачиња, слатки невини очиња и неодоливи прегратки и бакнежи, едноставно ти го разубавуваат денот. И како да не се разнежниш и стопиш? Неодоливо сонце си ангелу мал.
Ми недостасува старата фемина. Онаа на која женички и девојчиња везеа преубави текстови кои ти е мерак да ги читаш без оглед на топикот. Помнам пред школо ќе седнев да читкам со богат доручек составен од багет, врат, кашкавал, путер, домат, марулче и уживав. Ми фалат и постовите преку распуст во временски период од 2012-2017 кога децава незнаејќи што да прават со себе отвараа трол теми со наслов ''ПенисО на дечко ми" во кои следуваше детален трактат, т.е опис за големината, формата, бојата, за на крај да излезе дека сето напишано е нормално со дечкото, ама они оти несигурни, млади, зелени со идеи во глава кои не треба да ги имаат поставуваат бесмислени прашања. Помнам старите членови ќе прокоментираа нешто на заебанција, насмееа, и денот веднаш добиваше поинаква, позитивна конотација. Сега, ем ги нема старите членови, ем се е со цензура, бришење и рестрикции. Зошто? Можеби па и јас остарев, или едноставно ја надраснав фазата на читање на форумот, па ништо веќе не чини да ми е забавно како порано, иако сепак мислам дека причината е што почна да владее прохибирачко едноумие проследено негативна енергија тука.