Секоја година #љубовељубов е одлично мото. Ама годинава сакам само да потсетам колку queer луѓе се уште in the closet од страв и срам. Врз колку queer луѓе е извршено насилство и колку queer луѓе се избркани од дома само оти не се стрејт и цис. Колку queer луѓе се изложени на сајбер булинг и булинг во реален свет и отфрленост пред се од домот, ама и околината. И на гротото ова им е нормално пошто "се обратни" и "така си одбрале", ко да е избор. Исто ко некни шо пишев за геноцидот, од кога се става сексуалноста пред човечноста? Сакам да кажам среќен втор прајд ден. Би додала на сите шо слават ама грото луѓе суштински работи како туѓ идентитет не почитуваат и сметаат дека не должат да се обратат соодветно, така да ова е мачја кашлица во споредба.
Ние што не славиме тоа, ќе си славиме друго. Иако ни посакуваат нам, што не славиме со нив, јуни неудобен месец да ни бил. Еве важи, со тоа ќе се замараме баш.
.....И така, си седел човекот и му кликнало една идеја за нов изум тркало за точок. Дури сега ми стана јасно од каде идејата , се се врти околу цицки и пари , тоа е, нема друго, готово
Јао луѓе, аман. Еден пост пиша, не стави голи педери или експлицитна соддржина. Подржуваш или не, 20 страни не мора да се тупи за иста ствар.
Сакам да кажам дека стварно во Македонија сме сите премногу примитивни, светлосни години поназад од менталитетот на останатите држави, секој е за психолошко советување на помал или поголем начин. Испирирана од секојдневни настани, а и темите што ги читам овде стварно си се прашувам повеќе пати самата себе како функционира едно просечно македонско семејство, во делот на меѓусебните односи. Имено, се мажиш и автоматски твоето семејство се очекува да го заборавиш, да се припоиш кон новото кај што си отишла притоа свекорите уште ја ‘дојат’ ќерка им иако е и таа мажена, ама ќерка си е ќерка- не боли за снаата исто. Внуци ако имаш од твојата страна, тие се внуци и твои и на сопругот, ама ако е обратно ти не фигурираш како стрина или вујна, оти ти си ‘дојдената’ во фамилијата. Поготово ова е поизразено ако сопругот има сестра, тогаш вујко е една значајна улога на рамниште како таткото и мајката, ама вујната на страна- башка си е таа, на име ќе ја викаме. Дете ако имаш, автоматски се знае кај кои баба и дедо, тетки/стриковци треба да се максимизира почитувањето, од твојата страна роднините се само паушални. Ако сте 2 јатрви пак, да се натпреварувате која прва машко дете ќе роди, името на свекорот да му го ставите за 2 ниви да ви препише на вас. Цел живот ќе се борите која да биде миленица на свекрвица Шала на страна, убаво не ги читав темиве за свекрви и снаи долго време. Одма се тригернувам како на дугме да сум. Си викам како не сум се родила во некоја западна држава да сум воспитана со поширок менталитет, а не како тетки на чешма да се замараме со глупости. Ама тоа е, да се надеваме дека децата ќе ни видат бели свет и ќе се покул за овие работи.
Имам да признам нешто. Guilty pleasure ми е да гледам како готват на улица во Индија или како јадат фуфу афричките земји кај шо е национален оброк. Но, најважно, би пробала. Скроз сакам некој лут, зачинет, кремасто течен оброк да го макам со крцкаво лепче или фуфу, дирек со раце, до лакто ако треба во сос да сум.
I felt this, Најголема желба ми е таму да живеам, само да немаше спремање храна со пријави нозе и храмови за стаорци
Скроз. Бар афричкото јадење фуфу со раце е всушност хигиенско. Дел од културата е темелно миење раце и јадење без прибор. Мислам како инаку би јаделе фуфу со прибор? И кога читам коментари зошто јаделе со раце ми се просто нелогични. Ама индиската улична храна... Треба тема како онаа за непопуларни мислења, ама за guilty pleasures.
Многу ми е непријатно кога сум со некои луѓе што имаат деца и преферираат некое од нив две или повеќе. Мене ми е непријатно да гледам, а не па на исфрленото дете. Стварно треба да се има осет. Знам дека можеби ќе звучи лошо и грдо, ама што си го раѓал ако го неќеш само за да го упропастиш од мали ноѕе. На детето допрва му се проблемите, а ти уште од дете го загнетуваш и детето нема да има самодоверба. Ако од дома нема поддршка, од кого ќе има?
Увек моеш да отидеш да јадеш негде кај шо не е спремано со нозе, не им е тоа у рецептот запишано. Тоа фуфу се токмам да го јадам, али сакам за дома да си зеам, оти по структурата малце ко да е лигаво или лепливо, а мене ми е гад од таква текстура. Барем дома на раат да повратам, да не се брукам у ресторан.
Можам, ама мене апетит ми се отвора ко ќе гледам гнасните видеа. И стварно не сфаќам зошто. Исто лук не јадам ама гледам саати и саати видеа како спремат лук. Ко???? Исто кога гледав Ханибал со Мадс. После секоја епизода бев гладна и паузирав за да спремам нешто. Инаку да, фуфу треба да е лепливо и тегливо. Јас не знам Мк ни дал мом да најдам шо ми треба за да напрам. Се надевам то нема да ми остани неостварена желба.
Добро, и ја Ханибал коа глеав ми се јадеше... И него коа го глеав, ми се праеше нешо друго, али не е тоа сеа муабетот... И темана со cursed слики од јадења ти ти отвара апетит, предпоставувам...
Здравствово ни пропаѓа во гоВна со последнава ситуација. И баш ме интересира дали некој предложи операции во Градска и Воена да се прават секојдневно, и викенди и преку ноќ, значи нон стоп со тоа што фала богу ќе ротираат и хирурзите од клинички? Или тие од клинички ќе си седат дур нивни колеги се убиваат од работа? Оти не е една клиника па две три сали. Цел факинг клинички центар е во застој со операции. Кардио, невро, дигестивна, гинекологија, ортопедија и траума и сите остали.